Кофидис Солисјон Креди (француски: Cofidis Solutions Crédits; кратенка: COF) — француска професионална друмскавелосипедска екипа, спонзорирана од компанија за позајмување пари, Кофидис. Започнала во 1996 година од Сирил Гимар, поранешниот менаџер на Бернар Ино, Грег Лемонд и Лорен Фињон на екипата Рено-Елф-Житан во 1980-тите години. Спонзорот на екипата била поддржана и покрај постојаните проблеми како и допинг-скандалите. Откако била дел од UCI ProTour во првите пет сезони на ProTour, додека од 2010 година настапува како професионална континентална екипа.