Александар Христовски (Бошков)
Александар Бошков Христовски ( 1925 во Скопје — 1945 во Сремски фронт) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописЗавршил основно училиште и го продолжил образованието во гимназија. Уште пред да ја заврши гимназијата заминал во партизани. Во септември 1944 година стапил во Третиот баталјон на Дванаесеттата македонска ударна бриrада, со која учествувал во сите борби во близината на Скопје, како и во самото ослободување на градот. По ослободувањето на Скопје бил префрлен во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и со неа учествувал во ослободувањето на другите окупирани делови на Југославија. Во април 1945 година храбро загинал при пробивот на Сремскиот фронт. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на скопските градски гробишта. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia