Александар Дјаченко (велосипедист)За кајакарот, видете Александар Дјаченко.
Александар Дјаченко (руски: Александр Дьяченко; р. 17 октомври 1983) — поранешен казахстански професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2004-2015 година. Ја започнал неговата професионална кариера во друмскиот велосипедизам, со велосипедската екипа Капек во 2004.[1] Во 2008 му се приклучил на тимот Улан. Но од 2009, тој е член на екипата Астана.[2] Во 2012, Дјаченко имал солиден настап на Трката околу Турција, каде завршил како втор во генералниот пласман, но првичниот победник Ивајло Габровски се покажал позитивен на ЕПО. Во октомври било објавено дека на Габровски му е одземена титулата, која му била доделена на Дјаченко.[3] Дјаченко го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[4] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia