Портал:АнархизамМакедонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
АНАРХИЗАМ![]() Анархизмот е политичка теорија која се залага за елиминација на задолжителната власт (државата) како непотребна, штетна и непосакувана и го поддржува укинувањето на сите политички, економски и општествени хиерархии. Таквото општество за кое се залагаат анархистите, тие го нарекуваат анархија. Анархизмот може да се дефинира и како, став дека општеството може и треба да биде организирано без насилната држава. Анархизмот вообичаено е сметан за радикална левичарска идеологија. Постојат многу типови и традиции на анархизам, не сите од нив се меѓусебно исклучиви. Анархистите имаат различни ставови за економската и легалната организација на општеството: некои претпочитаат колективистички анархизам, анархосиндикализам или партиципаторна економија, додека други поддржуваат пазарна економија и приватна сопственост како мутуализмот, а други пак, како анархокомунистите предлагаат економија на подароци, т.е. „на секому според потребите“. Прочитајте повеќе
уреди
Избрана статијаАнархистичкиот комунизам е форма на анархизам што предлага напуштање на државата и капитализмот во однос на хоризонтална мрежа на доброволни асоцијации каде што секој и секоја ќе биде слободен и слободна да ги задоволи сопствените потреби. Анархистичкиот комунизам е исто така познат и како анархокомунизам, комунистички анархизам или понекогаш слободарски комунизам. Сепак, додека сите анархокомунисти се слободарски комунисти, некои од слободарските комунисти, како на пример советничките комунисти, не се анархисти. Тоа што го разликува анархистичкиот комунизам од варијантите на слободарскиот комунизам е во спротивставувањето на сите форми на политичка моќ, хиерархија или доминација.
уреди
Категорииуреди
Клучни статии
уреди
Работи кои може да ги направиш
уреди
Избрана слика![]()
уреди
Избрана биографија![]() Михаил Александрович Бакунин (руски: Михаил Александрович Бакунин; 30 мај 1814 – 1 јули 1876) — прочуен револуционер и еден од „татковците“ на современиот анархизам. Михаил Александрович Бакунин е роден во 1814 во аристократско семејство во селото Прјамухино помеѓу Торжок и Кувшиново, во Тверската губернија, северозападно од Москва. На возраст од 14 години оди во Петроград, каде што се здобива со воена обука при Универзитетот за артилерија. Ги завршува студиите во 1832 година, а во 1834 е назначен за помлад офицер во Руската Царска Гарда и бил испратен во Минск и Гардинас во Литванија (денес Белорусија). Тоа лето, Бакунин се најде во семејна расправија, каде што ја зазема страната на сестра си, која се бунтува поради несреќниот брак. И покрај желбите на татка си да продолжи во воената или цивилната служба, Бакунин оди во Москва со надеж дека ќе студира философија.
уреди
Дали сте знаеле...уреди
Поврзани портали
уреди
Анархизам на останатите вики проекти...
|
Portal di Ensiklopedia Dunia