Александар Спасовски
Александар Стојанов Спасовски ( 1919 во Скопје — 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописЗавршил основно училиште. Поради лошата материјална состојба не можел да го продолжи образованието и затоа изучил лимарски занает. Во Скопје организирано му пристапил на народноослободителното движење, кои материјално го помагал. Учествувал и во извршувањето на бројни акции, против непријателот. На 6 септември 1944 година, стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, како борец на четвртиот баталјон. Бил учесник во сите нејзини борби и акции против Германците и балистите. Учествувал во разбивањето на балистичките банди, покрај реката Треска, што биле кон центрирани на тој терен. Во таа пеколна борба храбро загинал, во месноста Бел Камен. Неговите останки биле пренесени и закопани на скопските гробишта.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia