Абра (покраина)
Абрa (илокански: Probinsya ti Abra, филипински: Lalawigan ng Abra) — покраина во Филипините во регионот Кордиљера, Лусон. Главен град е Бангед и се граничи со Северен Илокос и Апајао на север, Јужен Илокос и Планинската Покраина на југ, Северен и Јужен Илокос на запад и Калинга, и Апајао на исток. ДемографијаМнозинското население во Абра се Илокани и Тингијани. Во 2005, населението броело 211.095 жители. Најдоминантни јазици се илоикански и итнешки. Според пописот во 1995 илоканскиот бил говорен од 73,65% од населението. 25,18% зборувале итнешки, 0,16% тагалски и 0,54% зборувале други јазици или наречја. СтопанствоНајзастапена е дрвната индустрија, односно производство и сеча на бамбус и ратан (59%). Се одгледуваат и други растителни култури како оризот, пченката, но и кафето, тутунот и кикириките. Административна поделбаАбра е поделена на 27 општини. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia