Автомобилски регистарски таблички во ШвајцаријаАвтомобилски регистарски таблички во Швајцарија ги издаваат службите на кантоните, кои се задолжени за моторните возила. Од 1933 година на ознаките се наоѓаат две букви за ознаката на кантонот и еден до шест броеви. ![]() Ознаки на кантонитеЗа разлика од повеќето други земји во Европа, швајцарските регистарски таблички не се доделуваат посебно за возилото, туку му се доделуваат на неговиот сопственик. Во многу кантони, регистерот на регистарски таблички е достапен за јавноста, понекогаш дури и преку интернет. Во некои кантони можат да бидат откупени таблички за најмногу 99 стари (“олд тајмери“) автомобили (автомобилот мора да биде постар од 30 години).[1] Опис на кантонотПредните таблички содржат само кратенка за кантонот и броеви, дододека задните таблички ја содржат кратенката на кантонот, броеви, грбот на кантонот, како и грбот на Швајцарија. Ознаките се испишани со црни знаци на бела заднина. ![]() ![]() ![]()
Боја (заднина)Во повеќето кантони е можно да се најдат ознаки со ист број во различни бои. Различните бои служат за означување различни видови возила:
Ознаки на возила на владатаВозилата на владата го имаат грбот на Швајцарија по буквата "А" (кратенка за "администрација") и броеви со црним знаци на бела заднина. Првите од петте цифри на табличката го означуваат министерството на кое му припаѓа возилото.
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia