Автономен Регион Бангсаморо во Муслимански Минданао Rehiyong Awtonomo ng Bangsamoro sa Muslim Mindanao Bangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanao منطقة بانجسامورو ذاتية الحكم فى مسلمى مينداناو Dairat nu Bangsamoro sa Muslim Mindanao a pegkamalan i ginawa
Од лево надесно, од горе надолу: Управата на Бангсаморо; Булингански Водопади, Ламитан; островот Панампанган, Сапа-сапа; пристаништето Пољок, Паранг; езерото Ланао кај Марави и ридот Педро Колина во Котабато
Бангсаморо, службено: Автономен Регион Бангсаморо во Муслимански Минданао или БАРММ (филипински: Rehiyong Awtonomo ng Bangsamoro sa Muslim Mindanao; англиски: Bangsamoro Autonomous Region in Muslim Mindanao, BARMM; арапски: منطقة بانجسامورو ذاتية الحكم, Minṭaqah Banjisāmūrū dhātiyyah al-ḥukm; магинданајски: Dairat nu Bangsamoro sa Muslim Mindanao a pegkamalan i ginawa) — автономенрегион на Филипините, сместен во југозападниот дел на островот Минданао.
Основањето на Бангсаморо е плод на неколкугодишните мировни преговори помеѓу филипинската влада и неколку автономистички групи; особено истакнати меѓу нив се припадниците на Исламскиот ослободителен фронт Моро (МИЛФ), кои не го признавале АРММ и барале да се создаде регион со поголема самостојност. Во 2014 г. двете страни се согласиле на рамковен договор наречен Сеопфатен договор за Бангсаморо. По низа понатамошни преговори и расправи по извесни одредби на договорот, Конгресот на Филипините донел и ратификувал основен закон за регионот, денес наречен Органски закон за Бангсаморо; законот стапил на сила на 26 јули 2018 г.
И покрај прашањето на уставноста на регионот (поради бараниот парламентарен систем во држава со претседателски систем), судската власт немала приговори против органскиот закон, и потоа е спроведен дводелен референдум. Првиот бил за граѓаните АРММ по прашањето дали тој веднаш да се распушти и замени со Бангсаморо.[4][5][6] Вториот бил за жителите на соседните општини и барангаи во покраините Северен Ланао и Котабато по прашањето на нивното приклучување кон новиот регион.[7][8][9][10] По спроведената втора фаза, 63 барангаи од Котабато ѝ биле предадени на управата на Бангсаморо, зголемувајќи ја неговата територија.[11][7]
Бангсаморо го заменил АРММ како единствениот автономен регион со муслиманско мнозинство на Филипините.[12] Засега е во преодна фаза сè до 2025 г. Управата на Бангсаморо се смета за пробен случај во пошироката дебата околу уставните реформи и федерализмот.
Потекло на името
Неодамна создадената кованица Бангсаморо е изведена од старомалајскиот збор бангса („народ“) и зборот Моро (збирен поим за разните муслимански народности на Филипините, од шпански моро, „Мавар“[13]).
Покраини и други единици
Бангсаморо се состои од 3 составни градови, 116 општини и 2.590 барангаи. Иако е дел од Басилан, градот Исабела не е под јурсдикција на автономниот регион. Во Бангсаморо влегуваат и 63 барангаи од Северен Котабато, иако Северен Котабато и нивните матични општини не се под јурисдикција на автономниот регион.[14]
‡ Градот Котабато е независен составен град; податоците се изземени од Магинданао.
‡‡ 63 барангаи се дел од регионот, но нивните матични општини и матична покраина Северен Котабато не се дел од Бангсаморо; Податокот за површината на целиот Бангсаморо не ги вклучува овие барангаи.
^A Статистичката управа на Филипините го употребила опфатот на поранешниот Автономен Регион во Муслимански Минданао за пописот од 2020 г. Градот Котабато и Специјалното Географско Подрачје (СГП) не биле вбројани во населението на Бангсаморо. Тие износи се вбројани во Сокксксарген.[16][17] На 9 ноември 2021 г. управата решила да ги вброи градот Котабато и Специјалното Географско Подрачје во населението на Бангсаморо, а да ги изземе од Сокксксарген.[18][19]
Демографија
Согласно органскиот закон, бангсаморци имаат право да се нарекуваат потомците на жителите на Минданао, архипелагот Сулу и неговите соседни острови присутни на почетокот на шпанската колонизација.[20]
Моро е збирен назив за разни, претежно муслимански народности. Маранајците и Иранунците сочинуваат голем дел од населението на регионот. Магинданајците се мнозинство во Специјалното Географско Подрачје (СГП) на покраината Котабато во регионот Сокксксарген. Таусужаните (Сулуанци), Јаканците и Самците се главни групи на архипелагот Сулу.[21]
Има уште две позначајни малцинства кои живеат во регионот заедно со мнозинството: Лумадите и доселеничките заедници. Лумадите имаат пет позначајни групи, од кои најбројни се Тирурајците.[20] Доселениците се претежно христијани од разни народности како Тагали, Висајци и Кинези.[20][22]
Белешки
↑Седиште на управата одредено со Органскиот закон за Бангсаморо. Признаено седиште од основањето на Бангсаморо во 2019 г.[1] until it was moved to Parang in Магинданао (денес во Северен Магинданао) in 2023. The regional government still де факто exercise power from the Управниот центар на Бангсаморо во градот Котабато.
↑Седиште на управата де јуре почнувајќи од средината на 2023 г. согласно Законот за автономија на Бангсаморо бр. 37.[2] Меѓутоа, по регионалната власт допрва треба да основа управен центар во општината, и ова ќе се прави постепено.
↑Вклучувајќи 63 во Специјалното Географско Подрачје во Котабато
Наводи
↑„Bangsamoro Autonomy Act No. 13“(PDF). Bangsamoro Parliament. Посетено на February 24, 2021. The seat of the Bangsamoro Government shall be in Cotabato City, unless otherwise provided by the Bangsamoro Parliament in a subsequent law.[мртва врска]
↑Kapahi, Anushka D.; Tañada, Gabrielle (2018). „The Bangsamoro Identity Struggle and the Bangsamoro Basic Law as the Path to Peace“. Counter Terrorist Trends and Analyses. 10 (7): 1–7. JSTOR26458484.
↑Jamail A. Kamlian (20 октомври 2012). „Who are the Moro people?“. Philippine Daily Inquirer. Посетено на 2 ноември 2015.