Акти на исклучување на анархистиАктите на исклучување на анархисти се два акти донесени од Конгресот на САД со цел да се спречат имигрантите со анархистички идеи да влезат во земјата. Актот од 1901Првиот Акт на исклучување на анархисти (официјално донесен под името Акт за регулирање на странци имигранти во САД)[1],беше донесен на 57 Конгрес на САД, на последниот ден од сесијата, 3 март, 1903 (и повтроно донесен на 29 јуни, 1906)[2], набрзо по убиството на американскиот претседател Вилијам Меккинли од страна на Леон Цолгоз, кој, парадоксално, не беше имигрант, туку син на полски имигранти, роден во САД. Тогашниот претседател Теодор Рузвелт побара легислатива од Конгресот, која беше првата легислатива во САД по Странските и седициски акти од 1798 што овозможуваа да се испрашуваат оние кои се обиделе да влезат во земјата, за нивните политички ставови.[3] Актот особено го спречува секој:
Веднаш по говор одржан од страна на шкотскиот анархист Џон Тарнер на Мјуреј Хил Ликеум, авторитетите за имигрантските прашања го уапсија Тарнер и пронајдоа копија од Слободно општество од Јохан Мост, како и распоред на држање говори на Тарнер, меѓу кои се наоѓаше и чествување на Хајмаркетските маченици. Тоа беше доволен доказ за да го депортираат. Веднаш потоа, Ема Голдман организираше Лига на слободен говор како одговор на депортацијата. Таа ги регрутираше Кларенс Дароу и Едгар Ли Мастерс да го бранат Тарнер.[5] Откако Голдман организираше средба со Синдикатот на бакар (анг, „Cooper Union“) за тие што се спротивствуваа на депортацијата, во Њујорк Тајмс се пишуваше за поддршка на актот и на депортацијата на Тарнер.Тие реферираа кон луѓето кои присуствуваа на состанокот како „неписмени и полулуди сонувачи“ и изјавија дека тоа за земјата е „право - со верувањето во Конгресот и на мнозинството, најверојатно на повеќето Американци, дека е наша должност - да го исклучиме.“[4] Дароу и Мастерс ја изнесоа нивната одбрана на Тарнер пред Врховниот суд на САД. Тие сметаа дека законот не бил уставен и дека Тарнер бил само „филозофски анархист“, оттаму не бил закана за власта. Судот донесе одлука против Тарнер, а судијата Мелвил Фулер ја напиша судската одлука. Фулер образложил дека уставот не важи за странци и дека конгресот го има правото да забрани влез на било кој за кој тие сметале дека претставува закана за земјата. Тарнер беше првиот кој го депортираа под овој акт.[5] Следната година, од 7944 луѓе на кои им беше забрането влез во САД, на еден од нив му беше забрането бидејќи е анархист.[6] Актот од 1918![]() Вториот акт (познат под името Имиграциски акт) беше донесен на 16 октомври, 1918.[7] Во него пишува:
Во 1919, Њујорк Тајмс изјави дека во фискалната 1918 година, две лица беа „исклучени од САД“... и дека „триесет и седум беа депортирани поради илегален престој во земјата“.[8] Помеѓу поозлогласените анархисти депортирани под овој акт беше и Лујџи Галеани и неколку негови следбеници; Галеанистите бае одговорни за смртоносните бомбардирања што достигнаа кулминација во 1919 и 1920.[9] Ема Голдман и Александар Беркман беа исто така депортирани под овој акт. Откако повеќе од 4000 наводно комунисти беа уапсени и подготвени за депортација под актот, Бирото на трудот одби да ги депортира овие луѓе; Секретарот на трудот Вилијам Б. Вилсон беше закануван си импичмент поради тоа одбивање.[10] Вкупно 556 лица евентуално беа депортирани под Актот од 1918 за исклучување на анархисти. Актот беше повлечен во 1952. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia