Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Italy Veneto" does not exist
Аеродромот во Венеција (IATA: VCE, ICAO: LIPZ), познат и како Аеродром Марко Поло, е аеродром сместен 8 километри северно од Венеција, Италија, во месноста Тесера, дел од општината Венеција, близу гратчето Местре. Аеродромот е именуван по Италијанскиот морепловец Марко Поло, кој се смета за првиот Европеец кој ја открил Кина.
Со 8,602,652 патници опслужени во 2008 година, го зазема третото место во Италија.
Аеродромот е опслужен со еден модерен терминал, отворен во 2002 година, и кој веќе доаѓа до својот максимум, опслужувајќи ги сите редовни и чартер линии, како и интерконтинентални летови до Канада, САД и Блискиот Исток.
Со аеродромот раководи SAVE S.p.A., компанија која го раководи и аеродромот во Тревизо. Аеродромот е исто така ставен на берзата во Милано, позната како Borsa Italiana.
Аеродромот е поврзан со блиската железничка станица Венеција-Местре, автобуска станица, како и водено такси до Плоштадот Свети Марко.