Адел Лори Блу Адкинс е родена во Тотенхем на 5 мај1988 година, во Северен Лондон, како дете на самостојна тинејџерска мајка.[4][5] Таа почнала да пее на четири години и подоцна изјавила дека тогаш пеењето ѝ станало опсесија.[6][7] Исто така, Адел изјавила дека групата „Спајс грлс (Spice Girls)“ била главното влијание за нејзината љубов и страст кон музиката, кажувајќи дека „тие ме направија тоа што сум денес“.[8]
Успешниот албум „21“ бил инспириран од крајот на нејзината љубовна врска, но подоцна Адел ја пронашла среќата во врската со Сајмон Конецки, поранешен инвестициски банкар и подоцнежен директор на хуманитарната организација „Дроп4дроп“ која се бори за обезбедување чиста вода во сиромашните земји. Во октомври2012 година, Сајмон и Адел го добиле синот Анџело.[9]
Професионална кариера
Адел го привлекла вниманието на издавачката куќа „XL Recordings“ со три демо песни кои ги испратила на „MySpace“ и подоцна потпишала договор со издавачката куќа. Уште од својот прв албум, 19 таа добила многу пофалби и позитивни критики. Албумот се искачил на прво место и има добиено трипати платинска сертификација во Обединетото Кралство.[10] Адел го издала својот втор албум 21 на 24 јануари2011 во Обединетото Кралство, а на 22 февруари албумот излегол и во САД.[11]21 имал голем комерцијален успех, продавајќи 208.000 копии во првата недела во Обединетото Кралство.[12] Албумот, исто така, се искачил на прво место на Билборд 200 во САД, продавајќи 352.000 копии во првата недела.[11][13] Албумот 21 се искачил на првото место на музичките топ-листи и во 17 други европски држави.[14]
Во 2009 година, Адел освоила две награди „Греми“, во категориите „Најдобар нов артист“ и „Најдобра женска поп вокална изведба“.[15][16]
Со изведбата за време на Британските музички награди во 2011 година, пеејќи ја песната „Someone Like You“ Адел се искачила на првото место во Обедеинетото Кралство. Оваа песна останала на првото место четири последователни недели.[17][18]Официјалната компанија за табели изјавила дека Адел е првиот жив музичар кој имал два топ-пет хита на официјалната табела за албуми и на официјалната табела за синглови по „Битлси“ во 1964 година.[17][18][19] Албумот 21 поминал единаесет последователни недели на првото место во Обединетото Кралство, што претставува најдолгото задржување на првото место на британската табелата за албуми од страна на женски музичар. Претходниот рекорд го држела Мадона во 1990 година, со нејзиниот компилациски албум The Immaculate Collection кој на водечкото место се задржал девет недели.[14][20] Во САД, албумот поминал шест непоследователни недели на табелата Билборд 200.[21] Исто така, албумот ги срушил рекордите на дигитални спуштања во Обединетото Кралство.[22] Заклучно со 2015 година, албимот „21“ бил продаден во над 17 милиони примероци.[9]
Во мај2011 година, пејачката вредела £6 милиони со што се изедначила со Лили Ален и Дафи за деветтото место на списокот на најбогатите британски и ирски музички ѕвезди под 30 години.[23] Во 2013 година, Адел ја освоила наградата „Оскар“ за песната „Скајфол (Skyfall)“ од филмот за Џејмс Бонд.
Магазинот „Билборд“ го најавил излегувањето на долгоочекуваниот трет албум на Адел за ноември2015 година. На него, таа соработувала со Фарел Вилијамс, Рајан Тедер од групата „Уан рипаблик (One Republic)“ и канадскиот мизичар Тобајас Џесо Џуниор. Во паузата меѓу вториот и третиот албум, Адел се соочила со сериозни здравствени проблеми (полип на гласните жици), кој морала да го отстрани со операција.[9]
Во 2017 година, Адел била апсолутна победничка на 59. доделување на наградите „Греми“, со освоени пет награди. Притоа, таа победила во сите категории во кои била номинирана, а истовремено станала првиот изведувач кој двапати ги освоил трите главни награди.[24]