Географска распределба на регистерските ознаки во Србија
Новата регистерска ознака за моторните возила во Србија, чие издавање започна на 1 јануари 2011 година, е со бела боја, обрабена со црна линија и на неа од левата страна, на сина подлога, со бели букви е испишана меѓународната ознака на Република Србија - СРБ, со црни букви е испишана ознаката на регистерското подрачје, а со црни цифри и букви, меѓу кои е втиснат знакот „-“, е испишан регистерскиот број на возилото.
Меѓу ознаката на регистерското подрачје и регистерскиот број на возилото е втиснат црвен штит на кој има бел крст меѓу четири помали штитови свртени кон вертикалната греда на крстот. Ознаката на регистерското подрачје на регистерската табличка се испишува и на кирилица под втиснатиот црвен штит.
Регистерскиот број на возилото се состои од комбинација на цифрите од „0 до 9“ на три или четири позиции и комбинации на букви на две позиции.
Димензиите на стандардните регистерски таблички за моторните возила се 520,5x112,9 милиметри.
Ознаки на стандардните таблички
Новите регистерски таблички во Република Србија, BG БГ = овде Белград)Старите регистерски таблички на Сојузна Република Југославија, што во Србија се издаваа до 31.12.2010 г.
Ова е список на ознаките на регистерските подрачја (односно региони), што се користат во Република Србија, по азбучен ред.[1]
На територијата на Косово и Метохија, УНМИК издава посебни таблички, но српското население и понатаму ги користи табличките што ги издаваат органите на Република Србија.