Аеродром Дортмунд
Аеродромот во Дортмунд (IATA: DTM, ICAO: EDLW) е меѓународен аеродром во Дортмунд, Германија. Слоганот на аеродромот е Näher als man denkt (Поблиску отколку што мислиш). Капацитетот на аеродромот е околу 2,5 милиони патници во 2008 низ аеродромот поминаа околу 2,3 милиони патници. ИсторијаАеродромот, оригинално започна со сервис во 1925 година, од страна на Aero Lloyd, со летови кон Париз. Заклучно со сезоната 1927/28, аеродромот оперираше 2589 летови годишно. За време на Втората светска војна, аеродромот беше користен како Германска воздушна база, и повремено беше користен од Британските Кралски воздушни сили. Аеродромот беше под контрола на Британските воени сили до 1990. Слаб почетокВо декадите по втората светска војна, аеродромите во Диселдорф и Келн/Бон беа доминантни комерцијални аеродроми ви Рин - Рур околијата. Дополнително, аеродромите во Хановер и Оснабрик исто така имаа мал удел во комерцијалниот воздушен сообраќај во тој регион. Комерцијалниот сервис започна повторно во 1979 година со дневни летови кон Минхен, Нирнберг и Штутгарт. По обединувањето на Германија, Дрезден, Лајпциг, Берлин и Лондон беа додадени во списокот на одредишта. ОбноваПри крајот на 2000 година, аеродромот доживува драстично зголемување на авиосообраќајот. Во 90-тите години, сообраќајот најмногу бепе ограничен на неколку одредишта низ Германија, но во денешно време најголем дел од сообраќајот им припаѓа на нискобуџетните компании кои оперираат кон бизнис центри и познати туристички одредишта. EasyJet го направи аеродромот своја централа, како и Germanwings во 2007 година. Транспорт до аеродромотАеродромот Дортмунд е опслужен со автобус од Железничката станица во Дортмунд. ИднинаГлавниот план ги содржи следниве планови за иднина:
Авиокомпании и одредишта
|
Portal di Ensiklopedia Dunia