Алексејс Сарамотинс (латински: Aleksejs Saramotins; р. 8 април 1982 во Рига) — латвиски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Интерпро Сајклинг Академи.
Шест пати го освоил националното друмско првенство и ја претставувал својата земја на олимписките игри и светските првенства. Во 2009 година победил на Минстерланд Џиро, додека возел за Тим Десигна Кекен, што довело да се приклучи на Тим ХТЦ-Колумбија во 2010 година.[1][2] Сарамотинс ја напуштил екипата и се приклучил на Кофидис[3] каде останал до крајот на сезоната 2012 и се приклучил на новосоздадената екипа ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[4]
Во октомври 2016 година, тој и колегата Матео Пелуки биле објавени како членови на екипата Бора-Хансгрое за 2017.[5]
Пред да потпише професионален договор, возел и како планински велосипедист.
Достигнувања
- 2004
- 3. Национално друмско првенство
- 2005
- 1.
Национално друмско првенство
- 2006
- 1.
Национално друмско првенство
- 2. Гран при Рига
- 2. Мајор куп
- 2007
- 1.
Национално друмско првенство
- 1. Етапа 4 Трка околу Хрватска
- 2. ГП Талин-Тарту
- 2. Гран при Рига
- 3. Мајор куп
- 3. Национално хронометарско првенство
- 2008
- 1. Етапа 1 Сиркут де Ардени
- 1. Етапа 3 Трка околу Словачка
- 1. Трка Ломбардија
- 1. СЕБ Тарту ГП
- 1. Скандинавска отворена друмска трка
- 2. Тур ди Финистер
- 3. Гран при Рига
- 3. Ле Самин
- 2009
- 1. Гран при де ла Вил де Лијер
- 1. Дрејвенкурс Оверејсе
- 1. Минстерланд Џиро
- 1. Етапа 3 Ронд де л’Оаз
- 2. Тарту ГП
- 2. Дуо Норманд (со Сергеј Фирсанов)
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2010
- 1.
Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 1. Гран при д’Изберг
- 1. Пирита ГП Талин VII Лаури Аус Меморијал
- 2011
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2012
- 1.
Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2013
- 1.
Национално друмско првенство
- 1. Тур ди Ду
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Тур ди Јура
- 5. Страде Бјанке
- 9. Полинорманд
- 2014
- 1. Етапа 5 (ITT) Вуелта а Бургос
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2015
- 1.
Национално друмско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2016
- 2. Национално хронометарско првенство
- 3. Класика де Алмерија
- 8. Париз-Рубе
- 2017
- 1.
Национално хронометарско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски