Џорџ Роберт Греј
![]() Џорџ Роберт Греј (англиски: George Robert Gray; 8 јули 1808 – 6 мај 1872) — англиски зоолог и шеф на орнитолошкото одделение на Британскиот музеј (денес во Природонаучниот музеј) во Лондон четири децении. Бил помлад брат на зоологот Џон Едвард Греј и син на ботаничарот Семјуел Фредерик Греј. Негово најважно научно дело е was his Genera of Birds („Родови птици“, 1844–49), илустрирано од Дејвид Вилијам Мичел и Јозеф Волф, во кое има 46.000 наводи. Животопис![]() Роден е во Мал Челси, Лондон, во семејството на природонаучникот Семјуел Фредерик Греј.[1] Се школувал во училиштето „Мерчат Тејлор“.[2] Во 1831 г. се вработил во Британскиот музеј како помошник-старател на зоолошкото одделение. Почнал со каталогизација на инсекти и ја објавил во Entomology of Australia („Ентомологија на Австралија“, 1833) и учествувал со ентомолошкиот дел на англиското издание на „Животинско царство“ од Жорж Кивје. Опишал многу видови на пеперуги. Во 1833 г. го основал здружението кое подоцна прераснало во Кралското ентомолошко друштво. Во негова чест е наречена птицата Грејово штурче (Locustella fasciolata), чиј изворен опишувач е тој (1860). Првично опишаниот примерок е донесен од Молучките Острови, Индонезија од истакнатиот природонаучник Алфред Расел Волес. Дела
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia