Џејмс Ворд-Проус
Џејмс Ворд-Проус (роден на 1 ноември 1994) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Саутхемптон и на англиската репрезентација. ЖивотописВорд-Проус е роден во Портсмут и е син на Џон Ворд-Проус,[3] адвокат од Фарлингтон.[4] Иако членовите на неговото семејство се навивачи на Портсмут,[3] тој им се приклучил на нивните соперници, Саутхемптон на возраст од осум години.[5] Технички одликиПрвенствено игра како внатрешен играч од средниот ред или како десно крило. КариераКлупска кариераЏејмс Ворд-Проус се приклучил на академијата на Саутхемптон на возраст од осум години, а подоцна бил вклучен во секој натпревар на тимот под-18 години во сезоната 2010-2011 пред да стане редовен член во 2011 година.[2] Својот прв повик за сениорскиот тим Ворд-Проус го добил во октомври 2011 година, кога и го направил своето деби за првиот тим на Саутхемптон на возраст од само 16 години во натпревар од Лига купот против Кристал Палас.[6][7][8] Во својот втор старт за клубот, Ворд-Проус го постигнал првиот гол за Саутхемптон во победата со 2-1 над Ковентри Сити помагајќи му на својот тим да се пласира во четвртото коло на ФА Купот.[2][9][10] Откако светците обезбедиле промоција во Премиер лигата во мај 2012 година, Вард-Проус бил еден од четирите "младинци" на кој им бил понуден професионален договор, заедно со Џек Стивенс, Лук Шоу и Калум Чемберс.[11] На 11 април, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата, отворајќи го резултатот од пенал во победата со 2-0 против Хал Сити. Репрезентативна кариераВорд-Проус ја претставувал Англија на младинско ниво во репрезентациите под 17, под 19, под 20 и под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година во 2015 година, настапил на Европското првенство во Чешка, играјќи само во првиот натпревар од турнирот каде Англија била елиминирана уште во групната фаза. Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 12 мај 2019.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia