Административна поделба на Северна КорејаСеверна Кореја административно се дели на единици од повеќе степени. Многу од нив имаат свои пандани во јужнокорејскиот систем. Единици од прв степен се покраините, двата непосредно управувани града и трите специјални единици. Второстепени се градовите, околиите, и окрузите. Тие потоа се делат на третостепени целини: помали градови, маала, села и „работнички окрузи“.[1] Тристепениот административен систем на Северна Кореја е воведен од Ким Ил-сунг во 1952 г како дел од темелната преорганизација на управата. Дотогаш се користел повеќестепени систем сличен на денешниот во Јужна Кореја. Покраини и првостепени градовиДеветте покраини (도, 道, „до“) водат потекло од традиционалните покраини на Кореја, но по поделбата на Кореја, истите претрпеле понатамошна поделба. Овие големи подрачја опфаќаат градски, селски и планински краишта. Двата непосредно управувани града (직할시, 直轄市, „чикхалси“) се големи метрополски градови кои се одвоени од нивните некогашни покраини и добиле статус на првостепени единици. Во минатото под непосредна управа биле уште четири града, но подоцна биле припоени кон некогашните матични покраини. Трите специјални административни региони се создадени во 2002 г. во склоп на стопанската соработка со Јужна Кореја и други земји. Овие региони не се делат на понатамошни единици.
Специјални административни региониПоврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia