Александар Кирацовски
Александар Кирацовски (23 февруари 1983 во Битола) — македонски политичар, пратеник од редовите на СДСМ и генерален секретар на партијата.[1] Дипломирал на техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот отсек во 2007. Кирацовски бил потпретседател на Социјалдемократска младина на Македонија во периодот 2010–2012, а пред тоа и претседател на битолскиот огранок на СДММ во периодот 2008–2010.[2] Повремено пишувал колумни во дневниот весник „Дневник“. Кирацовски бил дополнителен заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада на Емил Димитриев во периодот 2015–2016, а потоа бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 како втор носител на список на СДСМ во петтата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.[3] На партискиот конгрес во јуни 2017 тој бил именуван за генерален секретар на СДСМ, откако во претходниот мандат 2013–2017 бил потпретседател на партијата.[4] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia