Во 1896, 1900, 1904, 1988, and 1992, губитниците во полуфиналните двобои добивале бронзен медал. Во сите други изданија бил одржан натпревар за бронзен медал.
Почнувајќи од игрите во 2004, резултатите од игрите се сметаат на АТП и ВТА листите во поединечно за календарската година. И покрај тоа што бодовите кои се добиваат се пониски од бодовите кои се добиваат на Гренд слем турнирите, олимписките турнири добиле на важност од нивното повторното воведување, и многу играчи, критичари и спортски експерти сметаат дека освојувањето на златниот медал на Олимписките игри е исто толку престижно, или попрестижно од освојување на Гренд слем титула.[5][6] За играчите кои имаат освоено Олимписки златен медал и сите четири Гренд слем титули се вели дека имаат освоено Златен слем.
Подлога
Подлогата на терените за играње е различна кај различни Олимписки игри. Од 1984, сите олимписки турнири биле одиграни на тврда подлога освен игрите во 1992 (каде се играло на Земјина подлога) и игрите во 2012 (каде се играло на тревна подлога). Менувањето на подлогата на одредени играчи им дава различни предности и слабости кои не се видени во другите олимписки спортови.