Капис
![]() Капис е покраина на Филипините која е сместена во регионот Западни Висаи. Главен град е Рохас и е сместена во североисточниот дел на островот Панај. Се граничи со Аклан и Антике на запад, и Илоило на југ. Капис излегува на Сибујанско Море на север. НародВо Капис живеат нешто повеќе од 650.000 жители од кои најдоминантни се Негритосите или познати како Ати има и Индонезијци кои во минатото се доселиле тука. СтопанствоНосејќи ги името „Престолнина на морската храна на Филипините“, Капис има 80 km брег и голем број на рибарски пристаништа. Главен заштитен знак на покраината е одгледувањето на школки кои произведуваат специфични бисери, кои се ендемиски. постојат 4 големи телекомуникациски претпријатија, 33 банкарски институции и 116 посредувачки и производствени компании. Има и големи наоди на руда како што се варовник, злато и железо. Административна поделбаКапис е поделен на 473 барангаи, 16 општини и 1 град - Рохас. ХимнаОфицијалната химна се вика, "O, Capiz", која го величи островот и зборува за школките и бисерите: O, Capiz I
II
Хор
III
Хор Автор: Чермејн Окбења Гвартеро Прифатена: 2007-06-23 Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia