Административна поделба на ГренландАдминистративната поделба на Гренланд ја опфаќа политичката поделеност на државата поради статистичко-административни причини. Државата е поделена на општини како првостепена административна поделба. Вкупно, Гренланд има 4 големи по територија општини.[1] Покрај тоа, често во оваа група се вклучува и најголемиот во свет Североисточен гренландски национален парк. Важно е да се напомене дека Воздухопловството на САД има своја енклава (Воздухопловна база Туле) во Касуитсуп. ОпштиниАктуелната административна поделба на Гренланд стапила на сила на 1 јануари 2018 година: ![]()
Административна поделба до 2018![]()
Историја![]() Првата поделба на островот била меѓу данските колонии Северен Гренланд со седиште во Кекертарсуак и Јужен Гренланд со седиште во Нук. Ваквата поделба траела до 1940-те кога островот бил обединет и добил централна административна управа. По доделувањето на статусот на рамноправна сојузна држава во рамките на Кралството Данска, државата била поделена на „поделби“ во 1951 година. Тие биле Источен Гренланд, Западен Гренланд и Северен Гренланд. Североисточниот национален парк бил создаден во 1974 година. По доделувањето на статусот на самостојна управа во 1979 година имињата на општините добиле гренландски имиња: Кита, Туну и Авана. Поделбата Кита имала 15 општини, Туну 2 и Авана 1 општина Поранешни општини
Округот имал 1 општина, општина Канак. Покрај општината, на територијата се наоѓала Воената база Туле и Североисточниот гренландски национален парк.
На територијата на округот се наоѓале: општина Амасалик, општина Итокортормит и дел од сегашниот национален парк.
На територијата на округот се наоѓале општините: Јужен дел: Средиштен дел:
Северен дел: Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia