Кеката
Кеката (гренландски: Qeqqata Kommunia, „центар“) е општина во Гренланд. Општината е основана со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година. Името на општината потекнува од местоположбата во рамките на Гренланд.[4] Според податоците од јануари 2013 година, општината има население од 9,620 жители.[3] Седиште на општината е Сисимиут. Општината е составена од поранешната територија Кангерлусуаг, како и општина Манитсок и општина Сисимиут. ГеографијаНа југ и на исток општината се граничи со општината Сермерсок. Населените места се наоѓаат на брегот на општината. На север општината се граничи со општината Касуитсуп. На запад општината излегува на море, поточно Дејвисов проток. Со своите 115,500 km2 (44,594.8 ми) оваа општина е втората најмала во државата според територија. Населени местаНа територијата на општината се наоѓаат следниве населени места:
СообраќајКако и што е и со целиот Гренланд, така и во оваа општина нема патна поврзаност меѓу населените места. Во општината има три аеродроми, Аеродром Кангерлусуак (меѓународен аеродром), Аеродром Манитсок и Аеродром Сисимиут. Другите места се поврзани преку поморски сообраќај. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia