Автомобилски регистарски таблички во Унгарија![]() Унгарските таблички во себе не содржат код на регион или град.Унгарските регистарски таблички се составени од црни карактери на бела површина. Шемата на табличките е три букви со трицифрен број XXX-999. Табличките издавани пред 1990 година беа во формат XX-99-99Табличките издадени помеѓу 1990 и 1 мај 2004, денот кога Унгарија стана членка на ЕУ биле издавани таблички кои во левиот дел го имале знамето на Унгарија и авто ознаката за Унгарија H. После први мај биле издавани таблички со европски стил. Старите таблички се сè уште валидни. Шемата на таблички кои почнале да се употребуваат во Унгарија започнала со AAA-001 во 1990. Во 2005 системот ја достигнал буквата ‘’’К’’’ како прва буква KAA-001. Во 2008 се издаваат таблички со почетна буква ‘’’L’’’. Оваа година (2011) се очекува да биде користена ‘’’M’’’ како прва буква. Табличките кои започнуваат со ‘’’JDA-001’’’ го имаат знамето на ЕУ на нивните таблички. Мотоциклите ја користат буквата ‘’’U’’’ како почетна буква, камионите - ‘’’F’’’ приколките порано ја користеа ‘’’F’’’, а сега ‘’’X’’’. Дипломатските таблички имаат сина позадина со бели карактери. Шемата е ‘’’DT-12-34’’’, каде DT е ознака за дипломатски возила. 12 е код на амбасадата, а 34 е сериски број на возилото. Унгарската полиција (Rendőrség) ги користи овој формат ‘’’RB-12-34’’’. Други специјални таблички се издаваат на некои организации. На пример Унгарската национална телевизија ја користат оваа шема: ‘’’MTV’’’ со можни 999 комбинации. Од 2006 Националните амбуланти на Унгарија побарале да ја користат старата шема на новите евро-таблички (MA-12-34) Кодови на табличките
Старите Не-ЕУ таблички се засновани на Унгарскиот стандард MSZ 140/1990.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia