Александар Поповски (режисер)
Александар Поповски (1969, Скопје) — македонски театарски и филмски режисер. ЖивотописПоповски дипломирал на Отсекот за театарска и филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Заедно со Дарко Митревски, тој е основач на алтернативната група „Црв“ (1989-1991) и на филмската продуцентска куќа „Мирко и Славко - прва партизанска продукција“. ТворештвоФилмовиВо 1998 година, Александар Поповски го режирал својот прв игран филм „Збогум на 20. век“. Покрај него, Поповски е автор и на филмот „Балканот не е мртов“. Театарски претставиПоповски ја започнал режисерската кариера во 1992 година со претставата „Џинот и седумте џуџуња“, според текстот на Дејан Дуковски, а во изведба на „Градски театар“ од Скопје. Потоа, на театарските сцени во Скопје, тој режирал поголем прој претстави, од кои најпознати се: „Туку така, под облака“, „Циркус Принтимпрам“ на Данил Хармс, „Маме му ебам кој прв почна“ на Дејан Дуковски, „Дон Жуан“ на Молиер, „Три сестри“ на Чехов, „Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски, „Диво месо“ на Горан Стефановски, итн.[1] Во 2012 година, на сцената на МНТ, Поповски ја режирал претставата „Животот на Молиер“ на Булгаков.[2] Поповски режирал и во театрите во Хрватска: Така, на 7 март 2014 година, во загрепскиот сатиричен театар „Керемпух“, Поповски ја поставил претставата „Да живее Хармс. Чудата постојат“, работена според избор од дела на Данил Хармс. Поповски бил автор и на сценографијата, заедно со Нина Бачун и Роберта Братовиќ. Музиката за претставата била дело на битолската група „Фолтин“, а улогите ги толкувале: Линда Бегоња, Иван Ѓуричиќ, Тарик Филиповиќ, Хрвоје Кечкеш, Лука Петрушиќ, Маја Посавец, Ракан Русхаидат, Бранка Трлин и Миа Аночиќ-Валентиќ. Инаку, токму на сцената на овој театар, Поповски за првпат режирал во Загреб, претставувајќи се со драмата „Буре барут“ на Дејан Дуковски.[3] Исто така, на сцената на Градскиот театар „Гавела“ ги режирал и претставите „Сон на летната ноќ“ на Шекспир[1] и „Ричард Трети“ на Шекспир.[4] Поповски поставил и неколку претстави во театрите во Словенија: На 16 октомври 2014 година, на сцената на „Словенско народно гледалишче“ во Љубљана, Поповски ја поставил драмата на Горан Стефановски „Figurea Veneris Historiae“,[5] а на истата сцена ја поставил и претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ.[1] На 8 март 2018 година, на сцената на „Месно гледалиште љубљанско“, Поповски ја поставил претставата „Дантоновата смрт“ на Бихнер,[2] Во театрите во Србија ги режирал претставите: „Алиса во земјата на чудата“ на Билјана Србљановиќ (на сцената на „Ателје 212“), „Метаморфози“ и „Кандид или оптимизам“ на Волтер (Југословенско драмско позориште).[1] Поповски ја режирал и претставата „Градители на империјата или Шмурц“, во изведба на театарот „Хајал Пердеси“ од Истанбул, која на 4 ноември 2014 година била прикажана на фестивалот „Скупи-фест“ во Скопје.[6][7] Во Берлин ја режирал драмата „Три сестри“ по мотивите на Чехов чија претходна верзија била прикажана на фестивалот во Авињон, во 2016 година.[8] Исто така, Поповски ја режирал претставата „Одисеј“, според текстот на Горан Стефановски, а во копродукција на театрите: „Гавела“ и „Улис“ од Загреб, „Српско народно позориште“ и „Стеријино позорје“ од Нови Сад, „Словенско младинско гледалишче“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград и „Навигаторот Цветко“ од Скопје. Оваа претстава ја добила главната награда на средоземниот театарски фестивал „Пургаторија“ во Тиват.[9] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia