Вуелта а Еспања 2012
Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август 2012 и било 67. издание на трката. Трката започнала во Памплона со екипен хронометар, а завршила традиционално на 9 септември во Мадрид. Изданието во 2012 го одбележало враќањето на Бола дел Мунде, планинската завршница на една етапа. Тоа било местото на возбудливата битка помеѓу победникот Винченцо Нибали и второпласираниот Езекил Москера на изданието од 2010.[1][2] По првпат од 1994, трката го посетила регионот Навара. Памплона била посетена од некој Гранд Тур во 1996, кога градот бил домаќин на крајот на етапа на Тур де Франс 1996. На таа етапа, трката му оддала почит на Мигел Индураин поминувајќи низ неговото родно село Вилава. Трката по вторпат била освоена од Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк, остварувајќи ја својата прва победа во генерален пласман по неговото враќање по суспензијата за допинг.[3] Контадор, кој ја освоил седумнаесеттата етапа на трката по соло нападот, го освоил генералниот пласман со 1' 16" пред второпласираниот Алехандро Валверде од екипата Мовистар Тим. Двократниот етапен победник Валверде исто така освоил и два секундарни пласмани на трката на последниот ден; освојувајќи го шестото место на етапата во Мадрид избил со бројот на бодови пред Хоаким Родригес (Катјуша) во тој пласман и неговиот резултат ги заменил местата, притоа дозволувајќи му на Валверде да го преземе и комбинираниот пласман - каде се броел најнискиот вкупен резултат во сите пласмани.[4] Заокружувајќи го потполно шпанскиот подиум,[5] Родригес ја завршил трката трет, 21 секунда зад Валверде и 1' 37" зад Контадор, притоа водејќи на трката 13 дена помеѓу четвртата и шеснаесеттата етапа. Родригес исто така постигнал три етапни победи, веднаш зад спринтерот од Аргос-Шимано Џон Дегенколб, кои освоил пет етапи, најмногу од еден Германец на Вуелта.[6] Возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк станал вториот Австралиец, кој освоил планински пласман на некој Гранд Тур, додека Мовистар Тим удобно го освоиле екипниот пласман.[7] ЕкипиСите 18 UCI ProTour екипи биле автоматски поканети на трката, каде им се придружиле четири други екипи, кои добиле специјални покани на 1 март 2012[8]: 18 ProTour екипи: Екипи кои добиле специјални покани: За повеќе информации, видете Список на екипи и велосипедисти на Вуелта а Еспања 2012. Фаворити пред тркатаПобедникот на изданието на трката од 2008, Алберто Контадор, го направил своето прво појавување на Гранд Тур по неговата суспензија, откако се покажал дека бил позитивен за забранети супстанци на Тур де Франс 2010 и се сметал за еден од главните фаворити за освојување на трката. Друг фаворит бил Крис Фрум, кој завршил втор на Вуелта 2011 и Тур де Франс 2012 и ја предводел екипата Скај на трката, откако минатата година му помагал на Бредли Вигинс. Победникот на изданието од 2011, Хуан Хосе Кобо, се обидел да ја преслика победата од минатата година по разочарувачката сезона 2012 и бил колидер на екипата Мувистар, заедно со Алехандро Валверде. Други кандидати за подиум билее Хоаким Родригес од Катјуша, кој завршил втор на Џиро д’Италиа 2012, Игор Антон од Еускалтел-Еускади, Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, Дамијано Кунего од Лампре и Роберт Гесинк од Рабобанк. Возачи кои можат да дојдат до првите десет се и колегите на Фрум, Ригоберто Уран и Серхио Енао, возачот на Рабобанк Бауке Молема, возачот на РадиоШек Максим Монфор, возачот на Вакансолел Томас де Гент и Николас Роуш од Аг2р-Ла Мондијал. Етапи
Пласмани
ПоредокГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Комбиниран пласман
Екипен пласман
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia