Александар Зверев
Александар "Саша" Зверев (роден на 20 април 1997 г.) — германски професионален тенисер. Негов најдобар пласман во кариерата според рангирањето на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) е 3. место кое прв пат го достигнал во ноември 2017 година. Тој има освоено 19 АТП титули во поедиенечна конкуренција и две во двојки. Зверев е двократен освојувач на титулата на АТП Мастерс финалето, и тоа во 2018 и во 2021 година и е освојувач на златниот медал на Летните олимписки игри 2020 во Токио. Негов најдобар резултат на гренд слем турнирите е финале на Отвореното првенство на САД 2020 и полуфинале на Отвореното првенство на Австралија 2020 и Отвореното првенство на Франција 2021. Тој е единствениот активен играч покрај големата четворка со освоени пет АТП Мастерс 1000 титули. Зверев е поранешен светски бр.1 јуниор, и ја освоил јуниорската гренд слем титула на Отвореното првенство на Австралија 2014. Тој рано се пробил на професионалната турнеја, станувајќи еден од најмладите освојуваќи на титула на АТП Челинџер серијата, на 17-годишна возраст. Првата титула во кариерата, Зверев ја освоил на Отвореното првенство на Санкт Петербург во 2016 година. Една година подоцна, на мастерсот во Мадрид, тој ја освоил првата титула од серијата АТП Мастерс 1000. На 20-годишна возраст, Зверев бил најмладиот играч во најдобрите 20 на АТП рангирањето, по Новак Ѓоковиќ. Зверев бил дел од европскиот тим кој ја освоил титулата во Лејвер купот во 2018 и 2019 година. Зверев е агресивен играч од основната линија кој поседува силни форхенд и бекхенд удари. Неговата висина од 1.98 метри му овозможува силни сервиси под остар агол, кои достигнуваат брзина до 220 км/ч. Тој бил прогласен за германски спортист на годината во 2021 година.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia