Џон Тошак
Џон Бенџамин Тошак (англиски: John Benjamin Toshack; р. 22 март 1949) — поранешен велшки фудбалски тренер и фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Како играч, останал запомнат по своите настапи во Ливерпул во текот на 1970-тите години, каде оформил впечатливо партнерство во нападот заедно со Кевин Киган. По завршувањето на играчката кариера, Тошак станал тренер и водел многу екипи во својата кариера, меѓу кои и некои големи клубови како Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Депортиво Ла Коруња и Бешикташ. Исто така, тој е поранешен селектор на Велс, но и на македонската фудбалска репрезентација која ја водел во периодот 2011-2012. БиографијаТошак е роден во 1949 во Кардиф, Велс, од татко шкот и мајка велшанка. Кариера како играчКардиф СитиТошак ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за Кардиф Сити, потпишувајќи за нив на 16 години. Тој стана најмладиот играч на клубот кој играл во лигата откако влегол на натпреварот против Лејтон Ориент, во кој го постигнува дебитанскиот гол за победа од 3-1 на 13 ноември 1965. Првиот хет-трик го постигнал во јануари 1968 во победата од 8-0 против Ебу Вејл во Вешкиот Куп. ЛиверпулПосле четири години во Кардиф Сити, Тошак потпишал за Ливерпул на 11 ноември 1970. Тошак дебитирал за Ливерпул 3 дена подоцна. Неговиот прв гол го постигнал една недела подоцна на 21 ноември во Дербито на Мерсисајд на Енфилд. Во Ливерпул постигнал 96 голови; бил дел од тимот кој станал шампион на Англија во 1873, 1876 и 1977, го освоил Англискиот куп во 1974 и УЕФА купот во 1973 и 1976 година. Тренерска кариераЏон Тошак има богата тренерска кариера, која ја започнал во тимот на Свонси Сити, но како тренер бил и во екипите Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Депортиво Ла Коруња, Бешикташ, Сент-Етјен, Катанија, Реал Мурсија, како и селектор на репрезентациите на Велс и Македонија. ТрофеиКако играч
Како играч-менаџер
Како менаџер
Поединечни почести
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia