Алисија Фернандес
Алисија Фернандес Фрага (родена на 21 декември 1992 г., во Валдовињо) е шпанска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Р’мнику В’лча и за шпанската репрезентација.[1][2] КариераКлупска кариераФернандес ја започнала својата кариера играјќи една година како јуниор во клубот Нарон од А Коруња.[3] а потоа одиграла неколку сезони во Сагунто,[3] клуб со кои учествувала и во европските купови. Откако Сагунто се распаднал, во 2012 година таа пристигнала во Порињо каде играла две сезони,[4] а во 2014 година потпишала за Аула Културал од Ваљадолид.[5][6] Во својата прва сезона во Аула Фернандес била најдобар стрелец на клубот и втор стрелец во шпанското првенство со 169 гола или во просек по 6.5 гола по натпревар. Одличниот впечаток кој го оставила во таа сезона и носи голем чекор напред во кариерата и веќе следната сезона потпишала за шпанскиот шампион Бера Бера.[7] Во првата сезона со Бера Бера го освоила шпанското првенство, Купот на Шпанија и Лига купот на Шпанија. Во 2017 година, Фернандес потпишала за романскиот клуб Р’мнику В’лча. По слабата прва сезона на клубот, во следната Фернандес била важна алка во составот на Валча кој ги освоил титулите во романското првенство и Суперкупот на Романија. Репрезентативна кариераФернандес е член на шпанската репрезентација од 2017 година,[8][9][10] а за првпат била повикана за два пријателски натпревари одиграни во Букурешт, на 17 и 19 март 2017 година, против Романија.[11] Во 2018 година, Фернандес со шпанската репрезентација го освоила златниот медал на Средоземните игри во Тарагона.[12] Во ноември 2018, Фернандес била повикана во репрезентацијата да учествува на Европското првенство 2018. Шпанија била елиминирана во главната фаза, заземајќи го 12-тото место на првенството, а Фернандес постигнала 15 гола на турнирот. Следната година, Шпанија го освоила сребрениот медал на Светското првенство 2019 после поразот од Холандија во финалето, а Фернандес била една од најдобрите во својата репрезентација, постигнувајќи 33 гола на турнирот. Титули
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia