Александар Јаневски

Александар Јаневски ( 1927 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Биографија

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа како напреден младинец бил вклучен во акциите за помагање на оруженото востание против окупаторот. На 7 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада и бил распореден во првата чета на вториот баталјон. Со бригадата учествувал во борбите против непријателот, во близина на Скопје. Бил учесник во уличните борби и заземањето на големото германско упориште во зградата на училиштето „Гоце Делчев“. Токму во таа битка го изгубил и својот живот во битките за ослободување на Скопје.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 198. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya