Молучки Острови
Молучки Острови (индонезиски: Kepulauan Maluku) или Молуци — архипелаг во источниот дел на Индонезија. Сместен е источно од Сулавеси, западно од Нова Гвинеја и северно и источн од Тимор. Се смета за географско-културен пресек на Азија и Океанија. Островите се нарекувале Зачински Острови поради морското оревче и каранфилчето кои ги имало само таму, и чие присуство го поттикнало европскиот колонијален ентерес во XVI век.[3] Сите Молучки Острови биле сместени во една покраина од независноста на Индонезија до 1999 г. кога се разделени на две покраини. Новата покраина Северно Малуку го опфаќа подрачјето помеѓу Моротај и Сула, а островскиот лак од Буру и Серам до Ветар останал во постоечката покраина Малуку. Северно Малуку е претежно муслиманско, и неговото седиште е Софифи на островот Халмахера. Малуку има поголем број на христијани, и неговото седиште е Амбон. Иако изворно биле Меланезијци,[4] многу жители на островите, особено на Банда, биле исклани во XVII век за време на Холандско-португалската војна, наречена и „Војна за зачини“. Вториот прилив на доселеници од Јава започнал на почетокот на XX век под власт на Холанѓаните и продолжува во индонезиско време, причинувајќи спорови и немири.[5] Историја![]() Рана историјаПрвите жители на островите биле Австраломеланезијците, кои се доселиле пред барем 40.000 години. Околу 2000 г.п.н.е. се случило доселување на австронезиски говорници.[6] Други археолошки наоди укажуваат на можно доселување на арапски трговци во XIV век кои со себе го довеле исламот. Преобраќањето во ислам се случило на многу острови, особено во центрите на трговијата, а домородниот анимизам се задржал во задгрбнината и поизолираните острови. Археолошките наоди на тие места се водат според присуството на свински заби како доказ за внесување (или невнесување) на свинско месо.[7] Утврдени се остатоци од експедициите на царството Маџапахит во усното наследство и археолошките наоѓалишта. Една приказна од Летвуан на островот Кај Кечил раскажува за балиски пратеник нс Гаџах Мада по име Касдев, неговата сопруга Дит Ратнгил и нивните осум деца. Старите гробници најдени во заливот Сорбај јужно од Летвуан одат во прилог на оваа приказна, како и некои културни обичаи на Кеј кои се од балиско потекло.[8] Други наоди се статуата на Шива од островот Кеј Бесар. Друга приказна говори за маџапахитска експедиција во XIV век во Негери Ема, Амбон, од пратеник наречен Њи Мас Кенанд Еко Сутарми со придружба од 22 лица и копјеносец, кои се обиделе да стапат во трговски односи и сојуз со водачот на Негери Ема по име Капитан Адинг Аданг Анаан Танахатуила. На средбата посредувал Малеси Соа Лиса Мајтиму, но страните не успеале да се спогодат. Не успевајќи, Сутарми решила да остане, а нејзините придружници се венчале за мештани од Ема. Од оваа експедиција се најдени сончеви симболи со девет зраци од чешми, копја и ударниот инструмент тотобуанг, како и многу грнчарија.[9] Португалски период![]() Во август 1511 г. Португалците ја освоиле Малака, тогаш град-држава. Најзначајната трајна последица од португалското присуство било нарушувањето и преуредувањето на трговијата во Југоисточна Азија, како и воведувањето на христијанството во источна Индонезија, вклучувајќи го Малуку.[10] Во еден португалски дневник е забележано „Има преку триесетина години откако станаа Маври“.[11] Афонсо де Албукерке дознал за патот до Банда и другите „Зачински Острови“, па испратил истражувачка експедиција од три брода под команда на Антонио де Абреу, Симаоу Афонсо Бизигудо и Франсиско Сераун.[12] Враќајќи се назад, Сераун доживал бродолом на островот Хиту (северен Амбон) во 1512 г. Таму воспоставил врски со месниот владетел кој бил воодушевен од неговите борбени вештини. Владетелите на конкурентските островски султанати Тернате и Тидоре исто така барале португалска помош, и новодојденците биле добредојдени како купувачи на залихи и зачини за време на затишјето на регионалната трговија предизвикано од привремениот прекин на пловидбата на Јаванците и Малајците во овие краишта поради судирот во Малака од 1511 г. Трговијата со зачини набргу заживеала, но Португалците не можеле наполно да ја монополизираат или пореметат.[13] Осојузувајќи се со владетелот на Тернате, Сераун изградил тврдина на тој мал остров и возглавил дружина од португалски платеници во служба на еден од двата завојувани султана кои ја контролираче трговијата со зачини. Меѓутоа, Сераун и Фернандо Магелан загинале пред да се сретнат.[13] Португалците најпрвин впловиле во Амбон во 1513 г. но тој станал центар на нивните дјества во Малуку дури откако биле истерани од Тернате. Европската моќ во регионот била слаба и Тернате станала растечка, жестоко исламска и антиевропска држава; Португалско-тернатските војни беснееле за време на султанот Бабула (вл. 1570–1583) и син му Сајди Беркат (вл. 1583–1606).[14] Мисионерската дејност на Португалците создала големи христијански заедници во источна Индонезија до денешни времиња, што придонело кон чувството на заеднички интерес со Европејците, особено меѓу Амбонците.[14] ![]() Холандски периодХоланѓаните пристигнале во 1599 г. и почнале да се натпреваруваат со Португалците во трговијата.[15] Холандската источноиндиска компанија во текот на Холандско-португалската војна се осојузила со султанот на Тернате и ги освоила Амбон и Тидоре во 1605 г., и ги истерала Португалците. Ибериското владеење во делови од Северно Малуку било обновено со шпанскиот противнапад од Филипините, што траело сè до 1663 г. Меѓутоа, Холанѓаните воспоставиле монопол на производството на и трговијата со зачини со немилосрдни мерки. Такви примери се геноцидното освојување на Банда во 1621 г., елиминацијата на Англичаните во Амбон во 1623 г. и потчинувањето на Тернате и Тидоре во 1650-тите. Големи делови од Малуку и Папуа пламнале во антиколонијално востание предводено од принцот Нуку од 1780 до 1810 г. во сојуз со Британците. За време на Француските револуционерни војни, а потоа и во Наполеоновите војни, британските сили ги зазеле островите во 1796–1801 и 1810 г., задржувајќи ги до 1817 г. Во тоа време тие откорнале многу зачински дрва за пресадување на разни места во Британската Империја.[16] ![]() По независноста на ИндонезијаСо прогласувањето на единствена Индонезија во 1950 г. како замена за сојузната држава, прогласена е Република Јужно Малуку. Овој обид за отцепување бил предводен од Крис Соумокил (поранешен врховен јавен обвинител на Источна Индонезија) и поддржан од молучките припадници на специјалните единици на Кралската холандска источноиндиска армија (КХИА). Движењето било поразено од индонезиската армија, и со посебен договор со Холанѓаните молучките единици биле иселени во Холандија. Подоцна потомците на овие молучки војници на КХИА во Холандија приредиле заложничка криза во воз (1975), грабнале воз (1977) и направиле училишна заложничка криза од истата година за да го свртат вниманието кон нивната кауза за независна Република Јужно Малуку. Малуку е една од првите покраини на Индонезија, прогласена во 1945 и траела до 1999 г. кога од неа е одвоена одделна покраина Северно Малуку. Главен град бил Тернате на мал остров западно од големиот остров Халмахера, но подоцна главен станал Софифи на самата Халмахера. Главен град на денешната покраина Малуку е Амбон. Граѓански судири (1999–2003)Во јануари 1999 г. низ островите избиле верски и етнички судири. Во следните 18 месеци се воделе борби помеѓу месни групи сочинети од муслимани и христијани против џихадистички групи од Јава и индонезиската војска која ги поддржувала, што довело до опустошувањето на илјадници домови, раселување на 500.000 лица, загубата на илјадници човечки животи и сегрегација на муслиманите и христијаните.[17] Географија![]() Молучките Острови зафаќаат вкупна површина од 850.000 км2, од кои 90 % отпаѓаат на морски површини.[18] Се проценува дека има 1.027 острови.[19] Најголемите два острова, Халмахера и Серам, се ретко населени, а најразвиените Амбон и Тернате се мали.[19] Највеќето острови се покриени се шумовити и планински. Островите Танимбар се суви и ридести, додека архипелагот Ару е низок и блатест. Највисока планина е Бинаја (3.027 м) на Серам. Неколку острови како Серам (1.721 м) и островите ТНС се вулкани што се издигаат од морето, а околу нив на бреговите има села. Во изминатите 500 години се слулиле 70 силни вулкански избуви. Земјотресите исто така се чести.[19] ![]() ГеологијаГеологијата на Молучките острови има слично минато, одлики и процеси како соседните Мали Сундски Острови. Геолошките проучувања на регионот се одвиваат уште од индонезиско колонијално време; меѓутоа, геолошкото образување и напредок не се наполно објаснети, и теориите за нивниот геолошки развој во голема мера се променети во последниве децении.[20] Молучките Острови се едно од геолошки најсложените и најактивните подрачја на светот,[21] што се должи на нивната поставеност на спојот на четири тектонски плочи и два континентални блока. ЕкологијаВо биогеографски поглед, сите острови освен групата Ару се сместени во екорегионот Волесија, сместен помеѓу Сундскиот Праг (дел од Азискиот блок) и Арафурскиот Праг (дел од Австралискиот блок). Поточно, лежат помеѓу Веберовата и Лидекеровата Линија, поради што нивната фауна е повеќе австралиска отколку азиска. Биоразновидноста и нејзината распределба се повлијаени од различни тектонски активности; највеќето острови се геолошки млади (1-15 милиони години) и никогаш не биле дел од копното. Молучките Острови се разликуваат од другите подрачја во Индонезија; ги опфаќат најмалите острови во земјата, имаат корални гребени расеани низ најдлабоките води на светот и немаат големи острови како Јава и Суматра. Затоа, преселбата на растителните и животинските видови помеѓу островите е ограничена, што води до висок степен на ендемизам.[20] Екологијата на Малучките Острови со векови предизвикувала големо љубопитство кај природонаучниците; книгата „Малајскиот Архипелаг“ (1869) на Алфред Р. Волес е првото значајно природонаучно дело посветно на ова подрачје и до денес претставува важен ресурс во изучувањето на индонезиската биоразновиднос. Малуку е обработено во две епохални природонаучни дела на Георг Ебергард Румпф: „Амбонски хербариум“ (Herbarium Amboinense) и „Амбонска одаја на реткости“ (Amboinsche Rariteitkamer).[22] Најголемиот дел на северно и централно Малуку бил прекриен со дождовна шума, која на помалите острови била заменета со насади како оние со каранфилче и морско оревче, ендемски на подрачјето. Островите Танимбар и другите југоисточни острови се суви, со ретка растителност, слично на соседниот остров Тимор.[19] Со цел да се заштитат загрозените видови основани се националните паркови „Манусела“ (1997) и Акетаџве-Лолобата (2004). ![]() Највеќето домородни цицачи се торбари како кускусот и бандикотот; застапени се и малајската цибетка и подивените свињи, кои се доведени.[19] Има околу 100 ендемски птици, при што најголема разновидност се среќава на големите острови Халмахера и Серам. Северно Малуку има два ендемски вида на рајски птици.[19] Островката група Ару е единствената која има чисто папуански животни како кенгури, казуари и рајски птици.[19] Иако сите места се соочуваат со еколошки проблеми, особено засегнати се малите острови. Тие се предизвикани од развојот на човековите активности, макар што нивните последици не се секогаш однапред воочливи. Иако Индонезија е богата со природни ресурси, ресурсите на малите молучки острови се ограничени и специјализирани; покрај тоа, особено ограничени се ресурсите за човечкото население.[23] За Молучките Острови важат следниве општи согледувања[24][25][23]
КлимаЦентралните и јужните Молучки Острови претрпуваат сув монсун помеѓу октомври и март и влажен монсун од мај до август, што е обратно од остатокот од Индонезија. Највисоката просечна температура на сувиот монсун изнесува 30 °C, а на влажниот е 23 °C. Во Северно Малуку влажниот монсун е од декември до март, во склад со остатокот од Индонезија. Секоја островска група има своја климатски варијанта, а најголемите острови имаат посуви крајбрежни низини и повлажна планинска задгрбнина.[19] Демографија![]() НаселениеПокраината Малуку во 2020 г. имала 1.848.923, а покраината Северно Малуку истата година броела 1.282.937 лица.[2] Тала, влкупното население на Молучките Острови таа година изнесувало 3.131.860 жители. НародиМолучаните имаат мошне мешано потекло поради долгата историја на трговија и морепловство.[19] Австронезиските народи се смешале со домородното меланезиско население околу 2000 г. п.н.е..[26] Меланезиските одлики се најзастапени на островските групи Кеј и Ару, како и меѓу внатрешното население на островите Серам и Буру. Подоцна кон оваа смеса е придодадена извесна индиска и арапска крв. Најнови доселеници се бугиските трговци од Сулавеси и јаванските преселници.[19] ЈазициНекогаш на островите се говореле преку 130 јазици. Многу од жителите денес ги говорат креолскиот јазик на Тернате и оној на Амбонците, кој е лингва франка на северно односно јужно Малуку.[19] Административна поделбаМолучките Острови се пдоелени на две покраини: Малуку и Северно Малуку. СтопанствоДо денес на островите се одгледуваат каранфилчето и морското оревче, како и какаото, кафето и разно овошје. Значајна гранка на сите острови е риболовот, особено околу Халмахера и Бакан Бачан. Островите Ару произведуваат бисери, а Серам извезува јастози. На поголемите острови развиена е дрвосечата; на Серам се добива железно дрво, а на Буру се добиваат тик, абонос.[19] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia