Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ (српски: Новак Ђоковић; 22 мај 1987 во Белград) — српски професионален тенисер. Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир.[1] Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн. Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година. Од финалето во Дејвис купот во 2010 година до „мастерсот“ во Рим во 2011 година, Ѓоковиќ направил низа од 36 последователни победи, вклучувајќи ги титулите на Австралијан Опен, Дубаи, „мастерсот“ во Индијан Велс, Србија Опен и „мастерсот“ во Мадрид. Подоцна, тој победил на 41 последователни натпревари од почетокот на 2011 година, што е втора најдолга низа од 1980 година (зад Џон Мекинро кој имал 42 последователни победи во 1984 година). Ѓоковиќ е двоен добитник на наградата најдобар спортист во Србија и најдобар спортист според Олимпискиот Комитет на Србија и се смета за најдобриот машки тенисер кој произлегол од Србија и од поранешната Југославија. Исто така, Ѓоковиќ е носител на Орденот на Св. Сава, најголемиот орден на СПЦ. ЖивотописНовак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан Ѓоковиќ и Дијана Жагар. Неговиот татко е Србин со косовско и црногорско потекло, а мајка му е Хрватка. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.[2] Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.[3][4] На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европското првенство во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако. Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот. Така, по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, тој ја забавувал публиката, имитирајќи ги Рафаел Надал и Марија Шарапова. Подоцна, тој направил и имитација на тенискиот великан Џон Мекинро, на УС Опен во 2009 година, кога одиграл краток натпревар со Мекинро, на големо задоволството на публиката. Поради неговиот добродушен карактер, тој го заработил прекарот „Џокер“, врз основа на неговото презиме и зборот „шегаџија“ (Joker). Тениска кариераРана кариераВо 2001 година, како член на репрезентацијата на СР Југославија, Ѓоковиќ стигнал до финалето на Јуниорскиот Дејвис Куп за возраст до 14 години, каде што го загубил мечот во поединечна категорија. На почетокот на неговата професионална кариера, Ѓоковиќ главно играл во групната фаза на турнирите, освојувајќи по три од секој од нив од 2003 до 2005 година. Неговиот прв турнир за пласман бил во Умаг во 2004 година, каде што се соочил со Фелипо Воландри, при што загубил со 6-7 и 1-6. За првпат, тој заиграл на некој Гренд слем турнир во 2006 година, кога се квалификувал на Отвореното првенство на Австралија. Таму, во првото коло тој се сретнал со Марат Сафин (кој таа година гоосвоил турнирот) и загубил убедливо во три сета (0-6, 2-6 и 1-6). 2006 годинаВо 2006 година вниманието на јавноста го привлекле гласовите дека неговото семејство може да се пресели од Србија во Британија, но тие гласини не влијаеле врз играта на Ѓоковиќ. Така, тој набргу стигнал до 40-тото место на светската ранг-листа поради пласманот во четврфиналето на Ролан Гарос и пласманот во четвртото коло на Вимблдон. Три недели по Вимблдон, Ѓоковиќ ја освоил својата прва титула на Холандското отворено првенство во Амстердам, и тоа без да загуби ниту еден сет, победувајќи го Николас Масу во финалето. Својата втора титула во кариерата Ѓоковиќ ја освоил на турнирот во Мец, со што за првпат во кариерата успеал да се пласира меѓу најдобрите 20 тенисери во светот. 2007 годинаЃоковиќ ја започнал годината победувајќи на турнирот во Аделаид, победувајќи го Австралиецот Крис Гучионе во финалето, за потоа да изгуби во четвртата рунда на Австралијаn Опен од подоцнежниот шампион Роџер Федерер во два сета. Неговите успеси на турнирите во Индијан Велс и Ки Бискејн, каде бил вицешампион и шампион последователно, му овозможиле да влезе меѓу десетте најдобри тенисери во светот. Ѓоковиќ го загубил финалето во Индијан Велс од Рафаел Надал, но потоа го победил Надал во четвртфиналето во Ки Бискејн, пред да го победи Гиљермо Кањас во финалето. Веднаш по неговата прва титула во „Мастерс“-серијата тој се вратил дома за да ѝ помогне на својата земја да стигне до светската група во Дејвис Купот. Србија се соочила со Грузија и Ѓоковиќ донел бод со победата над Џорџ Чантуриа. Потоа, Ѓоковиќ играл и на „мастерсот“ во Монте Карло, каде што бил поразен од Давид Ферер во третото коло, а на Есторил Опен го победил Ричард Гаске во финалето. Потоа, тој стигнал до четвртфиналињата на двете Интернационал д Италија во Рим и на „мастерсот“ во Хамбург, каде претрпел порази од Надал и од Карлос Моја, последователно. На Ролан Гарос, Ѓоковиќ стигнал до своето прво Гренд Слем полуфинале каде што загубил од подоцнежниот шампион Надал. На турнирот во Вимблдон, Ѓоковиќ победил во петчасовен меч со Маркос Багдатис со 7-6, 7-6, 6-7, 4-6, 7-5. Во неговиот прв полуфинален меч со Надал тој морал да се откаже поради проблеми со стапалото и со грбот. Сепак, Ѓоковиќ продолжил со успесите, освојувајќи го Роџерс Купот во Монтреал. Таму, тој го победил третиот тенисер во светот Енди Родик во четврфиналето, вториот тенисер во светот Надал во полуфиналето, и првопласираниот тенисер во светот Федерер во финалето. Од 1994 година, кога Борис Бекер направил таков успех, тоа било првпат некој играч да ги победи прворангираните три тенисери во светот на еден турнир. Исто така, Ѓоковиќ бил вториот играч, пос Томаш Бердих, кој ги победил Федерер и Надал откога тие станале двајцата најдобри тенисери во светот. По овој турнир, Бјорн Борг изјавил дека Ѓоковиќ е „дефинитивно кандидат за освојување на „гренд слем“ турнир.[5] Меѓутоа, на турнирот во Синсинати, Ѓоковиќ изгубил уште во второто коло од Моја, во два сета. Сепак, тој стигнал до финалето на „УС Опен“ каде, иако имал пет сет-топки во првиот и две сет-топки во вториот сет, сепак го загубил финалето од прворангираниот Федерер, во два сета. ![]() За време на турнирите во 2007 година Ѓоковиќ се појавил како фаворит на публиката, благодарение на неговите имитации на другите играчи на теренот, вклучувајќи ги Рафаел Надал, Енди Родик и Марија Шарапова. Ѓоковиќ ја освоил петтата титула во таа година на тенискиот трофеј во Виена, победувајќи го Станислас Вавринка во финалето. Неговиот следен настап бил на „Мутуа Мадрилеина Мастерс“ во Мадрид, каде што загубил од Давид Налбандијан во полуфиналето со 6-4, 7-6. Така, Ѓоковиќ ја завршил годината како третопласиран во светот, со што се квалификувал за завршницата на тенискиот Мастерс-куп, но не ги поминал мечевите во групната фаза. Таа година, Ѓоковиќ добил „златен беџ“, награда за најдобар спортист на Србија, а исто така и Олимпискиот Комитет на Србија го прогласил за најдобар спортист. 2008 година![]() Ѓоковиќ ја започнал годината играјќи во Хопман купот, заедно со неговата пријателка Србинката Јелена Јанковиќ која била третопласирана во светот. Тој ги добил сите натпревари во мечевите за својот тим, стигнувајќи во финалето, каде загубиле од американскиот тим кој се состоел од Серена Вилијамс и Марди Фиш. На отвореното првенство на Австралија, Ѓоковиќ стигнал до финалето без ниту еден изгубен сет, вклучувајќи ја и победата на двојниот бранител на овој турнир Роџер Федерер во полуфиналето. Така тој се пласирал во своето второ гренд слем финале по ред, а со пласманот во полуфиналето, Ѓоковиќ станал најмладиот играч кој стигнал до полуфиналињата на сите четири гренд слем турнири. Во финалето, Ѓоковиќ го победил Французинот Џо-Вилфред Цонга во четири сета (4-6, 6-4, 6-3, 7-6) и ја освоил првата титула на еден „гренд слем“ турнир во поединечна конкуренција.[6] Следниот настап на Ѓоковиќ му билна Тениското првенство во Дубаи, каде што загубил во полуфиналето од Енди Родик. ![]() На „мастерсот“ во Индијан Велс, Ѓоковиќ ја освоил својата деветта титула во кариерата во поединечна конкуренција, победувајќи го во финалето Американецот Марди Фиш, во три сета. Ѓоковиќ ја освоил десеттата титула во кариерата во поединечна конкуренција и четвртата „мастерс“ титула на турнирот во Рим. Следната недела, на „мастерсот“ во Хамбург, Ѓоковиќ загубил од Надал во полуфиналето. На Ролан Гарос во Париз, Ѓоковиќ бил трет носител, зад Федерер и Надал. На овој турнир, Ѓоковиќ повторно загубил од Надал во полуфиналето, во два сета. Ѓоковиќ уште еднаш се соочил со Надал, но овој пат во финалето во Квинс клубот, во Лондон, каде пак загубил во два сета (6-7, 5-7). ![]() На Вимблдон, Ѓоковиќ бил трет носител, меѓутоа загубил во второто коло од Марат Сафин и со тоа била прекината серијата од пет последователни „гренд слем“ турнири каде стигнувал барем до полуфиналето. Потоа, Ѓоковиќ не успеал да ја одбрани неговата титула од 2007 година во поединечна конкуренција на Роџерс купот во Торонто, каде бил елиминиран во четвртфиналето од Енди Мареј со 3-6, 6-7. Следната недела, на „мастерсот“ во Синсинати, Ѓоковиќ се пласирал во финалето, победувајќи го Надал, а во финалето повторно загубил од Мареј, во два сета. Неговиот следен турнир била Олимпијадата во Пекинг, неговата прва летна Олимпијада. Тој и Ненад Жимониќ биле втори носители во двојките за мажи, но биле елиминирани во првото коло од чешкиот пар Мартин Даманд и Павел Вишнер. Како трет носител во поединечна конкуренција, Ѓоковиќ загубил во полуфиналето од Надал со 4-6, 6-1, 4-6, а потоа, во борбата за бронзениот медал, го победил Џејмс Блејк, во два сета (6-3, 7-6). По Олимпијадата, Ѓоковиќ настапил на УС Опен како трет носител. Тој заработил неколку повреди за време на натпреварите на турнирот, поттикнувајќи досетка од Енди Родик дека Србинот има „16 повреди“, вклучувајќи САРС, птичји грип и вообичаена настинка. Ѓоковиќ го победил Родик во четвртфиналето, а во интервју по мечот изразил неодобрување на коментарите на Родик, зголемувајќи ја поддршката од публиката во Њујорк. Неговиот настап на УС Опен завршил со поразот во полуфиналето од Роџер Федерер. По УС Опен, Ѓоковиќ настапил на уште четири турнири: тој загубил во финалето на Тајланд Опен од Џо-Вилфред Цонга, во два сета; во ноември бил втор носител на последниот тениски „мастерс“ во Шангај, бидејќи Надал не можел да учествува. Во првиот меч од групата на турнирот, тој го победил Хуан Мартин Дел Потро во два сета. Потоа го победил Николај Давиденко во три сета, но го загубил последниот меч во групата против Цонга со 6-1, 5-6, 1-6. Сепак, и покрај овој пораз, Ѓоковиќ се пласирал во полуфиналето, победувајќи го Жиле Симон (4-6, 6-3, 7-5), а во финалето го победил Давиденко, со што ја освоил првата титула на тенискиот „Мастерс-куп“. 2009 годинаЃоковиќ ја започна годината на Бризбејн Интернешнл во Бризбејн, каде што беше изненаден од Ернест Губи во првата рунда.[7] На Медибанк Интернешнл во Сиднеј тој загуби од Јарко Ниеминен во полуфиналето. Ѓоковиќ ќе беше број 2 во светот доколку го победеше овој меч. Како бранител на титулата на Австралијан Опен, Ѓоковиќ се повлече од неговиот четвртфинален меч со поранешниот број 1 во светот Енди Родик додека губеше во четвртиот сет со 6-7, 6-4, 6-2, 2-1 поради исцрпеност од жештината, грчеви во мускулите и болка. Неговото повлекување навлече критики од неколкуте играчи кои останаа на турнирот, вклучувајќи го и Роџер Федерер. Откако загуби во полуфиналето на Оупен 13 турнирот во Марсеј од Џо-Вилфред Цонга, Ѓоковиќ ја освои титулата во поединечна конкуренција на тениското првенство во Дубаи, победувајќи го Давид Ферер за да ја освои својата дванаесетта титула во кариерата. Наредната недела Ѓоковиќ беше шампионот кој ја брани титулата во БиЕнПи Парибас Опен во Индијан Велс, Калифорнија, илјадитиот настан на светската АТП Мастерс турнеја, но загуби од Родик во четвртфиналето со 6-3, 6-2. На Сони Ериксон Опен во Ки Бискејн, Флорида, уште еден илјадити светски АТП Мастерс турнир Ѓоковиќ го победи Федерер во полуфиналето 3-6, 6-2, 6-3 пред да загуби од Енди Мареј во финалето. ![]() Ѓоковиќ стигна до финалето на наредниот светски АТП Мастерс 1000 турнир, на Ролекс Мастерс во Монте Карло на песок, каде загуби од Рафаел Надал во финалето. На Интернационал ДиЕнБи д Италија во Рим, уште еден турнир од Светската АТП Мастерс турнеја, Ѓоковиќ беше бранител на трофејот, но уште еднаш загуби во финалето од Роџер Федерер. Ова предизвика Ѓоковиќ да се симне до четвртото место на АТП списокот на 11 мај, завршувајќи 81 последователна недела како трет во светот. Ѓоковиќ беше прв носител на турнирот во неговиот роден град на Србија-Оупен во Белград. Тој го победи финалистот по првпат, Лукаш Кубот за да ја освои својата втора титула во таа година. Како трет носител на Мутуа Мадриеина Мадрид Опен, Ѓоковиќ се пласираше во финалето без изгубен сет. Таму се соочи со Надал за третпат во пет недели и, покрај трите меч топки изгуби со 3-6, 7-6, 7-6. Натпреварот, со 4 часа и 2 минути, беше најдолгиот меч во три сета во поединечна конкуренција на светската АТП турнеја во поновата ера. На Ролан Гарос тој загуби од Германецот Филип Колшраибер во третата рунда со 6-4, 6-4,6-4. Ѓоковиќ ја започна сезоната на трева на Гери Вебер Опен, каде после повлекувањето на Федерер, тој се натпреваруваше како прв носител. Тој се пласира во финалето, каде што загуби од Германецот Томи Хас. Ѓоковиќ исто така згуби од Хас и во четвртфиналето на Вимблдон со 7-6, 7-6, 4-6, 6-3. За време на Ју Ес отворените серии, Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето во Роџерс купот во Монтреал пред да загуби од Енди Родик со 6-4, 7-6. Ова беше негов трет пораз од Родик таа година. На Мастерсот на Западната и Јужната Финансиска група во Синсинати, Ѓоковиќ го победи третиот во светот Рафаел Надал во полуфиналето со 6-1, 6-4 за да стигне до своето второ едноподруго финале на ова натпреварување. Тој загуби во финалето од светскиот рекет број 1 Роџер Федерер со 6-1, 7-5. На УС Опен во 2009 година, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето притоа губејќи само два сета, победувајќи ги таквите како Иван Љубичиќ, 15 носител Радек Штепанек и 10 носител Фернандо Вердаско на патот до полуфиналето. Сепак тој загуби од Федерер во полуфиналето во тешка и тврда средба со 7-6, 7-5, 7-5. Ѓоковиќ потоа учествуваше во Чајна Опен во Пекинг. Тој го победи Виктор Ханеску, Виктор Троицки, Фернандо Вердаско и Робин Содерлинг на патот до финалето, каде го победи Мартин Чилиќ во два сета 6-2, 7-6 освојувајќи ја третата титула таа година. Ѓоковиќ го достигна 3-тото место во светот на 19 октомври, како резултат на неговата изведба на овој турнир.и повлекувањето на Енди Мареј од Шангај Мастерс во 2009 година. На воведот во Шангај АТП Мастерс 1000 Ѓоковиќ загуби во полуфиналето од шестиот носител и подоцнежен шампион Николај Давиденко со 6-4, 4-6, 6-7 во меч од 3 часа. На Давидоф Свис Индорс во Базел, Ѓоковиќ го доби првиот меч во кариерата неречен дупли ѓеврек победувајќи го Јан Хенрих со 6-0, 6-0 за пласман во четврт-финалето. Таму се врати од дефицит од еден сет и еден брејк до победа против Станислас Вавринка во четврт-финалето, 3-6, 7-6, 6-2. Во полуфиналето тој спаси три меч топки за да дојде до победа против Радек Штепанек, 6-7, 7-5, 6-2. Во финалето тој го победи домашниот фавотит и бранителот на три титули во ова натпреварување Роџер Федерер со 6-4, 4-6, 6-2 за да ја освои четвртата титула таа година. Со таа победа Ѓоковиќ го задржа совршениот резултат од 15-0 на Светските АТП 500 турнири во 2009 година. На последниот Мастерс 1000 настан во годината БиЕнПи Парибас Мастерс во Париз, Ѓоковиќ конечно ја освои својата прва титула во Мастерс 1000 таа година. Го победи Рафаел Надал со 6-2, 6-3 во полуфиналето во 77 минути удурајќи 31 винер на пат кон победата. Во финалето Ѓоковиќ издржа неколку враќања во мечот од страна на Гаел Монфис конечно преовладувајќи, 6-2, 5-7, 7-6. Ближејќи се кон крајот на годината, финалето на АТП светската турнеја во Лондон бранителот на титулата Ѓоковиќ го победи Николај Давиденко во неговиот прв натпревар во групата 3-6, 6-4, 7-5, зголемувајќи ја својата победничка серија на 11 мечеви. Неговата серија беше сепак прекината во вториот меч, каде Ѓоковиќ кој изгледаше уморно изгуби за првпат во неговиот шести меч во кариерата против Робин Содерлинг, 7-6, 6-1. И покрај победата против Рафаел Надал, 7-6, 6-3 во финалниот меч Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето поради процентот на добиени сетови кој беше инфериорен со оној на Давиденко во нерешениот резултат помеѓу Содерлинг, Давиденко и Ѓоковиќ (сите тројца ја завршија оваа фаза со учинок од 2-1). Ѓоковиќ ја заврши годината како трет во Светот, трета година по ред. Ѓоковиќ одигра 97 натпревари за време на целата година повеќе од било кој играч на АТП светската турнеја со резултат 78-19 победи наспрема порази. Во продолжение како предводник на АТП светската турнеја во победи во мечевите, тој ги достигна најдобрите во кариерата 10 финалиња, освојувајќи 5 титули. 2010 годинаЃоковиќ ја започна годината играјќи во Којонг Класик, егзибиционистички настан. Во неговиот прв натпревар тој го победи Томи Хас, но изгуби од Фернандо Вердаско во вториот. Ѓоковиќ учествуваше во егзибиционен натпревар против Австралиецот Бернард Томиќ кој е 291 во светот и загуби. На Австралијан Опен, Ѓоковиќ бил елиминиран во четврт-финалето од Џо-Вилфред Цонга во пет сета 6-7, 7-6, 6-1, 3-6, 1-6 борејки се со болката од почетокот на мечот и од четвртиот сет па натаму.[8] И покрај поразот Ѓоковиќ го достигна највисокото место во кариерата број 2 во светот. ![]() Тој стигна до полуфиналето на Светскиот Турнир ЕЈБиЕн АМРО во Ротердам, каде загуби од Михаил Јужни 6-7, 6-7, и покрај тоа што имаше сет топка во вториот сет каде се играше тај брејк. На тениското првенство во Дубаи во О.А.Е., Ѓоковиќ стигна до неговото второ последователно финале на овој турнир откако ги победи своите противници во 3 сета од првата рунда па натаму. Во финалето тој го победи Русинот Михаил Јужни 7-5, 5-7, 6-3 со што ја освои првата титула таа година. Ова беше првпат во неговата кариера да одбрани една титула. Тој потоа учествуваше во Дејвис купот за Србија во пресметката против САД на песок во Белград. Тој и помогна на Србија да стигне до своето прво четврт-финале во еден Дејвис куп со победата од 3-2, победувајќи го Сем Кереј во четири сета, и Џон Ишнер во пет сета. Ѓоковиќ потоа учествуваше во првиот Мастерс 1000 настан таа година во Јужна Америка. На БиЕнПи Парибас во Индијан Велс, тој загуби во четвртата рунда од подоцнежниот шампион Иван Љубичиќ 5-7, 3-6. На Сони Ериксон Оупен во Мајами, тој претрпе шокантен пораз, губејќи го својот прв меч од Оливие Рохус 2-6, 7-6, 4-6. Ова беше неговиот прв пораз уште во првата рунда од поразот од Фабрик Санторо на БиЕнПи Парибас Мастерс во 2007 година. Ѓоковиќ тогаш објави дека престанал да работи со Тод Мартин како негов тренер. Тој призна дека Мартин направил обид да го смени неговото движење при сервисот, мала промена во техниката што предизвикало тој да направи голем број на дупли грешки за време на неговите мечеви и значително да ја намали заканата при сервирањето. Во неговиот прв турнир на песок таа година Ролекс Мастерсот во Монте Карло топ носителот Ѓоковиќ стигна до полуфиналето со победата над Станислас Вавринка и Давид Налбандијан кој се наоѓаше во одлична форма. Во полуфиналето тој загуби за првпат во неговите пет средби со Фернандо Вердаско 2-6, 2-6. Ѓоковиќ повторно загуби од Вердаско на Интернационал БиЕнЕл д Италија во Рим, овој пат во четврт-финалето 6-7, 6-3, 4-6. Ѓоковиќ подоцна рече дека неговата моментална форма е ограничена од алергиите кои ги има во последните два месеци. Како шампион бранител на турнирот во неговиот роден град, Србија Опен во Белград, тој се повлече во четврт-финалето додека губеше од 330 во Светот Филип Краијновиќ со 4-6. Тој подоцна најави и повлекување од Мутуа Мадрилеина Опен во Мадрид поради болест. Ѓоковиќ настапи на Ролан Гарос како трет носител. Тој ги победи Евгениј Корољов, Кеи Нишикори, Виктор Ханеску и Роби Гинепри на патот до четврт-финалето каде загуби од Јурген Мецер во пет сета 3-6, 2-6, 6-2, 7-6, 6-4. Кога Мецер сервираше за победа во мечот при 5-4 во петтиот сет, Ѓоковиќ удри форхенд дијагонала што би му донела предност од 0-30. Подоцнежната одлука утврдена од судијата Карлос Бернандез беше аут, одлука на која Ѓоковиќ негодуваше. Ѓоковиќ го загуби бодот и мечот. Подоцнежното испитување соколово око покажа дека Ѓоковиќ бил во право и дека топчето навистина било внатре; тоа беше првпат Ѓоковиќ да загуби еден Гренд Слем натпревар во поединечна конкуренција откако ги добил првите два сета. Ѓоковиќ уште еднаш влезе на првенството во Вимблдон како трет носител, го победи Оливие Рохус, Тејлор Дент, Алберто Монтанес, Лејтон Хјуит, Јен Хсу Лу на патот до полуфиналето, каде загуби од Томаш Бердих во три сета 6-3, 7-6, 6-3. Ѓоковиќ потоа се натпреваруваше на Роџерс купот во Торонто каде што се соочи со Роџер Федерер во полуфиналето и загуби 6-1, 3-6, 7-5. Ѓоковиќ исто така се натпреваруваше во дубл со Рафаел Надал во своевремено, високопрофилно партнерство. Ова беше првпат после 1976 година Кога Џими Конорс и Артур Аше како број еден и број два се споија правејќи дубл дрим тим. Меѓутоа, тие изгубија во првата рунда од Канаѓаните Милош Раонич и Васек Пописил. Ѓоковиќ загуби во четврт-финалето на Мастерсот на Западната и Јужна Финансиска Група во Синсинати од Енди Родик. ![]() ![]() Како трет носител на УС Опен, Ѓоковиќ беше многу блиску до пораз во првата рунда, кога заостануваше два сета и уште еден му требаше за да изгуби, брејк во четвртиот сет и неколку брејк бодови кои би го оставиле пократок за два брејка во четвртиот сет за да го победи својот сонародник Виктор Троицки во средината на екстремната жештина. Ѓоковиќ на крајот победи 6-3, 3-6, 2-6, 7-5, 6-3. Потоа тој ќе ги победи Филип Печнер, Американците Џејмс Блејк и Марди Фиш и 17 носител Гаел Монфис сите во три сета за да стигне до полуфиналето на УС Опен четврта година по ред. Во полуфиналето тој се соочи со Роџер Федерер, од кого изгуби во финалето во 2007 и 2008 година и во полуфиналето во 2009 година. Многу блиску до пораз, Ѓоковиќ се врати до победа 5-7, 6-1, 5-7, 6-2, 7-5, спасувајќи две меч топки при 5-4 на негов сервис во последниот сет. Со победата ја прекина низата од четири последователни порази во Гренд Слем полуфиналињата. Ова исто така беше првата победа на Ѓоковиќ над Федерер на УС Опен во четвртиот обид, и негова прва победа над Федерер во еден Гренд Слем од Австралија Опен во 2008 година. Ова исто така го направи еден од двата играчи кои го победиле Федерер повеќе од еднаш на Гренд Слем турнирите од кога Федерер стана број 1 (другиот е Надал). Ѓоковиќ изгуби од Надал во финалето со 4-6, 7-5, 4-6, 2-6, во меч во кој Надал ја комплетираше својата кариера во освоени Гренд Слем титули. Откако и помогна на Србија да ја победи Чешка со 3-2 за да стигне до финалето на Дејвис купот, Ѓоковиќ се натпреваруваше на Чајна Опен како прв носител и шампион бранител на титулата. Тој ја освои титулата втора година по ред по победата над Маоксин Гонг, Марди Фиш (Американецот се повлече па оваа победа се сметаше за “заминување”), Жиле Симон и Џон Ишнер на патот до финалето. Ѓоковиќ таму го победи осумнаесеттиот носител Шпанецот Давид Ферер со 6-2, 6-4. На Мастерсот во ШангајЃоковиќ стигна до полуфиналето каде изгуби од Роџер Федерер со 4-6, 5-7. Ѓоковиќ го одигра својот последен турнир таа година во Финалето на Барклајс АТП Светската Турнеја во Лондон. Ѓоковиќ се наоѓаше во групата А заедно со Рафаел Надал, Томаш Бердих и Енди Родик. Ѓоковиќ го доби неговиот прв меч од групата против Бердих 6-3, 6-3. Потоа се соочи со Надал каде загуби во два сета со 5-7, 2-6. Ѓоковиќ изјави после мечот дека едвај гледал со неговото десно око и дека при 4-4 во првиот сет Ѓоковиќ морал да ги смени контактните леќи. Низ мечот, Ѓоковиќ сменил три вида на контактни леќи во обид да го реши проблемот. Тој го победи Родик со 6-3, 6-2 во последниот меч во групата и беше со сигурност во полуфиналната фаза, завршувајчи втор во својата група за да се намести за вкусна пресметка со Роџер Федерер. Тој загуби од подоцнежниот шампион Федерер со 1-6, 4-6. Ѓоковиќ ја заврши годината на третото место во светот четврта година по ред на оваа позиција. Тој беше награден со титулата “Српски спортист на годината“од страна Олимпискиот Комитет на Србија и “Српски атлет на годината” од страна на Ди Ес Ел спорт. 2011 година![]() Ѓоковиќ ја започнал годината на австралискиот егзибициски Хопман куп, каде што не загубил ниту еден меч. На првиот Гренд Слем турнир таа година (Отвореното првенство на Австралија), Ѓоковиќ бил трет носител, зад Рафаел Надал и бранителот на титулата Роџер Федерер. Притоа, тој бил подобар од Марсел Гранолес во првото коло (6-1, 6-3, 6-1), а потоа и од Иван Дродиг, победувајќи го во четири сета (7-5, 6-7, 6-0, 6-2). Неговиот колега и близок пријател Виктор Троицки се откажал во третата рунда, поради повреда, при водство на Ѓоковиќ од 6-2. Во четвртото коло, Ѓоковиќ го победил Николас Алмагро, во три сета (6-3, 6-4, 6-0), додека во четвртфиналето бил подобар од Томаш Бердих, во три сета (6-1, 7-6, 6-1). Потоа, во полуфиналето го победил бранителот на титулата Роџер Федерер во три сета (7-6, 7-5, 6-4), а во финалето го победил Енди Мареј (6-4, 6-2 и 6-3), освојувајќи ја втората титула на овој турнир и втората гренд-слем титула во кариерата.[9]
2012 година![]() На почетокот на сезоната Ѓоковиќ ја одбранил титулата на Отвореното првенство на Австралија, каде во полуфиналето го совладал Енди Мареј во измачувачки натпревар што траел 4 часа и 50 минути. Во финалето се сретнал со Надал во натпревар што траел неверојатни 5 часа и 53 минути, што претставува најдолгото финале во историјата на гренд-слем турнирите. На следните два турнира, на кои ја бранел титулата, во Дубаи и во Индијан Велс, Ѓоковиќ испаднал во полуфиналето, губејќи од Мареј и од Џон Изнер, соодветно. Затоа пак успеал да ја одбрни титулата на турнирот во Мајами, и тоа без ниту еден изгубен сет. Во продолжение, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Монте Карло, каде изгубил во финалето од Надал, кој така ја прекинал серијата од седум последователни порази во двобоите со Ѓоковиќ. На Отвореното првенство во Мадрид, Ѓоковиќ изгубил од Јанко Типсаревиќ, додека на турнирот во Рим, каде што ја бранел титулата, повторно претрпел пораз во финалето од Надал. На Отвореното првенство на Франција (Ролан Гарос) Ѓоковиќ бил подобар во полуфиналето од Федерер со 3:0 во сетови, но во финалето повторно изгубил од Надал со 1:3 во сетови. На гренд-слем турнирот во Вимблдон, Ѓоковиќ изгубил во финалето од Роџер Федерер и така го загубил првото место на табелата на АТП. На Олимписките игри во Лондон, Ѓоковиќ стигнал до полуфиналето, каде загубил од Мареј. Подоцна, тој играл во финалињата на сите три турнири во Северна Америка, но успеал да го освои само турнирот во Торонто, додека на турнирите во Синсинати и Отвореното првенство на САД изгубил од Федерер и Мари, соодветно. Сепак, Ѓоковиќ бил поуспешен во Кина, каде победил на турнирите во Пекинг и Шангај, а финалето на „мастерсот“ во Шангај, каде спасил пет меч-топки против Мареј, било прогласено за најдобар натпревар во 2012. година. Потоа, Ѓоковиќ испаднал рано на „мастерсот“ во Париз, но затоа пак успеал да победи на завршниот турнир на „мастерс“-серијата, и тоа без ниту еден пораз. Притоа, во финалето го победил Федерер со 2:0 во сетови и така на 5 ноември повторно го зазел првото место на табелата на АТП. 2013 година![]() Ѓоковиќ ја започнал сезоната на егзибициониот турнир во Абу Даби, којшто траел од 27 до 29 декември 2012 година, но се води како дел од тениската сезона во 2013 година.[10] Притоа, тој бил слободен во четвртфиналето, а во полуфиналето го поразил Давид Ферер, во два сета (6:0, 6:3). Во финалето играл против Алмагро и победил во три одиграни сета, со што ја одбранил титулата од претходната година. Потоа, заедно се Ана Ивановиќ учествувал на „Хопман купот“, каде што во финалето играле против Шпанија. Иако Ѓоковиќ го победил Вердаско, Ивановиќ изгубила од Анабел Медина Гаригес, а двајцата изгубиле во играта на мешани парови.[11]
![]() На Вимблдон 2013, во првото коло Ѓоковиќ го победил Флоријан Маер со 3:0 во сетови, а потоа, до полуфиналето победувал без ниту еден изгубен сет, совладувајќи ги Боби Рејнолдс, Жереми Шарди, Томи Хас и Томаш Бердих. Во полуфиналето го победил дел Потро (7-5, 4-6, 7-6, 6-7, 6-3), но во своето второ финале на Вимблдон изгубил од Енди Мари без освоен ниту еден сет.
2014 годинаЃоковиќ ја започнал сезоната на егзибициониот турнир во Абу Даби, каде третпат последователно ја освојил титулата. Притоа, во полуфиналето го победил Жо-Вилфрид Цонга, а во финалето бил подобар од Давид Ферер.[25] На овој турнир, за првпат на чело на штабот на Ѓоковиќ се наоѓал новиот главен тренер, легендарниот германски тенисер Борис Бекер. Потоа, Ѓоковиќ играл на уште еден егзибиционен натпревар, против Хуан Монако на турнирот „Којонг класик“.[26]
![]() На турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ започнал со нестабилна игра, особено во осминафиналето против Марин Чилиќ, во кое убедливо го загубил првиот сет со 1-6. Во четвртфиналето прикажал посигурна игра и победил над Жилиен Бенето, а во полуфиналето го победил Џон Изнер во три сета. Најпосле, во финалето бил подобар од Федерер (3-6, 6-3, 7-6).[30]
![]() Наспроти второто место на табелата на АТП, Ѓоковиќ дошол на „Вимблдон“ како прв носител.[36] Најпрвин, тој ги победил Радек Штјепанек, Жил Симон и Цонга, а во четвртфиналето го победил хрватскиот тенисер Марин Чилиќ (6-1, 3-6, 6-7, 6-2, 6-2),[37] Во полуфиналето бил подобар од Григор Димитров (во четири сета), така што во финалето се сретнал со Роџер Федерер, во нивниот 35. меѓусебен натпревар. Во извонредна игра, Ѓоковиќ победил во пет сета (6-7, 6-4, 7-6, 5-7, 6-4) и така го спречил Федерер да стане најуспешниот тенисер во историјата на „Вимблдон“.[38] Со оваа победа Ѓоковиќ ја освоил својата седма титула на „гренд слем“ турнирите (вторпат во Вимблдон), како и првото место на табелата на АТП. Истовремено, тоа била неговата прва победа против Федерер во некое „гренд слем“ финале одиграно на трева.
![]() Во ноември, Ѓоковиќ по осми пат последователно се квалификувал на Завршниот турнир на сезоната, каде бил распореден во група „А“, заедно со Марин Чилиќ, Станислас Вавринка и Томаш Бердих. Во првото коло, одиграно на 10 ноември 2014 година, Ѓоковиќ убедливо го победил Чилиќ (6-1, 6-1),[42] а во второто коло, одиграно на 12 ноември, остварил уште една убедлива победа, овојпат против Станислас Вавринка, исто така, во два сета (6-3, 6-0).[43] Најпосле, одличната игра ја продолжил и во третото коло, победувајќи го Томаж Бердих со 2:0 (6-2, 6-2).[44] Така, тој поставил нов рекорд по бројот на изгубен гемова во групната фаза на „мастерс-купот“ — само девет.[45] Подоцна, во полуфиналето одиграно на 15 ноември 2014 година, Ѓоковиќ го победил Нишикори (6-1, 3-6, 6-0). Најпосле, во финалето, Ѓоковиќ требало да се сретне со Федерер, но тој го откажал натпреварот поради повреда. Со тоа, Ѓоковиќ повторно го освоил Мастерс-купот и ја завршил годината на првото место на табелата на АТП.[42][46]
2015 годинаЃоковиќ ја започнал годината со победа на тенискиот турнир „Аустралиан опен“ во Мелбурн, Австралија, на тој начин освојувајќи ја својата осма гренд-слем титула. Во финалето, тој го совладал Енди Мареј во четири сета (7-6, 6-7, 6-3, 6-0). Тоа била третата победа на Ѓоковиќ над Мареј во финалето на овој турнир. Со оваа победа, Ѓоковиќ влегол во историјата, така што станал единствениот тенисер со освоени пет титули на овој турнир во „отворената“ ерата.[48]
2016 годинаИ оваа година Ѓоковиќ ја започнал со победа на тенискиот турнир во Доха, Катар. Таму, тој најпрвин го победил германскиот тенисер Дастин Браун, во два сета (6-2, 6-2), а потоа и шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско, исто така, во два сета (6-2, 6-2). Во четвртфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од аргентинецот Леонардо Маер (6-3, 7-5), додека во полуфиналето го совладал Бердих (6-3, 7-6). Најпосле, во финалето, одиграно на 10 јануари, Ѓоковиќ бил подобар од Надал, остварувајќи убедлива победа во два сета (6-1, 6-2).[72]
2017 годинаНа почетокот на годината, Ѓоковиќ настапил на тенискиот турнир во Доха, Катар. Најпрвин, во второто коло, тој го победил аргентинскиот тенисер Зебалос (6-3, 6-40, а потоа, во четвртфиналето бил подобар од чешкиот тенисер Радек Штепанек (6-3, 6-3). На 6 јануари, во полуфиналето, Ѓоковиќ го совладал шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско (4-6, 7-6, 6-3),[103] а утредента, во финалето, Ѓоковиќ бил подобар од Енди Мари, во три сета (6-3, 5-7, 6-4).[104]
2018 годинаЃоковиќ ја започнал сезоната на Отвореното првенство на Австралија, каде во првото коло го победил американскиот тенисер Доналд Јанг, во три сета (6-1, 6-2, 6-4).[133] Потоа, во второто коло бил подобар од францускиот тенисер Гаел Монфис, во четири сета (4-6, 6-3, 6-1, 6-3),[134] а во третото коло го победил Рамос Вињолас (6-2, 6-3, 6-3).[135] Сепак, неговото учество на турнирот завршило во осминафиналето, со поразот од Хјеон Чунг од Јужна Кореја, во три сета (6-7, 5-7, 6-7).[136] На тој начин, по завршувањето на турнирот, Ѓоковиќ се наоѓал на 14. место на списокот на најдобрите светски тенисери, со освоени вкупно 2.335 бода.[137] По едномесечната пауза поради операцијата на лактот, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Индијан Велс, каде како десетти носител бил слободен во првото коло,[138] но веќе во второто коло загубил од јапонскиот тенисер Таро Даниел со резултат: 6-7, 6-4, 1-6.[139] Неуспесите на Ѓоковиќ продолжиле и на следниот турнир во Мајами каде, како деветти носител, настапил во второто коло. Притоа, тој бил поразен од францускиот тенисер Беноа Пер, во два сета (3-6, 4-6). По натпреварот, Ѓоковиќ изјавил: „Разочаран сум, уште еден пораз, не сум ни близу до нивото на кое би сакал да бидам, ни физички, ни играчки.[140] По овој неуспех, Ѓоковиќ ја прекинал десетмесечната соработка со неговиот тренер Андре Агаси,[141] а ја прекинал соработката и со тренерот Радек Штепанек.[142] Во април, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Монте Карло, каде во првото коло го победил српскиот тенисер Душан Лајовиќ, во два сета (6:0, 6:1),[143] во второто коло бил подобар од хрватскиот тенисер Борна Ќориќ (7:6, 7:5),[144] но во осминафиналето загубил од Доминик Тим во три сета (7:6, 2:6, 3:6).[145] Во текот на април, Ѓоковиќ учествувал и на турнирот во Барселона, каде настапил по пауза од 12 години. Како шести носител на турнирот, тој бил слободен во првото коло, но веќе во второто коло загубил од словачкиот тенисер Мартин Клижан (2-6, 6-1, 3-6).[146] На почетокот на мај 2018 година, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Мадрид, каде во првото коло го победил јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, во два сета (7-6, 6-4),[147] но во второто коло бил поразен од британскиот тенисер Кајл Едмунд (3-6, 6-2, 3-6).[148] По овој неуспех. Ѓоковиќ паднал на 18. место на списокот на АТП, со вкупно освоени 1.905 бода.[149] Следниот турнир на кој настапил Ѓоковиќ бил „мастерсот“ во Рим каде бил 18. носител на турнирот. Во првото коло, тој бил подобар од украинскиот тенисер Александар Долгополов (6-1, 6-3);[150] во второто коло го победил грузискиот тенисер Базилашвили (6-4, 6-2);[151] додека во третото коло го совладал шпанскиот тенисер Алберто Рамос Вињолас (6-1, 7-5).[152] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ по вторпат во сезоната го победил Нишикори (2-6, 6-1, 6-3) и во полуфиналето се сретнал со Рафаел Надал[153] при што загубил во два сета (6-7, 3-6).[154] По завршувањето на овој турнир, Ѓоковиќ паднал на 22. место на списокот на најдобрите тенисери во светот, со освоени 1.665 бода. На крајот на мај, Ѓоковиќ настапил и на „Ролан Гарос“, каде во првото коло го совладал бразилскиот тенисер Рожерио Дутра Силва, со резултат 6:3, 6:4, 6:4,[155] а во второто коло бил подобар од шпанскиот тенисер Џауме Мунар (7-6, 6-4, 6-4), забележувајќи ја својата шеесетта победа на „Ролан Гарос“.[156] Во третото коло, Ѓоковиќ го совладал шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут, во пет сета (6-4, 6-7, 7-6, 6-2),[157] додека во четвртото коло победил уште еден шпански тенисер, Фернандо Вердаско (6-3, 6-4, 6-2). На тој начин, тој ја постигнал својата 200. победа на земјените терени во кариерата и деветта година по ред се пласирал меѓу осумте најдобри на „Роланд Гарос“.[158] Сепак, во четврфиналето, Ѓоковиќ бил поразен од италијанскиот тенисер Марко Чекинато (3-6, 6-7, 6-1, 6-7).[159] Подготвувајќи се за „гренд-слемот“ во Вимблдон, Ѓоковиќ настапил на турнирот „Квинс“ во Лондон, каде во првото коло го победил Џон Милман (6-2, 6-1),[160] а во второто коло бил подобар од бугарскиот тенисер Григор Димитров (6-4, 6-1),[161] а во четвртфиналето го победил Адријан Манарино (7-5, 6-1), остварувајќи ја 800. победа во професионалната кариера, со што станал десеттиот тенисер во историјата кој постигнал ваков успех.[162] Во полуфиналето, тој бил подобар од францускиот тенисер Жереми Шарди (7-6, 6-4)[163] и така се пласирал во своето прво финале во 2018 година, каде претрпел пораз од Марин Чилиќ (7-5, 6-7, 3-6).[164] На својот 14. настап на „Вимблдон“, во првото коло, Ѓоковиќ го победил Тенис Сандгрен (6-3, 6-1, 6-2),[165] во второто коло бил подобар од Орасио Себалјос (6-1, 6-2, 6-3),[166] а во третото коло го победил британскиот тенисер Кајл Едмунд (4-6, 6-3, 6-2, 6-4).[167] Во четвртото коло, Ѓоковиќ бил подобар од рускиот тенисер Карен Качанов (6-4, 6-2, 6-2),[168] остварувајќи го своето 41. учество во четврфиналињата на „гренд слем“ турнирите, со што се изедначил со Џими Конорс.[169] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го победил Нишикори (6-3, 3-6, 6-2, 6-2) и така по осми пат во кариерата се пласирал во полуфиналето на „Вимблдон“, со што се изедначил со Пит Сампрас и со Џон Менинро.[170] Во полуфиналето, Ѓоковиќ го победил Надал, во пет сета (6-4, 3-6, 7-6, 3-6, 10:8), а натпреварот се играл во два дена (13 и 14 јуни). Со оваа победа, тој ја зголемил предноста во меѓусебните двобои со Надал на 27:25 и истовремено се изборил за своето петто финале на Вимблдон.[171] Во финалниот натпревар, одигран на 15 јули, Ѓоковиќ го победил јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон во три сета (6-2, 6-2, 7-6) и така ја освоил четвртата титула на „Вимблдон“, 13 „гренд-слем“ титула и вкупно 69. титула на тениските турнири.[172] По овој успех, тој направил голем напредок на списокот на најдобрите тенисери, доаѓајќи на 10. место, со вкупно 3.355 бода.[173] На 7 август, Ѓоковиќ го започнал своето учество на „Роџерс купот“ во Торонто, победувајќи го Мирза Башиќ (6:3, 7:6),[174] а во второто коло бил подобар од Питер Полански (6:3, 6:4).[175] Меѓутоа, во осминафиналето тој бил елиминиран од Стефанос Циципас (3-6, 7-6, 3-6).[176] Во првото коло на турнирот во Синсинати (единствениот „мастерс“ на кој не успеал да победи), Ѓоковиќ бил подобар од американскиот тенисер Стив Џонсон (6-4, 7-6),[177] а во второто коло го победил францускиот тенисер Адријан Манарино (4-6, 6-2, 6-1).[178] Во осминафиналето, Ѓоковиќ бил подобар од петтиот носител на турнирот и бранителот на титулата, Григор Димитров (2-6, 6-3, 6-4),[179] а истиот ден, во четврфиналето го победил и Милош Раониќ (7-5, 4-6, 6-3).[180] Во полуфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од Марин Чилиќ (6-4, 3-6, 6-3) и така се пласирал во своето шесто финале на овој турнир,[181] каде го победил Федерер (6-4, 6-4), остварувајќи ја 24. победа во двобоите со него. Така, по пет неуспешни обиди, тој конечно успеал да победи на „мастерсот“ во Синсинати, со што станал првиот тенисер во историјата кој успеал да победи на сите девет „мастерс“-турнири и да го освои т.н. „Златен мастерс“. Истовремено, со оваа титула, Ѓоковиќ се искачил на шестото место на списокот на најдобрите светски тенисери, со вкупно 4.445 бода.[182] Кон крајот на август, Ѓоковиќ настапил на Отвореното првенство на САД (US Open), каде во првото коло го победил унгарскиот тенисер Мартон Фучович (6-3, 3-6, 6-4, 6-0),[183] а во второто коло бил подобар од американскиот тенисер Тенис Сандгрен (6-1, 6-3, 6-7, 6-2).[184] Во третото коло, Ѓоковиќ бил подобар од францускиот тенисер Ришар Гаске (6-2, 6-3, 6-3),[185] а во осминафиналето го победил португалскиот тенисер Жоао Соуза (6-3, 6-4, 6-3).[186] Во четврфиналето, Ѓоковиќ го победил австралискиот тенисер Џон Милман (6-3, 6-4, 6-4) и така се пласирал во своето 11. полуфинале на овој турнир,[187] каде бил подобар од Кеи Нишикори (6-3,6-4, 6-2).[188] Со тоа, Ѓоковиќ се пласирал во своето осмо финале на овој турнир, каде го победил Хуан Мартин дел Потро (6-3, 7-6, 6-3) и така ја освоил третата титула на Отвореното првенство во САД. Истовремено, тој ја освоил 71. победа на тениските турнири и 14. „гренд слем“ титула во кариерата, со што се изедначил со Пит Сампрас. Со оваа победа, тој се пласирал на третото место на списокот на најдобрите тенисери во светот, со 6.445 бода.[189] По учеството на „Купот Лејвер“ во Чикаго, во октомври, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Шангај, каде во второто коло го победил Жереми Шарди во два сета (6-3, 7-5),[190] а во третото коло бил подобар од Марко Чекинато (6-4, 6-0).[191] Во чевртфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од Кевин Андерсон,[192] победувајќи го во два сета (7-6, 6-3), а потоа во полуфиналето убедливо го победил Александер Зверев, исто така, во два сета (6-2, 6-1).[193] Во финалето, тој го совладал хрватскиот тенисер Борна Чориќ, во два сета (6-3, 6-4) и така, без ниту еден изгубен сет, ја освоил чевртата титула на овој турнир. Истовремено, тој ја освоил својата 32. титула на „мастерсите“ и вкупно, 72. титула во кариерата. Со оваа победа, Ѓоковиќ стигнал до 7.445 бода и со тоа се искачил на второто место на списокот на најдобрите светски тенисери.[194] Следниот турнир на којшто учествувал Ѓоковиќ бил „мастерсот“ во Париз, каде во првото коло бил слободен, а во второто коло го победил португалскиот тенисер Жоао Соуза (7-5, 6-1).[195] Потоа, во третото коло бил подобар од босанскиот тенисер Дамир Џумхур, кој се откажал во вториот сет,[196] а во четвртфиналето го победил хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, во три сета (4-6, 6-2, 6-3).[197] Во полуфиналето, одиграно на 3 ноември, Ѓоковиќ бил подобар од Федерер, исто така, во три сета (7-6, 5-7, 7-6), со што го зголемил водството во меѓусебните двобои на 25:22. Истовремено, Ѓоковиќ ја постигнал својата 22. победа по ред во 2018 година.[198] Утредента, во финалето, Ѓоковиќ бил поразен од рускиот тенисер Карен Хачанов (5-7, 4-6), но и покрај поразот, тој се вратил на првото место на списокот на најдобрите тенисери на светот, со вкупно 8.045 бода.[199]. По „мастерсот“ во Париз, Ѓоковиќ настапил на завршниот турнир во Лондон, но претходно ја добил наградата на АТП за повратник на сезоната, бидејќи во текот на 2018 година успеал од 22. место (во јуни) да се искачи на првото место (во ноември) на списокот на најдобрите тенисери во светот. Истовремено, неговиот тренер Марјан Вајда (со кого Ѓоковиќ ја обновил соработката во април 2018 година) бил прогласен за тренер на годината.[200] Својот настап на завршниот турнир во Лондон, Ѓоковиќ го почнал со победата против Џон Изнер, во два сета (6:4, 6:3), забележувајќи ја својата 50. победа во 2018 година. Потоа, во второто коло, Ѓоковиќ го победил Зверев, исто така, во два сета (6-4, 6-1),[201] додека во третиот натпревар бил подобар и од Чилиќ (7-6, 6-2).[202] Како првопласиран во неговата група, во полуфиналето, Ѓоковиќ убелдиво го победил Андерсон, во два сета (6-2, 6-2),[203] а во финалето повторно се сретнал со Зверев, но овојпат бил поразен во два сета (4-6, 3-6). И покрај поразот, Ѓоковиќ ја завршил сезоната како најдобар тенисер на светот, со освоени 9.045 бода.[204] Ѓоковиќ ја завршил сезоната со настапот на егзибициониот турнир „Mubadala World Tennis Championship“ во Абу Даби, каде веќе победувал во 2011, 2012 и 2013 година. Таму, во полуфиналето, одиграно на 28 декември, бил подобар од Карен Хачанов, во два сета (6-4, 6-2),[205] а утредента, во финалето го совладал и Кевин Андерсон (4-6, 7-5, 7-5) и на тој начин ја освоил својата четврта титула на овој турнир.[206] Како резултат на одличните игри во текот на сезоната, Меѓународната тениска федерација (International Tennis Federation) го прогласила Ѓоковиќ за најдобар тенисер во 2018 година, со што тој по шести пат го освоил ова признание.[207] Исто така, тој бил избран за најдобар европски спортист во 2018 година од страна на Полската новинска агенција.[208] Најпосле, по четврти пат во кариерата, тој ја освоил наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на годината.[209] 2019 годинаЃоковиќ ја започнал сезоната на турнирот во Доха, каде бил прв носител на турнирот. Во првото коло, тој бил подобар од Дамир Џумхур (6-1, 6-2),[210] а во второто коло го победил унгарскиот тенисер Мартон Фучович (4-6, 6-4, 6-1).[211] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го победил грузискиот тенисер Николос Базилашвили (4-6, 6-3, 6-4),[212] но во полуфиналето загубил од Баутиста Агут (6-3, 6-7, 4-6).[213] Исто така, Ѓоковиќ се натпреварувал и во двојки, играјќи заедно со брат му Марко. Во осминафиналето, тие ја победиле двојката Чем Илкел/Мубарак Шанан Заид (6-3, 3-6, 10-6),[214] во четвртфиналето биле подобри од Душан Лајовиќ/Дамир Џумхур (7-5, 3-6, 10-7).[211] а во полуфиналето загубиле од Давид Гофан/Пјер Угу Ербер (1-6, 6-3, 13-15).[212] На 15 јануари 2019 година, Ѓоковиќ го започнал својот настап на Отвореното првенство на Австралија. Во првото коло, тој бил подобар од американскиот тенисер Мичел Кругер (6-3, 6-2, 6-2),[215] во второто коло го победил францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга, во три сета (6-3, 7-5, 6-4),[216] а во третото коло бил подобар од канадскиот тенисер Денис Шаповалов (6-3, 6-4, 4-6, 6-0).[217] Во осминафиналето, Ѓоковиќ го совладал рускиот тенисер Данил Медведев (6-4, 6-7, 6-2, 6-3) и така се пласирал во своето десетто четвртфинале на овој турнир,[218] каде се сретнал со јапонскиот тенисер Нишикори. Откако Ѓоковиќ убедливо го освоил првиот сет со резултат 6-1, а во вториот сет водел со резултат 4-1, Нишикори се откажал поради повреда.[219] Во полуфиналето, Ѓоковиќ лесно го победил францускиот тенисер Лука Пуј, во три сета (6-0, 6-2, 6-2) и така се пласирал во своето седмо финале на овој турнир,[220] каде го победил Рафаел Надал, исто така, во три сета (6-3, 6-2, 6-3). На тој начин, по седми пат победил на овој турнир и станал рекордер по бројот на титулите на Отвореното првенство на Австралија, надминувајќи ги Федерер и Рој Емерсон кои имаат по шест титули. Со оваа победа, Ѓоковиќ стигнал до својата 73. титула на тениските турнири на АТП, како и до својата 15. титула на „гренд-слем“ турнирите. По овој турнир, во меѓусебните натпревари со Надал, Ѓоковиќ го зголемил водството на 28-25. Исто така, тој се задржал на првото место на списокот на најдобрите тенисери на светот, со 10 955 бода.[221] Во март, Ѓоковиќ учествувал на „мастерсот“ во Индијан Велс каде, како прв носител, настапил од второто коло во кое го победил квалификантот Бјорн Фратанџело, во два сета (7-6, 6-2),[222] но веќе во третото коло неочекувано загубил од германскиот тенисер Филип Колшрајбер (4-6, 4-6).[223] Истовремено, Ѓоковиќ играл и во двојки, заедно со Фабио Фоњини. Во првото коло, оваа двојка била подобра од Жереми Шарди и Милош Раониќ (7-6, 6-1),[224] а во осминафиналето ја победила двојката Роан Бопан/Денис Шаповалов во три сета (6-4, 1-6, 10-8).[222] Во четврфиналето, Фоњини и Ѓоковиќ ја победиле двојката Жан-Жилиен Рожер/Орија Текау (7-6, 2-6, 10-6),[225] но во полуфиналето биле поразени од двојката Лукаш Кубот/Марсело Мело (6-7, 6-2, 6-10).[226] Истиот месец, Ѓоковиќ настапил и на „мастерсот“ во Мајами, каде во второто коло го победил австралискиот тенисер Бернад Томиќ (7-6, 6-2),[227] а во третото коло бил подобар од аргентинскиот тенисер Федерико Делбонис (7-5, 4-6, 6-1).[228] Меѓутоа, во осминафиналето, Ѓоковиќ бил поразен од Роберто Баутиста Агут, во три сета (6-1, 5-7, 3-6).[229] И на „мастерсот“ во Монте Карло, Ѓоковиќ бил прв носител и затоа настапот го почнал од второто коло, каде бил подобар од германскиот тенисер Филип Колшрајбер, во три сета (6-3, 4-6, 6-4),[230] а во третото коло го победил американскиот тенисер Тејлор Фриц (6-3, 6-0).[231] Сепак, во четврфиналето, тој бил поразен од рускиот тенисер Данил Медведев во три сета (3-6, 6-4, 2-6).[232] Во мај, Ѓоковиќ го започнал своето учество на „мастерсот“ во Мадрид и истовремено ја почнал својата 250. недела на врвот на списокот на најдобрите тенисери на светот. Во тој миг, само четворица тенисери во историјата имале повеќе недели на првото место на табелата на АТП, и тоа: Џими Конорс, Иван Лендл, Пит Сампрас и Роже Федерер. И на овој турнир, Ѓоковиќ настапил директно во второто коло при што го победил американскиот тенисер Тејлор Фриц (6-4, 6-2),[233] а во третото коло бил подобар од францускиот тенисер Жереми Шарди (6-1, 7-6).[234] Во четврфиналето, Ѓоковиќ требало да игра против Марин Чилиќ, но мечот не се одиграл поради труењето на Чилиќ со храна,[235] а во полуфиналето бил подобар од Доминик Тим (7-6, 7-6),[236] Во финалето, Ѓоковиќ го победил грчкиот тенисер Стефанос Циципас (6-3, 6-4) и така ја освоил својата трета титула на овој турнир, 33. титула на „мастерсите“ и вкупно 74. титула во кариерата.[237] По настапот во Мадрид, Ѓоковиќ го задржал првото место на табелата на најдобрите светски тенисери, со освоени 12 115 бода, а веднаш потоа, како прв носител, настапил на „мастерсот“ во Рим. На 16 мај, Ѓоковиќ одиграл два меча: најпрвин, во второто коло, го победил канадскиот тенисер Денис Шаповалов (6-1, 6-3), а вечерта го одиграл и третото коло во кое го победил германскиот тенисер Филип Колшрајбер (6-3, 6-0).[238] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го победил Хуан Мартин дел Потро (4-6, 7-6, 6-4),[239] а во полуфиналето бил подобар од уште еден аргентински тенисер, Диего Шварцман (6-3, 6-7, 6-3), со што ја остварил својата 50. победа на турнирот во Рим.[240] Меѓутоа, во финалето, Ѓоковиќ загубил од Рафаел Надал во три сета (0-6, 6-4, 1-6), претрпувајќи го 26. пораз од Надал во меѓусебните средби.[241] На 27 мај, Ѓоковиќ настапил на „Ролан Гарос“, каде во првото коло го победил полскиот тенисер Хуберт Хуркач со резултат 3:0 (6-4, 6-2, 6-2),[242] во второто коло бил подобар од швајцарскиот тенисер Хенри Лаксонен (6-1, 6-4, 6-3),[243] а во третото коло го совладал италијанскиот тенисер Салваторе Карузо (6-3, 6-3, 6-2).[244] Во осминафиналето, Ѓоковиќ го победил Јан Ленард Штруф (6-3, 6-2, 6-2), забележувајќи ја 67. победа на „Ролан Гарос“ и се пласирал во своето 13. четвртфинале на овој турнир.[245] Таму, тој бил подобар од Александар Зверев во три сета (7-5, 6-2, 6-2),[246] но во полуфиналето загубил од Доминик Тим во пет сета (2-6, 6-3, 5-7, 7-5, 5-7).[247] На 25 јуни 2019, Ѓоковиќ настапил на егзибициониот турнир „Будлс“ во Лондон, каде во првиот настап бил подобар од Кристијан Гарин (6-2, 6-4),[248] а утредента изгубил од Денис Шаповалов (6-7, 4-6).[249] На 1 јули, како прв носител, Ѓоковиќ го започнал својот петнаесетти настап на „Вимблдон“, при што во првото коло бил подобар од Филип Колшрајбер (6-3, 7-5, 6-3),[250] а во второто коло го победил Денис Кудла (6-3, 6-2, 6-2).[251] Во третото коло, Ѓоковиќ бил подобар од Хуберт Хуркач (7-5, 6-7, 6-1, 6-4) и така се пласирал во осминафиналето,[252] каде лесно го победил францускиот тенисер Уго Умбер (6-3, 6-2, 6-3) и така остварил пласман во своето 45. чевртфинале на „гренд-слем“ турнирите во кариерата.[253] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ бил убедливо подобар од белгискиот тенисер Давид Гофан (6-4, 6-0, 6-2) и така ја остварил својата 70. победа на Вимблдон и се пласирал во своето деветто полуфинале овој турнир (36. полуфинале на „гренд слем“ туририте).[254] Во полуфиналето, Ѓоковиќ го победил шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут (6-2, 4-6, 6-3, 6-2) и се пласирал во своето 25. „грен-слем“ финале,[255] каде по тешка и исцрпувачка борба која траела дури 4 часа и 57 минути (најдолгото финале во историјата на „Вимблдон“) го победил Роже Федерер, во пет сета (7-6, 1-6, 4-6, 13-12) и така ја освоил својата петта титула на овој турнир, 16. титула на „гренд-слем“ турнирите и вкупно 75. титула во кариерата. Исто така, Ѓоковиќ станал вториот тенисер по Боб Фалкенбург во 1948 година, кој успеал да спаси меч-топка и потоа да победи на „Вимблдон“. По победата на овој турнир, Ѓоковиќ го задржал првото место на табелата на АТП, со вкупно 12 415 бода, обезбедувајќи предност од речиси 5 000 бода во однос на Надал и Федерер.[256] На 13 август, Ѓоковиќ го започнал настапот на „мастерсот“ во Синсинати, каде во второто коло го победил американскиот тенисер Сем Квери (7-5, 6-1),[257] во третото коло бил подобар од шпанскиот тенисер Пабло Карења Буста (6-3, 6-4),[258] а во четвртфиналето го совладал францускиот тенисер Лука Пуј (7-6, 6-1).[259] Меѓутоа, во полуфиналето, тој бил поразен од Данил Медведев (6-3, 3-6, 3-6).[260] Две недели подоцна, на 26 август, Ѓоковиќ настапил во првото коло на Отвореното првенство на САД во кое го победил шпанскиот тенисер Роберто Карбалјес Баена (6-4, 6-1, 6-4).[261] Во второто коло се сретнал со аргентинскиот тенисер Хуан Игнасио Лондеро (6-4, 7-6, 6-1),[262] а во третото коло бил подобар од американскиот тенисер Денис Кугла (6-3, 6-4, 6-2).[263] Меѓутоа, во осминафиналето, тој бил принуден да го предаде мечот против Станислас Вавринка поради повреда, при резултат 4-6, 5-7, 1-2.[264] На 1 октомври, Ѓоковиќ го започнал настапот на турнирот во Токио, каде во првото коло го совладал австралискиот тенисер Алексеј Попирин (6-4, 6-2),[265] а во второто коло го победил јапонскиот тенисер Го Соеда (6-3, 7-5).[266] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од францускиот тенисер Лука Пуј (6-1, 6-2),[267] а во полуфиналето го совладал белгискиот тенисер Давид Гофан (6-3, 6-4).[268] Најпосле, во финалето, тој бил подобар од австралискиот тенисер Џон Милман (6-3, 6-2) и така победил на своето прво учество на овој турнир, и тоа без ниту еден изгубен сет. Овој натпревар бил 110. финале во неговата кариера, а истовремено тој ја освоил својата 76. шампионска титула. Со оваа победа, тој се заврстил на првото место на списокот на најдобрите светски тенисери, со освоени 10 365 бода.[269] Веднаш потоа, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Шангај, каде ја бранел титулата. Во второто коло, тој го победил Денис Шаповалов (6-3, 6-3),[270] во осминафиналето бил подобар од американскиот тенисер Џон Изнер (7-5, 6-3),[271] но во четвртфиналето претрпел пораз од Стефанос Циципас (6-3, 5-7, 3-6).[272] Истовремено, Ѓоковиќ настапил и во играта во двојки, заедно со Филип Крајиновиќ. Во првото коло, тие биле подобри од Кевин Кравиц и Андреас Мис (6-3, 3-6, 10-3),[273] но во второто коло биле поразени од Џејми Мареј и Наел Скупски (3-6, 2-6).[274] И покрај неуспехот да ја одбрани титулата, Ѓоковиќ го задржал првото место на табелата на најдобрите тенисери со освоени 9 545 бодови. Притоа, со 272 непрекинати седмици на првото место го надминал Иван Лендл (кој бил најдобар тенисер во текот на 270 последователни недели) на третото место на тенисерите според бројот на неделите поминати на првото место на списокот на АТП.[275] На 30 октомври, Ѓоковиќ го започнал настапот на „мастерсот“ во Париз (Rolex Paris Masters), каде во првото коло бил слободен, а во второто коло го победил францускиот тенисер Корентан Муте (7-6, 6-4),[276] а во осминафиналето бил подобар од британскиот тенисер Кајл Едмунд (7-6, 6-1).[277] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ лесно го совладал Стефанос Циципас (6-1, 6-2)[278] и така се пласирал во своето шесто полуфинале на овој турнир, каде го победил бугарскиот тенисер Григор Димитров (7-6, 6-4). На тој начин, Ѓоковиќ стигнал до своето шесто финале на овој турнир и 50. финале на „мастерсите“.[279] Во финалето, тој го совладал Денис Шаповалов (6-3, 6-4) и така ја освоил петтата титула на овој турнир, како и својата 34. титула на „мастерсите“ и вкупно 77. титула во кариерата. Сепак, и покрај победата на овој турнир, Ѓоковиќ го загубил првото место на списокот на најдобрите светски тенисери, на кое се наоѓал од 5 ноември 2018 година.[280] На 10 ноември 2019 година, Ѓоковиќ го започнал настапот на завршниот турнир во сезоната, одигран во Лондон. Притоа, тој бил носител на групата „Бјорн Борг“,[281] каде во првото коло го совладал италијанскиот тенисер Матео Беретини (6-2, 6-1).[282] Во вториот настап, Ѓоковиќ бил поразен од Доминик Тим, во три сета (7-6, 3-6, 6-7),[283] а потоа претрпел пораз и од Федерер (4-6, 3-6) поради што не успеал да се пласира во полуфиналето.[284] Така, Ѓоковиќ ја завршил сезоната на второто место на списокот на најдобрите тенисери.[285] На крајот од сезоната, Ѓоковиќ учествувал на егзибициониот турнир „Мубадала“ во Абу Даби, каде веќе освоил четири титули: во 2011, 2012, 2013 и 2018 година.[286] На 20 декември, тој загубил во полуфиналето од Стефанос Циципас (6-3, 6-7, 4-6),[287] а утредента, во борбата за третото место, бил подобар од Карен Качанов (7-5, 6-3).[288] 2020 годинаНа 20 јануари 2010 година, Ѓоковиќ го почнал настапот на Отвореното првенство на Австралија каде во првото коло го победил германскиот тенисер Жан-Ленард Штруф (7-6, 6-2, 2-6, 6-1) и така ја остварил 900, победа во кариерата, како шести тенисер во отворената ера кој постигнал ваков подвиг.[289] Потоа, во второто и во третото коло ги совладал јапонските тенисери Тацумо Ито (6-1, 6-4, 6-2)[290] и Јошихито Нишиока (6-3, 6-2, 6-2).[291] Во осминафиналето, тој бил подобар од аргентинскиот тенисер Диего Шварцман (6-3, 6-4, 6-4) и така се пласирал во своето 11. четврфинале на овој турнир,[292] каде го совладал канадскиот тенисер Милош Раониќ (6-4, 6-3, 7-6).[293] Така, тој се пласирал во своето осмо полуфинале на Отвореното првенство на Австралија каде, во нивната 50. меѓусебна средба, го победил Федерер (7-6, 6-4, 6-3).[294] Во финалето, одиграно на 2 февруари, Ѓоковиќ се сретнал со Доминик Тим. Првиот сет му припаднал на Ѓоковиќ, во следните два бил подобар Тим, но потоа Ѓоковиќ направил пресврт и победил во пет сета (6-4, 4-6, 2-6, 6-3, 6-4). На тој начин, тој ја освоил осмата титула на Отвореното првенство на Австралија, 17. „гренд слем“ титула и вкупно 78. титула во кариерата. Благодарение на ппобедата на овој турнир, по тримесечна пауза, Ѓоковиќ повторно станал најдобар тенисер на светот, со освоени 9 720 бода.[295] Од 24 до 29 февруари, Ѓоковиќ играл на турнирот во Дубаи (Dubai Duty Free Tennis Championships). Притоа, во првото коло, тој бил подобар од тунискиот тенисер Малек Џазири (6-1, 6-2), а истовремено настапил и во играта на двојки (заедно со Марин Чилиќ). Сепак, тие биле поразени уште во првото коло од Раџив Рам и Џо Салзбери (2-6, 2-6).[296] Во второто коло, Ѓоковиќ го совладал германскиот тенисер Филип Колшрајбер (6-3. 6-1),[297] во четвртфиналето бил подобар од Карен Качанов (6-2, 6-2),[298] а во полуфиналето го победил францускиот тенисер Гаел Монфис (2-6, 7-6, 6-1).[299] Најпосле, во финалето, Ѓоковиќ го победил Стефанос Циципас (6-3, 6-4) и ја освоил петтата титула на овој турнир (вкупно 79. титула во кариерата), остварувајќи ја својата 18. победа во низа во 2020 година. Со оваа победа, Ѓоковиќ се заврстил на првото место на списокот на најдобрите светски тенисери, со вкупно 10 220 бода.[300] Поради епидемијата на вирусот COVID-19, тениските турнири закажани за пролетта и летото биле откажани. На 20 јуни 2020 година, Ѓоковиќ го започнал учеството на хуманитарниот турнир „Adria Tour“ во Задар, организиран од него и од неговиот татко. Во првиот натпревар од групата А, тој го победил српскиот тенисер Пеѓа Крстин (4-3, 4-1),[301] потоа бил подобар и од Борна Ќориќ (4-1, 4-3), во третиот настап го победил хрватскиот тенисер Нино Сердарушиќ (4-1, 4-3). Така, тој се пласирал во финалето,[302] каде требало да игра против Андреј Рубљов, но натпреварот бил откажан откако било соопштено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров бил заразен со вирусот.[303] Набрзо, по враќањето во Белград, Ѓоковиќ соопштил дека и тој и неговата сопруга се позитивни на вирусот COVID-19 при што им се извинил на сите заразени.[304] По овој настан, Ѓоковиќ бил мета на бројни напади ширум светот, а во знак на поддршка, на почетокот од јули, на тенискиот терен на клубот „Ѓукиќ“, белградскиот архитект и уличен уметник Андреј Јосифовски го изработил најголемиот портрет на Ѓоковиќ на светот, долг 24 метри, широк 11 метри и со површина од 264 квадратни метри.[305] На крајот од август, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Синсинати (овојпат одржан во Њујорк), каде во првото коло го победил литванскиот тенисер Рикардес Беранкис (7-6, 6-4),[306] во осминафиналето го совладал американскиот тенисер Тенис Сандгрен (6-2, 6-4),[307] во четвртфиналето бил подобар од германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф (6-3, 6-1),[308] а во полуфиналето го совладал Роберто Баутиста Агут (4-6, 6-4, 7-6).[309] Во финалето, Ѓоковиќ го совладал Милош Раониќ (1-6, 6-3, 6-4) и така ја освоил втората титула на овој турнир, четвртата титула во 2020 година, 35. титула на „мастерсите“ (со што го изедначил рекордот на Надал) и 80. титула во кариерата. Со оваа победа, Ѓоковиќ станал првиот тенисер во историјата кој го освоил секој „мастерс“ турнир барем двапати.[310] На 1 септември 2020 година, Ѓоковиќ настапил на Отвореното првенство на САД каде во првото коло го победил босанскиот тенисер Дамир Џумхур (6-1, 6-4, 6-1),[311] а во второто коло бил подобар од британскиот тенисер Кајл Едмунд (6-7, 6-3, 6-4, 6-2).[312] Во третото коло, Ѓоковиќ го совладал Јан-Ленард Штруф (6-3, 6-3, 6-1) и така ја продолжил низата од 26 последователни победи во 2020 година.[313] Меѓутоа, во напреварот од четврото коло против Пабло Карењо Буста, тој бил дисквалификуван од турнирот, откако во првиот сет го погодил линискиот судија со топката во вратот.[314] На 16 септември, Ѓоковиќ го почнал настапот на „мастерсот“ во Рим, каде во второто коло го победил италијанскиот тенисер Салваторе Карузо (6-3, 6-2). Два дена претходно, Ѓоковиќ ја започнал 286. недела на првото место на списокот на АТП, со што се изедначил со Пит Сампрас.[315] Во осминафиналето, тој бил подобар од сонародникот Филип Крајиновиќ (7-6, 6-3),[316] во четвртфиналето го победил германскиот тенисер Доминик Кепфер (6-3, 4-6, 6-3) и така се пласирал во своето 11. полуфинале на овој турнир.[317] Таму бил подобар од норвешкиот тенисер Каспер Руд (7-5, 6-3) и се пласирал во своето десетто финале на турнирот и 52. финале на „мастерсите“,[318] каде го совладал аргентинскиот тенисер Диего Шварцман (7-5, 6-3) и така ја освоил својата петта титула во Рим и 36. титула на „мастерсите“, со што поставил нов рекорд - тенисер со најмногу победи на „мастерсите“.[319] На 29 септември, Ѓоковиќ го започнал својот 16. настап на „Ролан Гарос“, каде во првото коло го совладал шведскиот тенисер Микаел Имер (6-0, 6-2, 6-3),[320] во второто коло бил подобар од литванскиот тенисер Рикардас Беранкис (6-1, 6-2, 6-2),[321] а во третото коло го победил колумбискиот тенисер Даниел Галан (6-0, 6-3, 6-2).[322] Во осминафиналето, Ѓоковиќ го совладал Карен Хачанов (6-4, 6-3, 6-3) и така по 11 пат во низа се пласирал во четвртфиналото на „Ролан Гарос“, како првиот тенисер во отворената ера кому му успеало тоа.[323] На 7 октомври, Ѓоковиќ го совладал шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста (4-6, 6-2, 6-3, 6-4) и со тоа се пласирал во своето десетто полуфинале на овој турнир.[324] Во полуфиналниот натпревар, тој бил подобар од грчкиот тенисер Стефанос Циципас (6-3, 6-2, 5-7, 4-6, 6-1),[325] но во финалето бил поразен од Рафаел Надал во три сета (0-6, 2-6, 5-7) (неговиот прв пораз по 11 месеци).[326] На 27 октомври, Ѓоковиќ го започнал настапот на турнирот „Erste Bank Open“ во Виена, каде во првото коло го победил сонародникот Филип Крајиновиќ (7-6, 6-3),[327][328] а во второто коло го совладал хрватскиот тенисер Борна Ќориќ (7-6, 6-3).[329] Меѓутоа, во четврфиналето, тој бил поразен од италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего (2-6, 1-6).[330] Сепак, и покрај неуспехот на овој турнир, Ѓоковиќ го обезбедил првото место на списокот на АТП на најдобрите тенисери. На тој начин, по шести пат во кариерата ја завршил годината како најдобар тенисер на светот, со што го изедначил рекордот на Пит Сампрас. Притоа, со своите 33 години, тој станал најстариот тенисер кој годината ја завршил на првото место на табелата на АТП.[331] Во ноември 2020 година, Ѓоковиќ настапил по 13. пат на завршниот турнир на АТП, каде бил носител на групата „Токио 1970“, заедно со Данил Медведев, Александер Зверев и Диего Шварцман.[332] Во првото коло, тој го победил Шварцман (6-3, 6-2),[333] во второто коло претрпел пораз од Медведев (3-6, 3-6),[334] но во третото коло го совладал Зверев (6-3, 7-6) и така се пласирал во своето деветто полуфинале на завршниот турнир, а таму бил поразен од Доминик Тим (5-7. 7-6, 6-7).[335] На 21 декември, Ѓоковиќ ја започнал 300. седмица по ред како најдобар тенисер на светот и така станал вториот тенисер во светот (по Федерер) кој достигнал 300 седмици на врвот на табелата на АТП.[336] 2021 годинаНа 8 февруари, Ѓоковиќ го започнал својот настап на Отвореното првенство на Австралија каде бил прв носител. Во првото коло, тој го победил францускиот тенисер Жереми Шарди (6-3, 6-1, 6-2),[337] во второто коло бил подобар од американскиот тенисер Френсис Тијафо (6-3, 6-7, 7-6, 6-3),[338] во третото коло го совладал американскиот тенисер Тејлор Фриц (7-6, 6-4, 3-6, 4-6, 6-2),[339] а во осминафиналето, Ѓоковиќ го победил Милош Раониќ (7-6, 4-6, 6-1, 6-4) и така ја остварил својата 300. победа на „гренд-слем“ турнирите.[340] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го совладал Александар Зверев (6-7, 6-2, 6-4, 7-6),[341] а во полуфиналето бил подобар од рускиот тенисер Аслан Карацев (6-3, 6-4, 6-2).[342] Во своето деветто финале на Отвореното првенство на Австралија, тој бил подобар од рускиот тенисер Данил Медведев (7-5, 6-2, 6-2) и така по деветти пат победил на овој турнир.[343] На 8 март 2021 година, Ѓоковиќ ја започнал својата 311. недела како најдобар тенисер на светот и така го соборил дотогашниот рекорд на Федерер за најмногу недели на врвот на табелата на АТП. Во таа прилика, АТП му подарила торта во обликот на бројот еден, обоена како знамето на Србија (црвено, сино и бело). Во својата кариера, Ѓоковиќ застанал петпати на првото место на списокот на АТП, а шест сезони завршила на првото место.[344][345] На 14 април, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Монте Карло, каде во второто коло го победил италијанскиот тенисер Јаник Синер (6-4, 6-2),[346] но во осминафиналето бил поразен од британскиот тенисер Даниел Еванс (4-6, 5-7).[347] На 21 април, Ѓоковиќ го започнал настапот на турнирот „Serbia Open“, каде во второто коло го победил јужнокорејскиот тенисер Сунву Квон (6-1, 6-3),[348] во четврфиналето бил подобар од сонародникот Миомир Кецмановиќ (6-1, 6-3),[349] но во полуфиналето бил поразен од рускиот тенисер Аслан Карацев (5-7, 6-4, 4-6).[350] На „мастерсот“ во Рим, како прв носител, Ѓоковиќ настапил од второто коло во кое го победил американскиот тенисер Тејлор Фриц (6-3, 7-6),[351] а во третото коло бил подобар од шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина (6-2, 6-1) и така се пласирал во 15. четвртфинале на овој турнир,[352] каде, по неколку прекини поради лошото време, го совладал Стефанос Циципас (4-6, 7-5, 7-5).[353] Во полуфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего (6-3, 6-7, 6-2),[354] но во финалето загубил од Рафаел Надал (5-7, 6-1, 3-6).[355] Потоа, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Белград (Belgrade Open), каде во второто коло бил подобар од германскиот тенисер Матс Морајн (6-2, 7-6),[356] а во четвртфиналето го совладал аргентинскиот тенисер Федерико Корија (6-1, 6-0).[357] Во полуфиналето, тој го победил словачкиот тенисер Андреј Мартин (6-1, 4-6, 6-0) и така се пласирал во финалето,[358] каде го совладал словачкиот тенисер Алекс Молчан (6-4, 6-3) и така ја освоил 83. титула во својата кариера.[359] На 1 јуни, Ѓоковиќ го почнал настапот на „Ролан Гарос“, каде во првото коло го совладал американскиот тенисер Тенис Сангрен (6-2, 6-4, 6-2).[360] Во второто коло, тој бил подобар од уругвајскиот тенисер Пабло Куевас (6-3, 6-2, 6-4),[361] а во третото коло го совладал литванскиот тенисер Рикардас Бранкис (6-1, 6-4, 6-1) и така ја остварил својата 77. победа на „Ролан Гарос“.[362] Во осминафиналето, Ѓоковиќ се сретнал со италијанскиот тенисер Лоренцо Музети. Откако ги загубил првите два сета (6-7, 6-7), Ѓоковиќ победил во другите два сета (6-1, 6-0), а Музети се предал во петтиот сет при водство на Ѓоковиќ (4-0).[363] Во четврфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од италијанскиот тенисер Матео Беретини (6-3, 6-2, 6-7, 7-5),[364] а во своето 11. полуфинале на „Ролан Гарос“ го совладал Рафаел Надал (3-6, 6-3, 7-6, 6-2) и така ја зголемил својата предност во натпреварите против Надал на 30-28.[365] Во своето 29. „гренд слем“ финале, Ѓоковиќ го победил Стефанос Циципас (6-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-4) и така ја освоил втората тирула на „Ролан Гарос“, 19. титула на „гренд слем“ турнирите и 84. титула во кариерата. Притоа, тој станал првиот тенисер во историјата која успеал барем двапати да ги освои сите четири „гренд слем“ турнири. Исто така, Ѓоковиќ за првпат победил во финалето на некој „гренд слем“ турнир откако претходно губел со резултат 0-2 во сетови, а истовремено, тој станал првиот тенисер по 2004 година кој победил во финалето на „Ролан Гарос“ откако претходно губел со резултат 0-2 во сетови.[366] Како подготовка за „Вимблдон“, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Мајорка каде се натпреварувал во двојки, заедно со шпанскиот тенисер Карлос Гомес Херера при што двајцата добиле специјални покани од организаторот на турнирот. Во првиот натпревар, тие биле подобри од двојката Никола Ќаќиќ / Томислав Бркиќ (5-7, 6-4, 13-11),[367] во четвртфиналето ги победиле првите носители на турнирот, Марсел Гранољес и Хорасио Себаљос(4-6, 7-6, 10-8),[368] а во полуфиналето ја совладале двојката Оливер Мараха / Ајсам Ул Хак Куреши (6-3, 7-6).[369] На тој начин, тие се пласирале во финалето, но не настапиле во него, зашто Гомес Херера се откажал поради повреда.[370] На 28 јуни, Ѓоковиќ го започнал својот настап на „Вимблдон“ каде во првото коло го совладал британскиот тенисер Џек Дрејпер (4-6, 6-1, 6-2, 6-2).[371] Во второто коло, тој бил подобар од јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон (6-3, 6-3, 6-3),[372] а во третото коло го совладал Денис Кудла (6-4, 6-3, 7-6).[373] Во осминафиналето, Ѓоковиќ бил подобар од чилеанскиот тенисер Кристијан Гарин (6-2, 6-4, 6-2) и така се пласирал во своето 12. четвртфинале на „Вимблдон“ и 50. четвртфинале на „гренд слем“ турнирите.[374] Потоа, тој го совладал унгарскиот тенисер Мартон Фучович (6-3, 6-4, 6-4) и се пласирал во своето десетто полуфинале на овој турнир,[375] каде бил подобар од канадскиот тенисер Денис Шаповалов (7-6, 7-5, 7-5).[376] Во своето 30. „гренд слем“ финале, Ѓоковиќ го совладал италијанскиот тенисер Матео Беретини (6-7, 6-4, 6-4, 6-3) и така ја освоил шестата титула на Вимблдон, 85. титула во кариерата и 20. „гренд слем“ титула, со што се изедначил со Федерер и со Надал. Истовремено, Ѓоковиќ станал првиот тенисер по 1969 година кој успеал да победи на првите три „гренд слем“ турнири.[377] Со победата на Вимблдон, Ѓоковиќ станал првиот тенисер во историјата кој заработил повеќе од 150 милиони долари од наградите на тениските турнири.[378] По Олимписките игри, Ѓоковиќ настапил на Отвореното првенство на САД. Во првото коло, тој го победил младиот дански тенисер Холгер Витус Нодсков Руне (6-1, 6-7, 6-2, 6-1),[379] во второто коло бил подобар од холандскиот тенисер Талон Грикспор (6-2, 6-3, 6-2),[380] а во третото коло го победил Нишикори (6-7, 6-3, 6-2, 6-2).[381] Во осминафиналето, Ѓоковиќ бил подобар од американскиот тенисер Џенсон Бруксби (1-6, 6-3, 6-2, 6-2),[382] а во четвртфиналето го совладал Матео Беретини (5-7, 6-2, 6-2, 6-3) и така се пласирал во своето 12. полуфинале на овој турнир. Притоа, на овој натпревар, Ѓоковиќ соборил уште еден рекорд во историјата на тенисот со тоа што ја забележал својата 224. победа над тенисерите кои се рангирани меѓу најдобрите десет, надминувајќи го дотогашниот рекорд на Федерер.[383] Во полуфиналето, Ѓоковиќ го победил Александар Зверев (4-6, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2) и се пласирал во деветтото финале на Отвореното првенство на САД при што поставил нов рекорд постанувајќи тенисер со најмногу одиграни финалиња на овој турнир, претекнувајќи ги Иван Лендл и Пит Сампрас.[384] Меѓутоа, во финалето, тој загубил од Данил Медведев (4-6, 4-6, 4-6) и така ја пропуштил можноста да го освои календарскиот „гренд слем“.[385] На 30 октомври, Ѓоковиќ го започнал настапот на турнирот во Париз, каде во игрите на двојки, тој и Филип Крајиновиќ биле подобри од австралискиот пар Лук Савил/Алекс де Минор со резултат 4-6, 6-4, 10-7,[386] но во второто коло тие биле поразени од Филип Поласек и Џон Пирс (6-7, 4-6). Поединечните настапи Ѓоковиќ ги почнал од второт коло при што го совладал унгарскиот тениср Мартон Фучович (6-2, 4-6, 6-3).[387] Откако неговиот противник во третото коло се повлекол, Ѓоковиќ се пласирал во четврфиналето без борба, а таму го совладал американскиот тенисер Тејлор Фриц (6-4, 6-3).[388] Во своето седмо полуфинале на овој турнир, тој бил подобар од полскиот тенисер Хуберт Хуркач (3-6, 6-0, 7-6) и на тој начин го обезбедил првото место на табелата на АТП до крајот на година. Со тоа, Ѓоковиќ постигнал уште еден рекорд, станувајќи првиот тенисер кој седум календарски години бил најдобар тенисер на светот (претходно, тој го делел рекордот со Пит Сампрас).[389] Утредента, во финалето, Ѓоковиќ бил подобар од Данил Медведев (4-6, 6-3, 6-3) и така ја освоил шестата титула на овој турнир и поставил нов рекорд — освоени 37 „мастерс“ титули.[390] На завршниот турнир на АТП, одржан во Торино, Ѓоковиќ ја предводел зелената група во која се наоѓале уште Стефанос Циципас (кој подоцна се повлекол поради поведа и бил заменет со британскиот тенисер Камерон Нори), Андреј Рубљов и Каспер Руд. Во првиот свој настап, тој го совладал Руд (7-6, 6-2),[391] а потоа го совладал и Рубљов (6-3, 6-2).[392] Во третиот нстап во групната фаза, Ѓоковиќ бил подобар од Нори (6-2, 6-1)[393] и така се пласирал во полуфиналето каде бил поразен од Зверев (6-7, 6-4, 3-6).[394] 2022 годинаНа 5 јануари, Ѓоковиќ отпатувал во Австралија за да настапи на Отвореното првенство на Австралија, каде бил пријавен како прв носител. Меѓутоа, и покрај тоа што имал влезна виза, тој бил задржан на аеродромот и не му било дозволен влез во земјата поради тоа што не бил вакциниран против КОВИД-19. Откако австралиската влада му ја поништила визата, Ѓоковиќ вложил жалба и судот пресудил во негова корист, но владата повторно не му дозволила влез во земјата. На повтореното судење, одржано ден пред почетокот на турнирот, судот ја потврдил одлуката на владата и така Ѓоковиќ бил принуден да ја напушти Австралија.[395] Во февруари 2022 година, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Дубаи, каде во првото коло го совладал италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (6-3, 6-3).[396] Во второто коло, тој бил подобар од Карен Хачанов (6-3, 7-6),[397] но потоа, во четврфиналето загубил од чешкиот тенисер Јиржи Весели (4-6, 6-7). Со тој пораз, Ѓоковиќ паднал на второто место на списокот на најдобрите светски тенисери, откако непрекинато бил првопласиран во текот на 361 недела.[398] Веднаш по завршувањето на турнирот во Дубаи, на почетокот на март, Ѓоковиќ и неговиот тренер Марјан Вајда ја прекинале нивната 15-годишна соработка.[399] Потоа, Ѓоковиќ објавил дека нема да настапи на турнирите во Индијан Велс и во Мајами поради неможноста да добие виза за влез во САД.[400] Во април, Ѓоковиќ настапил на мастерсот во Монте Карло, каде уште во второто коло (во првото бил слободен) претрпел пораз од шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина (3-6, 7-6, 1-6).[401] Истиот месец, тој учествувал на турнирот во Белград, каде најпрвин го совладал Ласло Ѓере (2-6, 7-6, 7-6),[402] а во четвртфиналето бил подобар од сонародникот Миомир Кецмановиќ (4-6, 6-3, 6-3)[403] и така се пласирал во полуфиналето, каде го совладал рускиот тенисер Карен Хачанов (4-6, 6-1, 6-2).[404] Во финалето, Ѓоковиќ се сретнал со рускиот тенисер Андреј Рубљов, но бил поразен (2-6, 7-6, 0-6) и не успеал да ја освои третата титула на овој турнир. Инаку, посебна одлика на финалниот натпревар било тоа што одлуката за тоа кој прв ќе сервира не била донесена со фрлање паричка, како што е вообичаено, туку со кршење на велигденски јајца.[405] На почетокот од мај, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Мадрид, каде во второто коло го совладал францускиот тенисер Гаел Монфилс (6-3, 6-2).[406] Со оваа победа, Ѓоковиќ ја обезбедил 369. недела како најдобар тенисер на светот, а поставил уште еден рекорд станувајќи првиот тенисер во отворената ера кој имал резултат 18-0 во натпреварите со некој противник.[407] Во осминафиналето требало да се сретнат Ѓоковиќ и Енди Мареј, но откако Мареј се повлекол поради болест непосредно пред натпреварот, Ѓоковиќ се пласирал во четвртфиналето,[408] каде го совладал полскиот тенисер Хуберт Хуркач (6-3, 6-4),[409] но во полуфиналето претрпел пораз од шпанскиот тенисер Карлос Алкарас (7-6, 5-7, 6-7).[410] На 10 мај Ѓоковиќ го започнал учеството на „мастерсот“ во Рим, каде во второто коло (во првото бил слободен) го победил рускиот тенисер Аслан Карацев (6-3, 6-2),[411] а во осминафиналето бил подобар од Станислас Вавринка (6-2, 6-2).[412] Во четвртфиналето, го победил канадскиот тенисер Феликс Ожер-Алијасим (7-5, 7-6).[413], а во полуфиналето бил подобар од норвешкиот тенисер Каспер Руд (6-4, 6-3) и така ја остварил илјадитата победа во професионалната кариера.[414] Во финалето, Ѓоковиќ го совладал Стефанос Циципас (6-0, 7-6) и така ја освоил шестата титула на овој турнир, 38. титула на „мастерсите“ и 87. титула во кариерата. Истовремено, тој станал најстариот победник во историјата на овој турнир.[415] На 23 мај, во рамките на првото коло на турнирот „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ го совладал Јошихито Нишиока (6-3, 6-1, 6-0),[416] а во второто коло бил подобар од Алекс Молчан (6-2, 6-3, 7-6).[417] Во третото коло Ѓоковиќ го совладал Аљаж Бедене (6-3, 6-3, 6-2),[418] а во осминафиналето бил подобар од Диего Шварцман (6-1, 6-3, 6-3), со што се пласирал во своето 16. четвртфинале на „Ролан Гарос“[419] каде бил поразен од Рафаел Надал (2-6, 6-4, 2-6, 6-7). По оваа средба, резултатот од нивните меѓусебни борби изнесувал 30 победи за Ѓоковиќ наспроти 29 победи за Надал.[420] Подготвувајќи се за турнирот „Вимблдон“, Ѓоковиќ настапил на егзибициониот турнир во Хурлингем каде на 24 јуни го совладал канадскиот тенисер Феликс Оже Алијасим (6-2, 6-1).[421] Три дена подоцна, во рамките на првото коло на „Вимблдон“, тој бил подобар од корејскиот тенисер Сунву Квон (6-3, 3-6, 6-3, 6-4) и така ја остварил 80. победа на овој турнир, со што поставил нов рекорд: првиот тенисер во историјата кој на секој „гренд слем“ остварил најмалку 80 победи.[422] Потоа, во второто коло, Ѓоковиќ го победил австралискиот тенисер Танасиј Кокинакис (6-1, 6-4, 6-2),[423] а во третото коло бил подобар од сонародникот Миомир Кецмановиќ (6-0, 6-3, 6-4).[424] Во осминафиналето, тој го совладал холандскиот тенисер Тим ван Рајтховен (6-2, 4-6, 6-1, 6-2) и се пласирал во своето 13. четвртфинале на Вимблдон,[425] а потоа бил подобар и од италијанскиот тенисер Јаник Синер (5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2) со што се пласирал во своето 11. полуфинале на овој турнир и 42. полуфинале на „гренд слем“ турнирите.[426] Во полуфиналето, Ѓоковиќ го победил британскиот тенисер Камерон Нори (2-6, 6-3, 6-2, 6-4),[427] а во финалето го совладал Ник Кирјос (4-6, 6-3, 6-4, 7-6). На тој начин, Ѓоковиќ ја забележал својата 28. последователна победа на Вимблдон, ја освоил седмата титула на овој турнир, 21. титула на „гренд слем“ турнирите и 88. титула во кариерата. Меѓутоа, и покрај победата на Вимблдон, Ѓоковиќ паднал од третото на седмото место на списокот на АТП на најдобрите тенисери.[428] Поради тоа што не бил вакциниран против КОВИД-19, на Ѓоковиќ не му било дозволено да настапи на тенискиет турнири во САД, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД.[429] Поради отсуството од неколку турнири, на крајот до август 2022 година, тој паднал на шестото место на списокот на најдобрите тенисери, со освоени 4 770 бодови.[430] Во септември, Ѓоковиќ настапил на Леверовиот куп (Lever Cup), одржан во Лондон, како дел на тимот на Европа (неговото второ учество на овој куп). Притоа, тој го совладал Френсис Тиафо (6-1, 6-3), а потоа, во играта во двојки, тој и Матео Беретини биле подобри од двојката Алекс де Минoр / Џек Сок (7-6, 6-2).[431] Утредента, Ѓоковиќ бил поразен од канадскиот тенисер Феликс Огер-Алијасиме (3-6, 6-7).[432] На 29 септември, Ѓоковиќ го започнал настапот во Тел Авив (неговото прво учество на овој турнир), каде во осминафиналето го совладал Пабло Андухар (6-0, 6-3),[433] во четвртфиналето бил подобар од канадскиот тенисер Васек Поспишил (7-6, 6-3),[434] а во полуфиналето го победил рускиот тенисер Роман Сафијулин (6-1, 7-6).[435] Најпосле, во финалето одиграно на 2 октомври, Ѓоковиќ бил подобар од хрватскиот тенисер Марин Чилиќ (6-3, 6-4) и така ја освоил 89. титула во кариерата.[436] На почетокот на октомври, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Астана, каде бил четврти носител. Во првото коло, тој бил подобар од чилеанскиот тенисер Христијан Гарин (6-1, 6-1),[437] во второто коло го совладал холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп (6-3, 6-1),[438] а во четвртфиналето бил подобар од рускиот тенисер Карен Хачанов (6-4, 6-3).[439] Во полуфиналето, тој одиграл само два сета против Данил Медведев (4-6, 7-6), кој се откажал поради повреда.[440] Така, Ѓоковиќ се пласирал во финалето, каде го совладал Стефанос Циципас (6-3, 6-4) и ја освоил 90. титула во кариерата.[441] На почетокот од ноември, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Париз, каде во првото коло го совладал американскиот тенисер Максим Крејси (7-6, 6-4),[442] а во второто коло бил подобар од Карен Хачанов (6-4, 6-1).[443] Во четвртфиналето, го совладал италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (6-0, 6-3),[444] а потоа, во полуфиналето бил подобар од Стефанос Циципас (6-2, 3-6, 7-6).[445] Меѓутоа, во финалето, тој бил поразен од данскиот тенисер Холгер Руне (6-3, 3-6, 5-7).[446] Во средината на ноември, Ѓоковиќ настапил на завршниот турнир на АТП во Торино, каде се натпреварувал во црвената група, заедно со Циципас, Медведев и Рубљов.[447] Во првото коло, тој бил подобар од Циципас (6-4, 7-6),[448] а потоа ги совладал Рубљов (6-4, 6-1) и[449] Медведев (6-3, 6-7, 7-6).[450] Во полуфиналето, Ѓоковиќ го совладал американскиот тенисер Тејлор Фриц (7-6, 7-6) и така по осми пат во кариерата се пласирал во финалето на завршниот турнир.[451] Во финалето, тој бил подобар од норвешкиот тенисер Каспер Руд (7-5, 6-3) и така ја освоил шестата титула на завршниот турнир на АТП, изедначувајќи се со Федерер, како и 91. шампионска титула во кариерата. Со оваа победа, тој се искачил на петтото место на списокот на најдобрите тенисери, со вкупно 4 820 бодови.[452] На крајот од сезоната, два натпревара во кои учествувал Ѓоковиќ се нашле на списокот на АТП на најдобрите натпревари во 2022 година, и тоа: неговиот дуел со Пабло Алкараз во полуфиналето мастерсот во Мадрид бил прогласен за натпревар на годината, додека неговиот полуфинален настап на мастерсот во Париз, исто така, се нашол во групата на пет најдобри натпревари во 2022 година.[453] По завршувањето на официјалната сезона, Ѓоковиќ настапил на егзибициониот турнир што се одржал во Дубаи од 19 до 24 декември, насловен „Светска тениска лига“. Притоа, Ѓоковиќ бил дел од тимот „Соколи“ (Falcons), заедно со Димитров, Бадоса и Сабаленка.[454] Притоа, во првиот настап, тој бил поразен од Зверев (3-6, 4-6),[455] а во следниот настап, иако го совладал австрискиот тенисер Себастијан Офнер (6-7, 6-0, 10-7), неговата екипа не успеала да се пласира во финалето.[456] 2023 годинаНа почетокот на јануари, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Аделаида, каде во првото коло го совладал францускиот тенисер Констан Лесјен (6-3, 6-2),[457] а во второто коло бил подобар од уште еден француски тенисер, Квентин Халис (7-6, 7-6).[458] Потоа, во четвртфиналето го совладал Денис Шаповалов (6-3, 6-4),[459] додека во полуфиналето (неговиот 348. натпревар против некој од најдобрите десет тенисери) бил подобар од Данил Медведев (6-3, 6-4).[460] Најпосле, во 131. финале во кариерата, тој бил подобар од американскиот тенисер Себастијан Корда (6-7, 7-6, 6-4) и така го освоил својот 92. турнир во кариерата, израмнувајќи се со Надал на списокот на тенисерите со најмногу триумфи на турнирите.[461] На 17 јануари, Ѓоковиќ го започнал својот настап на Отвореното првенство на Австралија каде во првото коло го совладал шпанскиот тенисер Роберто Карбаљес Баена (6-3, 6-4, 6-0),[462] во второто коло бил подобар од францускиот тенисер Ензо Квако (6-1, 6-7, 6-2, 6-0),[463] а во третото коло го победил бугарскиот тенисер Григор Димитров (7-6, 6-3, 6-4).[464] Во осминафиналето, Ѓоковиќ бил подобар од австралискиот тенисер Алекс де Минор (6-2, 6-1, 6-2) и така се пласирал во своето 54. четвртфинале на грен-слем турнирите.[465] Со победата над рускиот тенисер Андреј Рубљов (6-1, 6-2, 6-4),[466] тој ја остварил 26. последователна победа на Отвореното првенство на Австралија со што го изедначил рекордот на Андре Агаси. На тој начин, тој се пласирал во своето 44. полуфинале на гренд слем турнирите,[467] каде бил подобар од американскиот тенисер Томи Пол (7-5, 6-1, 6-2).[468] Во своето десетто финале на Отвореното првенство на Австралија, Ѓоковиќ го совладал Стефанос Циципас (6-3, 7-6, 7-6) остварувајќи ја 28. последователна победа на овој турнир и така ја освоил десеттата титула на Отвореното првенство на Австралија, 93. титула во кариерата и 22. титула на „гренд слем“ турнирите. Притоа, тој повторно се вратил на првото место на списокот на најдобрите тенисери, со освоени 7 070 бодови.[469] На 27 февруари 2023 година, Ѓоковиќ ја започнал 378. недела на првото место на списокот на најдобрите тенисери, соборувајќи го рекордот што дотогаш го држела германската тенисерка Штефи Граф.[470] Утредента, тој го започнал настапот на турнирот во Дубаи, каде во првото коло го совладал чешкиот тенисер Томас Махач (6-3, 3-6, 7-6),[471] а во второто коло бил подобар од холандскиот тенисер Талон Грикспор (6-2, 6-3).[472] Во четвртфиналето, тој го совладал полскиот тенисер Хуберт Хуркач (6-3, 7-5) и така ја остварил 14. последователна победа од почетокот на годината,[473] но во полуфиналето бил поразен од Данил Медведев (4-6, 4-6).[474] Во април, Ѓоковиќ учествувал на турнирот во Монте Карло, каде во второто коло го совладал рускиот тенисер Иван Гахов (7-6, 6-2),[475] но потоа бил поразен во осминафиналето од италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (6-4, 5-7, 4-6).[476] Потоа, тој настапил на турнирот „Srpska Open“ во Бања Лука, каде во второто коло го совладал францускиот тенисер Лука ван Аше (6-7, 6-3, 6-2),[477] но во четвртфиналето загубил од сонародникот Душан Лајовиќ (4-6, 6-7).[478] На 12 мај, Ѓоковиќ го започнал својот настап на турнирот во Рим, каде во второто коло го совладал аргентинскиот тенисер Томас Мартин Ечеверија (7-6, 6-2),[479] а во следното коло бил подобар од Григор Димитров (6-3, 4-6, 6-1).[480] Во осминафиналето, тој го победил британскиот тенисер Камерон Нори (6-3, 6-4),[481] но во четвртфиналето бил поразен од данскиот тенисер Холгер Руне (2-6, 6-4, 2-6).[482] Во своето 19. учество на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ во првото коло го победил американскиот тенисер Александар Ковачевиќ (6-3, 6-2, 7-6).[483] Во второто коло, го совладал Мартон Фучович (7-6, 6-0, 6-3),[484] додека во третото коло бил подобар од шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина (7-6, 7-6, 6-2).[485] Во осминафиналето, Ѓоковиќ го победил шпанскиот тенисер Хуан Пабло Вариљас (6-3, 6-2, 6-2) и така се пласирал во своето 14. последователно а вкупно 17. четвртфинале на овој турнир, постигнувајќи нов рекорд.[486] Откако во четвртфиналето го совладал рускиот тенисер Карен Хачанов (4-6, 7-6, 6-2, 6-4),[487] во полуфиналето бил подобар од Пабло Алкарас (6-3, 5-7, 6-1, 6-1) и така се пласирал во своето седмо финале на Ролан Гарос и 34. финале на „гренд-слем“ турнирите со што го изедначил рекордот на Крис Еверт.[488] Во финалето, Ѓоковиќ го совладал норвешкиот тенисер Каспер Руд (7-6, 6-3, 7-5) и така ја освоил третата титула на Ролан Гарос и рекордната 23. „гренд слем“ титула. Истовремено, тој постигнал уште неколку рекорди: единствениот тенисер во историјата кој играл во најмалку седум финалиња на „гренд слем“ турнирите, првиот тенисер во историјата кој секој „гренд слем“ го освојувал барем трипати и најстариот тенисер кој победил на Ролан Гарос. Со оваа титула (94. во кариерата), Ѓоковиќ повторно се вратил на првото место на списокот на најдобрите тенисери во светот со 7 595 бодови.[489] На 3 јули, во првото коло на „Вимблдон“, Ѓоковиќ го победил аргентинскиот тенисер Педро Качино (6-3, 6-3, 7-6),[490] а во второто коло бил подобар од австралискиот тенисер Џордан Томпсон (6-3, 7-6, 7-5), остварувајќи ја 350. победа на гренд-слем турнирите во својата кариера.[491] Во третото коло, Ѓоковиќ го совладал швајцарскиот тенисер Стен Вавринка (6-3, 6-1, 7-6),[492] а во осминафиналето, кое се играло во текот на два дена, го победил полскиот тенисер Хуберт Хуркач (7-6, 7-6, 5-7, 6-4).[493] Во четврфиналето, Ѓоковиќ го совладал рускиот тенисер Андреј Рубљов (4-6, 6-1, 6-4, 6-3),[494] а во полуфиналето бил подобар од италијанскиот тенисер Јаник Синер (6-3, 6-4, 7-6) и по деветти пат во кариерата се пласирал во финалето на овој турнир, поставувајќи нов рекорд, како тенисер со најмногу финалиња на „гренд слем“ турнирите (35).[495] Во финалето, Ѓоковиќ бил поразен од шпанскиот тенисер Карлос Алкарас (6-1, 6-7, 1-6, 6-3, 4-6).[496] Во август, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Синсинати, каде во второто коло се сретнал со Алехандро Давидович Фокина. По првиот сет, кој го добил со резултат 6-4, Фокина го предал натпреварот и така Ѓоковиќ се пласирал во осминафиналето,[497] каде го совладал Гаел Монфис (6-3, 6-2) остварувајќи ја 19. победа против овој тенисер, со што поставил нов рекорд постанувајќи тенисер со најмногу победи против еден противник.[498] Во четврфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од Тејлор Фриц (6-0, 6-4) и така се пласирал во 135. полуфинале во кариерата,[499] каде го совладал Александер Зверев (7-6, 7-5).[500] Најпосле, во финалето, кое траело 3 часа и 49 минути (најдолгото финале во историјата на овој турнир), тој бил подобар од Карлос Алкарас (5-7, 7-6, 7-6), освојувајќи ја третата титула во Синсинати, 39. титула на мастерсите и 95. титула во кариерата. Истовремено, со оваа победа, Ѓоковиќ станал најстариот шампион на овој турнир.[501] На 29 август, Ѓоковиќ го започнал настапот на Отвореното првенство на САД, каде во првото коло го совладал францускиот тенисер Александер Мулер (6-0, 6-2, 6-3),[502] во второто коло бил подобар од шпанскиот тенисер Бернабе Запата Миралес (6-4, 6-1, 6-1),[503] а во третото коло остварил победа против сонародникот Ласло Ѓере (4-6, 4-6, 6-1, 6-3, 6-3)[504] Во осминафиналето, Ѓоковиќ го совладал хрватскиот тенисер Борна Гојо (6-2, 7-5, 6-4),[505] а во своето 13. четврфинале на овој турнир го совладал американскиот тенисер Тејлор Фриц (6-1, 6-4, 6-4) и така се пласирал во 47. полуфинале на „гренд-слем“ турнирите, со што поставил нов рекорд, надминувајќи го Федерер.[506] Во полуфиналето го совладал американскиот тенисер Бен Шелтон (6-3, 6-2, 7-6) и така се пласирал во своето 36. финале на „гренд-слем“ турнирите,[507] каде бил подобар од рускиот тенисер Данил Медведев (6-3, 7-6, 6-3) со што ја освоил четвртата титула на овој турнир, 24. титула на „гренд-слем“ турнирите и вкупно 96. титула во кариерата. Истовремено, тој станал најстариот победник на Отвореното првенство на САД и третиот тенисер во историјата кој во истата година победил на Отвореното првенство на Австралија, на Ролан Гарос и на Отвореното првенство на САД. Со оваа победа, Ѓоковиќ ја започнал 390. недела на првото место на табелата на најдобрите тенисери на АТП.[508] Во ноември, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Париз. Притоа, во второто коло, тој бил подобар од аргентинскиот тенисер Томас Мартин Ечеверија (6-3, 6-2),[509] а во третото коло го совладал холандксиот тенисер Талон Грикспор (4-6, 7-6, 6-4).[510] Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го победил данскиот тенисер Холгер Руне (7-5, 6-7, 6-4),[511] а во полуфиналето бил подобар од рускиот тенисер Андреј Рубљов (5-7, 7-6, 7-5).[512] Најпосле, во финалето го совладал бугарскиот тенисер Григор Димитров (6-4, 6-3) и така ја освоил седмата титула на овој турнир, 40. титула на „мастерсите“ и вкупно 97. титула во кариерата.[513] Истиот месец, тој настапил на завршниот турнир во Торино, како дел од Зелената група, заедно со Синер, Руне и Циципас (кој поради повреда бил заменет со Хуркач).[514] Притоа, со победата над Руне (7-6, 6-7, 6-3) го обезбедил првото место на списокот на АТП и така поставил нов рекорд, како првиот тенисер кој бил најдобар тенисер на светот во текот на осум сезони.[515] Во второто коло, Ѓоковиќ загубил од Јаник Синер (5-7, 7-6, 6-7),[516] но со победата против Хуберт Хуркач (7-6, 4-6, 6-1) го обезбедил пласманот во полуфиналето,[517] каде бил подобар од Алкарас (6-3, 6-2) и така се пласирал во своето деветто финале на завршниот турнир.[518] Во финалето по вторпат се сретнале Ѓоковиќ и Синер, но овојпат победата му припаднала на Ѓоковиќ (6-3, 6-3), кој на тој начин поставил уште еден рекорд, како единствениот тенисер во историјата кој седумпати победувал на завршниот турнир на АТП. Со оваа победа, тој ја започнал 400. недела на првото место на списокот на најдобрите тенисери со вкупно 11 245 поени.[519] На 27 декември, на егзибициониот меч одигран во Ријад, Ѓоковиќ загубил од Алкарас (6-4, 406, 4-6).[520] 2024 годинаНа 14 јануари 2024, Ѓоковиќ го започнал настапот на Отвореното првенство на Австралија, каде во првото коло бил подобар од квалификантот, хрватскиот тенисер Дино Призмиќ (6-2, 6-7, 6-3, 6-4),[521] во второто коло го совладал австралискиот тенисер Алексеј Попирин (6-3, 4-6, 7-6, 6-3),[522] а во третото коло бил подобар од аргентинскиот тенисер Томас Мартин Ечевери (6-3, 6-3, 7-6). Со овој настап, Ѓоковиќ постигнал нов рекорд, како прв тенисер во историјата кој на секој гренд-слем турнир одиграл барем 100 натпревари.[523] Во осминафиналето го совладал францускиот тенисер Адријан Манарино (6-0, 6-0, 6-3) и така се пласирал во 58. четврфинале на „гренд-слем“ турнирите,[524] каде бил подобар од американскиот тенисер Тејлор Фриц (7-6, 4-6, 6-2, 6-3).[525] Меѓутоа, во своето 11. полуфинале на овој турнир, Ѓоковиќ бил поразен од италијанскиот тенисер Јаник Синер (1-6, 2-6, 7-6, 3-6). И покрај поразот, тој го задржал првото место на списокот на најдобрите тенисери со освоени 9 855 бодови.[526] Во март, Ѓоковиќ настапил на мастерсот во Индијан Велс (неговото 15. учество на овој турнир), каде во второто коло го совладал австралискиот тенисер Александар Вукиќ (6-2, 5-7, 6-3), забележувајќи ја 400. победа на мастерсите.[527] Меѓутоа, веќе во следното коло претрпел неочекуван пораз од италијанскиот тенисер Лука Нарди (4-6, 6-3, 3-6).[528] Во април, Ѓоковиќ играл на турнирот во Монте Карло, каде во второто коло го совладал Роман Сафиулин (6-1, 6-2),[529] а во третото коло бил подобар од Лоренцо Музети (7-5, 6-3).[530] Во четврфиналето, Ѓоковиќ го победил Алекс де Минор (7-5, 6-4) и така поставил нов рекорд, пласирајќи се во 77. полуфинале на „мастерсите“.[531] Меѓутоа, во полуфиналето, тој бил поразен од Каспер Руд (4-6, 6-1, 4-6).[532] На 22 април, на свечената церемонија одржана во Мадрид, Ѓоковиќ по петти пат ја добил наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на светот, со што го изедначил рекордот на Федерер.[533] Во мај, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Рим, каде во второто коло го совладал францускиот тенисер Корентин Мутет (6-3, 6-1),[534] но веќе во следното коло претрпел пораз од Алехандро Табило (2-6, 3-6).[535] Истиот месец, Ѓоковиќ настапил и на турнирот во Женева, каде во второто коло го совладал германскиот тенисер Јаник Ханфман (6-3, 6-3) и така, 37. роденден го прославил со 1100. победа во кариерата. По завршувањето на мечот, гледачите му ја испеале роденденската песна, а од организаторот на турнирот добил торта.[536] Во следното коло, тој бил подобар од холандскиот тенисер Талонг Грикспор (7-5, 6-1),[537] но во полуфиналето претрпел неочекуван пораз од чешкиот тенисер Томаш Махач (4-6, 6-0, 1-6).[538] На својот 20. настап на Ролан Гарос, Ѓоковиќ најпрвин го совладал францускиот тенисер Пјер Уг Ербер (6-4, 7-6, 6-4),[539] во второто коло бил подобар од шпанскиот тенисер Роберто Крбаљес Баена (6-4, 6-1, 6-2),[540] а потоа го победил италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (7-5, 6-7, 2-6, 6-3, 6-0) при што нивниот дуел, кој завршил во 3 часот и пет минути по полноќ, ќе остане запишан како најдоцна одиграниот натпревар во историјата на Ролан Гарос.[541] Во осминафиналето, тој се сретнал со аргентинскиот тенисер Франсиско Серундоло при што направил уште еден пресврт (6-1, 5-7, 3-6, 7-5, 6-3). Со оваа победа, тој поставил уште еден рекорд, станувајќи тенисер со најмногу победи на гренд слем турнирите.[542] Така, Ѓоковиќ се пласирал во четврфиналето каде требало да се игра против Каспер Руд, но се повлекол од натпреварите поради повреда на коленото.[543] Својот настап на Вимблдон Ѓоковиќ го започнал со победа над чешкиот тенисер Вито Коприва (6-1, 6-2, 6-2),[544] во второто коло го совладал британскиот тенисер Џејкоб Фирнли (6-3, 6-4, 5-7, 7-5)[545], додека во третото коло бил подобар од австралискиот тенисер Алексеј Попирин (4-6, 6-3, 6-4, 7-6).[546] Во осминафиналето, Ѓоковиќ бил подобар од данскиот тенисер Холгер Руне (6-3, 6-4, 6-2) и така се пласирал во своето 60. четвртфинале на гренд-слем турнирите,[547] каде требало да игра против австралискиот тенисер Алекс Де Минор кој поради повреда го предал натпреварот.[548] Во полуфиналето го совладал италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (6-4, 7-6, 6-4),[549] но во своето десетто финале на Вимлдон бил поразен од шпанскиот тенисер Карлос Алкарас (2-6, 2-6, 6-7).[550] Во октомври, Ѓоковиќ настапил на „мастерсот“ во Шангај, каде најпрвин го совладал американскиот тенисер Алекс Микелсен (7-6, 7-6),[551] а потоа бил подобар и од италијанскиот тенисер Флавио Коболи (6-1, 6-2).[552] Во осминафиналето, тој го победил рускиот тенисер Роман Сафиулин (6-3, 6-2),[553] а во четврфиналето бил подобар од чешкиот тенисер Јакуб Меншик (6-7, 6-1, 6-4).[554] Во своето деветто полуфинале на овој турнир и 78. полуфинале на „мастерсите“, Ѓоковиќ го совладал американскиот тенисер Тејлор Фриц (6-4, 7-6)[555] но во финалето бил поразен од италијанскиот тенисер Јаник Синер (6-7, 3-6).[556] На 17 октомври, Ѓоковиќ настапил на егзибициониот турнир „Six Kings Slam“ одржан во Ријад. Откако бил слободен во првото коло, во полуфиналето се сретнал со Јаник Синер при што повторно бил поразен (2-6, 7-6, 4-6).[557] Два дена подоцна, во борбата за третото место, Ѓоковиќ го победил Рафаел Надал (6-2, 7-6).[558] Најпосле, на 2 декември, во Буенос Аирес, Ѓоковиќ одиграл пријателски меч со Хуан Мартин дел Потро, кој официјално ја завршил својата професионална тениска кариера. Притоа, Ѓоковиќ претрпел пораз во два сета (4-6, 5-7).[559] 2025 годинаНа 28 декември 2024 година, Ѓоковиќ го започнал настапот на тенискиот турнир во Бризбејн, Австралија, каде во играта во двојки, тој и Ник Кирјос биле подобри од двојката Александер Ерлер / Андреас Мис (6-4, 6-7, 10-8),[560] но во следното коло биле поразени од двојката Никола Мектиќ / Мајкл Венус (2-6, 6-3, 8-10). На 31 декември, Ѓоковиќ го започнал поединечниот настап при што во првото коло бил подобар од јапонскиот тенисер Ринки Хиџиката (6-3, 6-3).[561] Во второто коло, тој бил подобар од Гаел Монфилс (6-3, 6-3), со што поставил нов рекорд, остварувајќи 20 последователни победи против еден тенисер.[562] Меѓутоа, во четвртфиналето, Ѓоковиќ бил неочекувано поразен од американскиот тенисер Рајли Опелка (6-7, 3-6).[563] На 13 јануари, Ѓоковиќ го почнал настапот на Отвореното првнество на Австралија (со Енди Мареј како нов тренер), каде во првото коло го совладал американскиот тенисер Нишеш Баравареди (4-6, 6-3, 6-4, 6-2),[564] а во второто коло бил подобар од португалскиот тенисер Жаим Фарија (6-1, 6-7, 6-3, 6-2). Со овој настап, Ѓоковиќ стигнал до 430. натпревари на гренд-слем турнирите и го соборил рекордот на Федерер.[565] Потоа, во третото коло, тој бил подобар од Томаш Махач (6-1, 6-4, 6-4),[566] а во осминафиналето го совладал чешкиот тенисер Јиржи Лехечка (6-3, 6-4 7-6).[567] Во четвртфиналето, тој бил подобар од Карлос Алкарас (4-6, 6-4, 6-3, 6-4) и така остварил нов рекорд, пласирајќи се во 50. полуфинале на „гренд-слем“ турнирите.[568] Во полуфиналето, Ѓоковиќ играл против Александар Зверев, меѓутоа, по одиграниот прв сет кој го загубил со 5-7, тој се откажал поради повреда на ногата.[569] Во февруари, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Доха, каде во играта во двојки, тој и Фернандо Вердаско оствариле победа против двојката Бублик/Хачанов (6-1, 6-1),[570] но во четвртфиналето претрпеле пораз од двојката Хари Хелиовар/Хенри Патен (5-7, 4-6). Во поединечна конкуренција, Ѓоковиќ бил поразен уште во првото коло од Матео Беретини (6-7, 2-6).[571] Во март, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Индијан Велс, каде бил слободен во првото коло, а во второто коло бил поразен од холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп (2-6, 6-3, 1-6).[572] Истиот месец, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Мајами, каде во второто коло го совладал австралискиот тенисер Ринки Хиџикате (6-0, 7-6) и така поставил нов рекорд — најмногу настапи на „мастерсите“ (501).[573] Потоа, во третото коло, тој бил подобар од аргентинскиот тенисер Камило Уго Карабељи (6-1, 7-6)[574] при што поставил уште еден рекорд, остварувајќи ја 411. победа на „мастерсите“ со што го претекнал Надал.[575] Во осминафиналето, тој бил подобар од италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (6-2, 6-2),[576] а во четвртфиналето го совладал американскиот тенисер Себастијан Корда (6-3, 7-6) и така се пласирал во своето 79. полуфинале на „мастерсите“, а истовремено станал најстариот полуфиналист во историјата на „мастерсите“.[577] Во полуфиналето, тој бил подобар од бугарскиот тенисер Григор Димитров (6-2, 6-3) и така се пласирал во своето 60. финале на „мастерсите“ и 142. финале на турнирите организирани од АТП.[578] Сепак, Ѓоковиќ не успеал да ја освои 100. титула во кариерата, зашто во финалето бил поразен од чешкиот тенисер Јакуб Меншик (6-7, 6-7).[579] На „мастерсот“ во Монте Карло, Ѓоковиќ настапил од второто коло во кое бил совладан од чилеанскиот тенисер Алехандро Табило (3-6, 4-6).[580] Истата судбина ја доживеал и на „мастерсот“ во Мадрид, каде повторно настапил од второто коло и претрпел пораз од италијанскиот тенисер Матео Арналди (3-6, 4-6).[581] Потоа, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Женева, каде во четвртфиналето, на својот 38. роденден, го совладал италијанскиот тенисер Матео Арналди (6-4, 6-4),[582], а во полуфиналето бил подобар од британскиот ренисер Камерон Нори (6-4, 6-7, 6-1) и така се пласирал во 143. финале во кариерата.[583] Со победата над Хуберт Хуркач во финалето (5-7, 7-6, 7-6), тој ја освоил својата прва титула на овој турнир и 100. титула во кариерата и така станал третиот тенисер во историјата кој освоил барем 100 титули.[584] На 27 мај 2025, Ѓоковиќ го започнал своето 22. учество на Ролан Гарос, каде во првото коло бил подобар од американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд (6-3, 6-3, 6-3),[585][586] во второто коло го совладал францускиот тенисер Корентин Мутет (6-3, 6-2, 7-6), а во третото коло остварил победа против австрискиот тенисер Филип Мишолиќ (6-3, 6-4, 6-2).[587] Во осминафиналето, тој бил подобар од британскиот тенисер Камерон Нори (6-2, 6-3, 6-2), остварувајќи ја 100. победа на овој турнир.[588] Во четвртфиналето, тој го совладал германскиот тенисер Александер Зверев (4-6, 6-3, 6-2, 6-4) и така се пласирал во 13. полуфинале на овој турнир,[589] каде бил поразен од Јаник Синер (4-6, 5-7, 6-7).[590] Во првото коло на турнирот во Вимблдон, Ѓоковиќ го совладал францускиот тенисер Александар Муле (6-1, 6-7, 6-2, 6-2),[591] во второто коло бил подобар од британскиот тенисер Даниел Еванс (6-3, 6-2, 6-0),[592] а во третото коло го победил сонародникот Миомир Кецмановиќ (6-3, 6-0, 6-4), остварувајќи ја 100. победа на овој турнир.[593] Во осминафиналето, Ѓоковиќ бил подобар од австралискиот тенисер Алекс де Минор (1-6, 6-4, 6-4, 6-4) и така се пласирал во 16. четвртфинале на Вимблдон и 63. четвртфинале на „гренд-слем“ турнирите.[594] Во четврфиналето, тој го совладал италијанскиот тенисер Флавио Коболи (6-7, 6-2, 7-5, 6-4) и така се пласирал во своето 14. полуфинале на Вимблдон и 52. полуфинале на „гренд-слем“ турнирите,[595] каде бил поразен од Јаник Синер (3-6, 3-6, 4-6).[596] Настапи во Дејвис-купотВо 2006 година, Ѓоковиќ ја остварил одлучувачката победа против Велика Британија победувајќи го Грег Руседски во четири сета во четвртиот меч, со што му донесол на својот тим водство од 3-1 во серијата и така ја одржал Србија и Црна Гора во Првата група од Евро-африканската зона во Дејвис купот. По овој меч, во медиумите се појавиле вести дека Ѓоковиќ сакал да игра тенис под знамето на Британија. Подоцна, 19-годишниот Ѓоковиќ, кој во тоа време бил број 63 на АТП-листата, ја негирал вакавата приказна со зборовите: „Британците се многу љубезни кон нас по Дејвис-купот“. Сепак, нешто повеќе од три години подоцна во октомври 2009 година, Ѓоковиќ потврдил дека разговорите помеѓу неговото семејство и ЛТА (тениската лига во Англија) во април и во мај 2009 година биле навистина сериозни. По тој повод, Ѓоковиќ изјавил: „Британците ми понудија многу можности и им требаше некој бидејќи Енди Мареј беше единствениот и сè уште е. Тоа сигурно е разочарување за сите пари кои тие ги вложуваат. Но не ми требаа сите пари што ги имав направено. Почнав да заработувам нешто за себе, доволно за да можам да си дозволам да патувам со тренер, и реков, „Зошто се грижам?“ Јас сум Србин, јас сум горд што сум Србин, и не сакав да го расипам сето тоа само затоа што некоја друга држава имала подобри услови. Доколку играв за Велика Британија, сигурно дека ќе играв исто како што играм за мојата земја, но длабоко во себе никогаш немаше да почувствувам дека припаѓам таму. Јас бев тој кој ја донесе одлуката.“ Во 2007 година, победувајќи во сите три мечеви, Ѓоковиќ одиграл клучна улога во плеј-оф победата над Австралија, со што еднагодина подоцна Србија преминала во Светската група. Во натпреварот на Србија со Русија, на почетокот на 2008 година, Ѓоковиќ бил надвор од екипата поради грип и бил принуден да го пропушти неговиот меч во поединечна конкуренција. Потоа се врати за да го добие мечот во дубл, во тим со Ненад Зимоњиќ, пред да биде принуден да се повлече во неговиот меч во поединечна конкуренција против Николај Давиденко. Ѓоковиќ, исто така, имал голема улога во напредокот на Србија во Светската група во 2009 година. Од 6-8 март, тој играл клучна улога во пласманот на Србија во четврт-финалето во Светската група (за првпат во нејзината независна историја), победувајќи ги Сем Квери и Џон Изнер во мечот со екипата на САД. Во 2010 година, Србија се пласирала во финалето на Дејвис купот, со победите над Хрватска (4-1) и Чешка (3-2). Србија се вратила од негатива од 1-2 до победа од 3-2 против Франција во финалната пресметка во Белград и така освоила првиот Дејвис куп. Во финалето, Ѓоковиќ остварил две победи во поединечна категорија за Србија, победувајќи ги Жил Симон и Гаел Монфис. Тој бил ‘рбетот на српскиот состав, остварувајќи 7-0 во поединечна конкуренција и така ја доведол својата земја до титулата, иако во одлучувачката пресметка во финалето победата ја остварил Виктор Троицки. Во ноември 2019 година, Ѓоковиќ бил дел од екипата на Србија на турнирот на Дејвис купот, одржан во Мадрид, каде Србија се натпреварувала во групата А. Во првото коло, Србија била подобра од Јапонија, остварувајќи три победи при што Ѓоковиќ бил подобар од Јохишито Нишиока (6-1, 6-2),[597] а утредента ја совладала и репрезентацијата на Франција при што Ѓоковиќ бил подобар од Беноа Пер (6-3, 6-3).[598] Меѓутоа, во четвртфиналето, Србија била поразена од репрезентацијата на Русија откако Ѓоковиќ го совладал Карен Качанов (6-3, 6-3), но во играта на двојки Ѓоковиќ и Виктор Троицки биле поразени од Качанов и Андреј Рубљов (6-4, 4-6, 6-7).[599] Во ноември 2021 година, Ѓоковиќ бил дел од екипата на Србија на финалниот турнир на Дејвис купот одигран во Инсбрук, каде Србија се натпреварувала во групата Ф. Во првото коло, Србија била подобра од Австрија со три победи при што Ѓоковиќ бил подобар од Денис Новак (6-3, 6-2),[600] а утредента била поразена од репрезентацијата на Германија со резултат 1 : 2 при што Ѓоковиќ бил подобар од Јан Ленард Штруф (6-2, 6-4), а потоа во играта на двојки, тој и Никола Ќаќиќ претрпеле пораз од Кевин Кравјец и Тим Пуц (6-7, 6-3, 6-7).[601] Сепак, Србија се пласирала во четврфиналето, одиграно во Мадрид, каде ја совладала репрезентацијата на Казахстан со резултат 2 : 1. Притоа, Ѓоковиќ го совладал Александер Бублик (6-3, 6-4), а во играта на двојки, тој и Ќаќиќ биле подобри од двојката Андреј Голубев/Александар Недовјесов (6-2, 2-6, 6-3).[602] Во полуфиналето, Србија играла против Хрватска, но и покрај победата на Ѓоковиќ над Марин Чилиќ (6-4, 6-2), Србија била поразена со резултат 1 : 2, откако во играта на двојки, Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ загубиле од хрватската двојка Мате Павиќ/Никола Мектиќ (5-7, 1-6).[603] Во септември 2023 година, Ѓоковиќ бил дел од репрезентацијата на Србија која изборила настап во четвртфиналето на Дејвис купот. Притоа, во играта против репрезентацијата на Шпанија, Ѓоковиќ го совладал Алехандро Давидович Фокина (6-3, 6-4).[604] Кон крајот на ноември, Ѓоковиќ бил, исто така, дел од репрезентацијата на Србија која во Малага ја совладала британската репрезентација во четвртфиналето на Дејвис купот. Притоа, Ѓоковиќ го совладал Камерон Нори во два сета (6-4, 6-4).[605] Во полуфиналето, српската репрезентација била поразена од Италија (1 : 2), а Ѓоковиќ загубил од Јаник Синер (2-6, 6-2, 5-7) по што Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ биле поразени од двојката Јаник Синер-Лоренцо Сонего (3-6, 4-6).[606] Настапи во Купот на АТП2020 годинаВо јануари 2020 година, Ѓоковиќ се натпреварувал за екипата на Србија на првото издание на Купот на АТП, одржан во Австралија. Притоа, во првото коло од групата А, во натпреварот против екипата на Јужна Африка, Ѓоковиќ го победил Кевин Андерсон (7-6, 7-6).[607] Во второто коло, во натпреварот против екипата на Франција, Ѓоковиќ бил подобар од Гаел Монфис (6-3, 6-2), а потоа во играта во двојки, тој и Виктор Троицки биле подобри од француската двојка Никола Мау/Едуар Роже Васелан (6-3, 6-7, 10-3).[608] Во третото коло од групната фаза, Србија ја совладала репрезентацијата на Чиле, а Ѓоковиќ го совладал Кристијан Гарин (6-3, 6-3).[609] Во четвртфиналето, Србија била подобра од репрезентацијата на Канада при што Ѓоковиќ го победил Денис Шаповалов (4-6, 6-1, 7-6).[610] Потоа, во полуфиналето против Русија, Ѓоковиќ го победил Данил Медведев (6-1, 5-7, 6-4) и така ја обезбедил победата на својата репрезентација.[611] На 12 јануари, Србија играла во финалето против репрезентацијата на Шпанија во кое Ѓоковиќ најпрвин го победил Надал (6-2, 7-6), а потоа во играта во двојки, тој и Троицки биле подобри од Пабло Карења Буста и Фелисијано Лопес (6-3, 6-4). Така, Србија станала првиот победник на Купот на АТП. На ова натпреварување, Ѓоковиќ освоил вкупно 575 бода.[612] 2021 годинаНа почетокот од февруари 2021 година, Ѓоковиќ настапил за репрезентацијата на Србија на второто издание на Купот на АТП, одржан во Мелбурн. Во рамките на натпреварите од групата А, на 2 февруари, Ѓоковиќ го совладал Денис Шаповалов (7-5, 7-5), а потоа, во играта на двојки, тој и Филип Краиновиќ ја совладале канадската двојка Раониќ/Шаповалов (7-5, 7-6) и така Србија ја победила Канада со резултат 2:1.[613] Во натпреварот против репрезентацијата на Германија, Ѓоковиќ го совладал Зверев (6-7, 6-2, 7-5), но играта во двојки, тој и Никола Ќаќиќ биле поразени од двојката Зверев/Штруф (6-7, 7-5, 7-10). На крајот, Србија била поразена со резултат 1-2 и не успеала да се пласира во полуфиналето.[614] Настапи на Олимписките игриТокио 2020На 24 јули 2021 година, Ѓоковиќ го започнал својот настап на Олимписките игри во Токио при што во првото коло го совладал боливискиот тенисер Уго Делиен (6-2, 6-2).[615] Потоа, во второто коло го совладал германскиот тенисер Жан Ленард Штруф (6-4, 6-3),[616] а во осминафиналето бил подобар од шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина (6-3, 6-1).[617] Во четврфиналето, тој го совладал јапонскиот тенисер Кеи Нишикори (6-2, 6-0).[618] Меѓутоа, во полуфиналето, Ѓоковиќ претрпел пораз од Александар Зверев (6-1, 3-6, 1-6).[619] Во борбата за третото место, Ѓоковиќ загубил од шпанскиот тенисер Пабло Карењо Буста (4-6, 7-6, 3-6) и така не успеал да освои олимписки медал.[620] Истовремено, Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ ја победиле бразилската двојка Марсело Мело/Луиса Стефани (6-3, 6-4) и така се пласирале во четврфиналето во натпреварите на мешани двојки.[617] Таму, тие играле со германската двојка Кевин Кравиц/Лаура Сигмунд (6-1, 6-2).[618] Меѓутоа, во полуфиналето, тие биле поразени од руската двојка Аслан Карацев/Елена Веснина (6-7, 5-7).[619] Во борбата за третото место, требало да играат со австралиската двојка Џон Пирс/Ешли Барти, но натпреварот бил откажан поради повреда на Ѓоковиќ така што ниту во таа конкуренција Ѓоковиќ не освоил медал.[620] Париз 2024Ѓоковиќ настапил за репрезентацијата на Србија и на Олимписките игри во Париз (2024), каде во првото коло го совладал австралискиот тенисер Метју Ебден (6-0, 6-1),[621] а во второто коло бил подобар од Рафаел Надал (6-1, 6-4) со што го зголемил водството во меѓусебните борби на 31-29.[622] Во третото коло, Ѓоковиќ бил подобар од германскиот тенисер Доминик Кепфер (7-5, 6-3),[623] а во четврфиналето го победил грчкиот тенисер Стефанос Циципас (6-3, 7-6).[624] Откако во полуфиналето го совладал италијанскиот тенисер Лоренцо Музети (6-4, 6-2),[625] во финалето бил подобар и од Карлос Алкарас (7-6, 7-6) и така конечно го освоил златниот олимписки медал со што станал петтиот тенисер во историјата што успеал да го оствари т.н. „златен слем“ (победа на четирите „грен слем“ турнири, на завршниот турнир и освоен златен олимписки медал). Ова финале ќе биде одбележано и по тоа што во него играле најстариот (Ѓоковиќ со 37 години) и најмладиот (Алкарас со 21 година) учесник во историјата на тениските турнири на Олимписките игри.[626] Настапи на Јунајтед купотНа преминот од 2023 во 2024 година, Ѓоковиќ настапил за репрезентацијата на Србија на Јунајтед купот (United Cup), одржан во Перт. Притоа, во натпреварот против репрезентацијата на Кина, тој бил подобар од Жижен Жанг (6-3, 6-2), а потоа, во играта на двојки, тој и Олга Даниловиќ ја совладале кинеската двојка Жижен Жанг / Ќинвенг Женг (6-4, 1-6, 10-6) и така Србија победила со резултат 2 : 1.[627] Во следното коло, репрезентацијата на Србија била подобра од чешката репрезентација со резултат 2 : 1, а Ѓоковиќ го совладал Јиржи Лехецка (6-1, 6-7, 6-1).[628] Во четвртфиналето, српската репрезентација загубила од Австралија, а Ѓоковиќ бил поразен од Алекс Де Минаур (4-6, 4-6)[629] Стил на игра и опремаЃоковиќ е играч на сите делови од теренот со нагласок на агресивна игра на основната линија. Неговите удари од земја од двете крила се постојани, длабоки и пенетрирачки. Неговиот бекхенд се смета за еден од најдобрите. Сепак, неговото најдобро оружје е бекхендот кој го удира кон линијата со големо темпо и прецизност. Тој е, исто така, познат како еден од подвижните тенисери со супериорна агилност, покриеност на теренот и одбранбена способност. По големите тешкотии во техниката во сезоната во 2009 година, неговиот сервис е повторно едно од неговите најголеми оружја, носејќи му многу лесни бодови, при што неговиот прв сервис е типичен рамен удар, додека претпочита да го удира својот втор сервис сечено и отворено. Дарен Кејхил изјави дека Ѓоковиќ, заедно со Давид Ферер, е најдобриот враќач на сервис кај мажите. Повремено Ѓоковиќ го удира топчето од земјата – најмногу заради разлутување на неговите противници – како и добро маскиран бекхенд вртен дроп-кик удар и сечење на бекхенд ударот. Ѓоковиќ употребува рекети „Хед“ исползувајќи вообичаена ПиЏеј (пеинт џоб) на врвот на „Ју Трек Спид Про“ рекет, после употребата на „Вилсон“ до крајот на 2008 година. Во 2011 година, на Отвореното првенство на Австралија, тој почнал да користи вообичаен ПиЏеј на главата на „Ју Трек АјГи Спид ЕмПи“ 18/20 со технологија на инегра влакна. Ѓоковиќ користи жици кои се состојат од негов сопствен хибрид од главно природен Гат на главата и од Луксилон Биг Бенгер Алу Пауер Раф на вкрстувањата. На крајот на 2009 година, Ѓоковиќ преминал од „Адидас“ на „Серџо Такини“, потпишувајќи десетгодишен договор со италијанската компанија за облека. Ѓоковиќ од скоро почна да носи вообичаена црвена и сина Адидас барикада 6,0 патики кои се во бојата на српското национално знаме. Dolgo vreme, Ѓоковиќ го тренирал поранешниот словачки професионален тенисер Мариан Вајда со кого ја прекинал долгогодишната соработка во 2022 година. Во мај 2012 година Ѓоковиќ го раскинал договорот со „Серџо Такини“ и потпишаl петгодишен договор со јапонската компанија за облека „Уникло“. Гренд слем турнириВременска изведба на „Гренд слем“ турнирите
Гренд слем финалињаСингл: 37 (24 титула, 13 пати вицешампион)
Настапи на финалните турнириСингл: 9 (7 титули, 2 пати вицешампион)
Статистики во кариератаРекорди
Орденот на Св. СаваНа 28 април 2011 година во Белград, Патријархот на Србија Иринеј , му го врачил на Ѓоковиќ Орденот на Св. Сава од 1 класа, на Српска православна црква. Орденот му бил доделен за искажажаната љубов кон црквата, и обезбедената помош за српскиот народ, црквите и манастирите на Српската православна црква, особено во Косово и Метохија.[630] Во науката и во популарната култураВо април 2021 година, група балкански биоспелеолози го нарекле новооткриениот вид слатководен полжав Travuniana djokovici во чест на Новак Ѓоковиќ.[631]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia