Џо Кокер
Џон Роберт Џо Кокер (англиски: John Robert "Joe" Cocker) (20 мај 1944, Шефилд, Јоркшир, Обединето Кралство - 22 декември 2014, Крофорд, Колорадо, САД) бил британски блуз и рок пејач. ЖивотописЏо Кокер е роден на 20 мај 1944 година, во Шефилд. Во 2007 година, Кокер бил одликуван со орден (OBE) - офицер на Британската Империја за неговиот придонес во музиката. По долго боледување од рак на белите дробови, Џо Кокер починал на 22 декември 2014 година, во својот дом во Крофорд, Колорадо.[1] Музичка кариераМузичката кариера ја започнал на 15 години во родниот Шефилд настапувајќи за бендот The Avenger под уметничкото име Венс Арнолд[2]. Потоа соработувал со бендовите Big blues и The Grease band. Во 1969 гостувал во емисијата шоуто на Ед Саливен. Бил препознатлив по својот моќен и рапав глас, спазматичните движења на телото на бината (што претставува еден вид диригирање) и по преработките на популарни песни. Првиот голем хит од 1969 е With a Little Help from My Friends - преработка на песната од „Битлси“, каде што соло гитара свири Џими Пејџ. Истата година настапува и на фестивалот во Вудсток. Успешна е и преработката на She Came In Through the Bathroom Window исто од Битлси, а најголем хит од тој период е The Letter од албумот Mad Dogs and Englishmen. Во текот на четиридецениската кариера, Кокер снимил 40 албуми. Неговата кариера била сериозно разнишана во текот на 1970-тите, поради проблемите со алкохолот и дрогата. На музичката сцена се вратил во 1982 година, кога го снимил дуетот со Џенифер Ворнс „Горе каде што припаѓаме (Up Where We Belong)“, која била дел од музиката за филмот „Офицер и џентлмен“. Песната станала голем хит, а тие ја освоиле наградата „Греми“.[1] Дискографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia