Анадолски леопард
Анадолски леопард (Panthera pardus tulliana) — мачка која во минатото била опишана како посебен подвид на леопард, со природно живеалиште во Анадолија (Мала Азија), Турција. Сепак, денешните таксономси анализи покажале дека овие леопарди генетски многу малку се разликуваат од останатите западно и централноазиски леопарди па поради тоа треба да бидат вклучени во подвидот персиски леопард (Panthera pardus saxicolor) [1][2]. Во моментов останува непознато дали анадолскиот леопард е сѐ уште присутен во дивината [3]. ОсобеностиВозрасните единки се долги помеѓу 0,5-1 метри. Женките тежат помеѓу 35-50 килограми, а мажјаците помеѓу 45 и 70 килограми просечно, но може да достигнат и 90 килограми. Се смета дека животниот век во дивината изнесува околу 20 години. ИсхранаВо дивината, најчест плен на леопардите се диви копитари како елени, дивокози, планински кози и повремено диви свињи. Ова животно се храни и со птици, но доколку му се пружи шанса и со домашна стока. РаспространетостВо минатото овие леопарди ги населувале шумите и ридовите на егејското и средоземното крајбрежје и регионите во источниот дел на Мала Азија. Во Израел, анадолските леопарди биле присутни до1980-тите. Во оваа држава постојат и неколку непотврдени изјави за средби со леопарди во Галилеја и Голанската висорамнина. Забележани леопардиПоследниот пат кога официјално бил забележан анадолски леопард е 1974 година. Животното било убиено откако нападнало жена во едно село, околу пет километри оддалечено од Бејпазари. Иако некои научници предлагаат дека подвидот веќе е изумрен во дивината, други спетаат дека сѐ уште постојат помеѓу 10-15 единки. Во 2001 година, леопард бил забележан во месноста Данди во близина на градот Мут на планините Тавр, во турското Средоземен регион, како и во околината на Мускили Брок на источниот брег на црното море. Во 2003 година, возрасен мажјак бил снимен на камери поставени во Националниот парк Вашловани во Грузија [4]. Во 2004 година исто така бил забележан леопард на платото Покут. Во 2002 година, тим на Big Cat Rescue (Спасување на големите мачки) трганал на експедиција на надморска висина од околу 2000 метри. Експедицијата била организирана поради фотографија на која бил сликан отисок од шепа на леопард. За време на истражувањето, тимот забележал леопард, но животното набрзина избегало пред да успеат да го сликаат. Следниот ден, тимот успеал да слика анадолски леопард, со што се потврдило неговото присуство во дивината. Сепак, се смета дека постојат само 10-15 единки во дивината. Во моментов Фондацијата за анадолскиот леопард (составена од холандски и турски истражувачи) [5], ја проучива популацијата на овој леопард со поставуање на камери-стапици на паланината Тавр. Причини за намалување на популациитеСе претпоставува дека прекумерното трофејно ловење е главниот фактор за намалување на бројноста на популациите на анадолскиот леопард. Иако леопардот во Турција станал заштитен со закон од 1978 година, сепак ова не го спречило и понатамошното нелегално убивање. Се претпоставува дека ова е поради репутацијата на леопардот која го претставува како штетник и крволочно животно, како и игнорирање на неговата значајна улога во екологијата на биосистемот[5]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia