Дванаесетта македонска ударна бригада (позната и како Скопска ударна бригада) била формирана на 12 септември 1944 во с. Војница, Велешко. Била формирана од околу 500 новопристигнати борци од Скопско и десетина борци од Третата македонска ударна бригада како раководен кадар. Веќе на 6 октомври 1944 година, бројот на борците бил 870 борци и старешини, откако кон бригадата се приклучил и Четвртиот скопски партизански одред со 370 борци.[1] Формациски била дел од Четириесет и втората дивизија на НОВЈ.
По формирањето бригадата имала малку оружје 60 пушки, 5 автомати и неколку пиштоли, па заради вооружување на 14 септември 1944 година била упатена на кумановскиот терен во придружба на борци од Осмата македонска ударна бригада.[1]
на 22 септември 1944 година, бригадата била упатена на теренот југозападно од Скопје, каде се приклучиле уште околу 265 борци. Ова било извршено со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ со која сите скопјани кои излегле како борци на овој терен, се упатувале да бидат дел од оваа бригада.[1] Бригадата водела успешни борби, посебно со балистите во пределот на Грчец, Нерези и Крушопек, ја онеспособувала пругата кај с. Зелениково како и станицата кај село Драчево и учествувала во ослободувањето на Велес и Скопје. При нападот за ослободување на Скопје, на 13 ноември1944 година, бригадата броела 1100 борци и старешини.
Во секој слободен момент на Бригадата се увежбувале борбени песни на различни јазици. Најангажирани во репертоарот биле Климе Куновски и Благоја Таневски - Бела. Со помош на својата тамбура Климе Куновски, почнал да работи на аранжман и текст за да го оформи Маршот на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Која во целост била завршена после првите жртви кои ги претрпела Бригадата ноќта помеѓу 29 и 30 септември при нападот на железничката станица во Драчево, кога биле допишани последните две строфи. Текстот на Маршот гласел:[3]
Дванаесеттата Бригададенеска е в строј
Иако уште млада, ал' спремна за бој.
Во бој, во бојсо сите сили,
бидете спремниза народот свој.
Како силен Вардар ибура од Шар,
за борба е кадар,другарка, другар.
Од гнасни варвариво нерамен бој
паднаа другари,за народот свој.
Спијте си спокојноживее духот ваш,
на полето бојно,успехот е наш.
Список на броците во бригадата
Борци на дванаесеттата македонска ударна бригада[4]