Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Italy Lombardy" does not exist
Аеродромот Милано Малпенза (IATA: MXP, ICAO: LIMC)[3][4] — сместен во околијата Варезе, околу 45 километри од центарот на Милано, и е еден од трите аеродроми што го опслужува градот.
До аеродромот може да се стигне преку автопатот Милано - Варезе, како и со железничката линија која започнува од станицата "Милано Кадерна". Поврзан е со аеродромот Милано Линате со автобуска линија како и со локална транспортација.
Аеродромот Милано Малпенза во 2007 година обработуваше околу 23,7 милиони патници (33 милиони заедно со Милано Линате аеродромот, или преку 39 милиони патници заедно со третиот аеродром кој го опслужува Милано, Орио ал Серио аеродромот). До овој момент, Милано Малпенза аеродромот останува број 1 аеродром во Италија по бројот на патници, заедно со аеродромот Леонардо да Винчи во Рим.
При крајот на 2007 година, Алиталија изјави дека ја затвора својата база на Милано Малпенза аеродромот, бидејќи беше донесено одлука авиокомпанијата да се фокусира на аеродромот Леонардо да Винчи. Од одредиштате што Алиталија ги опслужуваше од Милано Малпенза, ќе останат само три прекуокеански летови, и тоа до: Њујорк Кенеди, Токио Нарита и Саун Пауло.
Аеродромот Милано Малпенза има два терминала, Терминал 1 за комерцијален сообраќак, и Терминал 2 за нискобуџетни авиокомпании. Терминалот 1 има два сателита: А - Релации во Италија и Европа (Шенген зона). Б - Меѓународен сообраќај. Третиот сателит (Ц) — во фаза на изградба, а исто така ќе биде изградена и трета писта. Постои и карго терминал, наречен "CargoCity" кој обработува околу 410,000 тони карго на годишно ниво.
Статистика
Година
Патници
Полетувања/Слетувања
Карго (тони)
Јан - Јун 2008
9,866,803
114,750
238,884
2007
23,885,391
267,941
486,666
2006
21,767,267
247,456
419,128
2005
19,630,514
227,718
384,752
2004
18,554,874
218,048
361,237
2003
17,621,585
213,554
362,587
2002
17,441,250
214,886
328,241
2001
18,570,494
236,409
323,707
2000
20,716,815
249,107
301,045
Извор: Assaeroporti
Транспортација до аеродромот
Воз
Аеродромот Милано Малпенза е поврзан со станицата Милано Кадорна преку железничката линија Малпенза Експрес, со застанување на станицата Saronno Centrale и Milano Bovisa. Возовите заминуваат од терминал 1 на секои 30 минути и патувањето трае 45 минути.
Автобус
Малпенза Комби сервисот и Малпенза Bus Express сервисот го поврзуваат аеродромот со централната железничка станица во Милано како и со метрото. Патувањето трае околу 1 час.
Бесплатен комби сервис е понуден помеѓу Терминал 1 и Терминал 2, на секои 20 минути, 24 часа дневно. Исто така аеродромот е поврзан со Линате аеродромот како и со автобуски линии до останатите градови во северна Италија и Швајцарија.
Такси
Такси превоз е достапен на излезот од двата терминали.
Автомобил
Аеродромот е поврзан со автопатот А8(Што ја поврзува Италија со Швајцарија, како и со автопатот А4 кој води до Торино.