Ана Пејчинова
![]() Ана Пејчинова — македонска поетеса, писателка, преведувач[1], блогер, хуманитарец и авантурист.[2] ЖивотописРодена 1973 г. во Скопје, Македонија. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност во 1997 г. (Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Филолошки факултет Блаже Конески), и продолжила на соодветната Катедра за компаратистика на докторски степен на Филозофскиот факултет при Карловиот Универзитет во Прага. Студиите ги завршила во 2002 г. со интердисциплинарна тема (на македонски: Кристали на несвесното или оригиналната англиска верзија: The Crystals Of The Unconscious). Паралелно со студиите, посетувала и дополнителни курсеви по обука во Системски коучинг ([Systemic Changework]), облик на психотерапевтска работа, во Прага и Варшава. Се стекнала со степен на постар коуч и имала приватна пракса во Прага 2000-2002, со поединечни клиенти и групна работа со семејни констелации за јавност. ![]() Во 2002 г., се враќа во Македонија. После серија на краткорочни ангажмани во културата и проектниот менаџмент, на кратко беше ангажирана од УНДП во Скопје. Веднаш добила и понуда да работи за Мисијата на асистенција на Обединетите Нации во Авганистан (United Nations Assistance Mission to Afghanistan). Работела таму седум месеци како Провинциски офицер за граѓанско образование на Претседателските избори на земјата. По изборите, е регрутирана од ИОМ (International Organization for Migration) како Шеф на гласачко образование за Ирачките избори за дијаспората во Канцеларијата во Копенхаген, Данска. По ирачките избори, се враќа во Авганистан со УНОПС (United Nations Office for Project Services) како Регионален офицер за граѓанско образование за Парламентарните избори на земјата. После толку интересни искуства, решава да студира пак, втор факултет, овој пат магистерски студии од Политички науки. Во 2006-та, се стекнува со титулата магистер на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта (CEU), дел од мрежата на Институтот Отворено општество - Фондација Сорос, како најдобар студент на класата со награда за исклучителни академски остварувања. Тезата, не е чудо, ѝ беше, Авганистан: Создавање на демократија на војсководци. 2007: Лашкар Гах, Хелменд, вработена во Кемоникс (Chemonics), приватна развојна фирма, главен субконтрактор на УСАИД во земјата. Проект: Програма за алтернативен развој - Јужен регион на Авганистан. 2008: Багдад, Ирак. Работи за Групата Луи Берџер (Louis Berger Group) како специјалист за извештаи и комуникации, при проектот Инма - развој на агрибизнис на УСАИД. БиблиографијаАвгански дневници. Едиција: Блог-записи. Скопје: Издавачка куќа Аквариус пет (март 2008) [3] Четирите Зои. Превод на еп од Вилијам Блејк. Скопје: КММ (април 2007)
Преводи на авторска поезија на други јазици со онлајн едицииполски: Krasnogruda No. 11;The Borderland Foundation Преводи на делаПреводот на Четирите Зои на Вилијам Блејк е првото печатено дело од областа на книжевноста заштитено според Лиценцата на Споделбено добро - (Creative Commons License), 'некои права се заштитени.' Во име на промоција на принципот на Отворен пристап (ОП) кон дела од областа на науката, образованието и културата, Предговорот на печатената книга содржи појаснување за новиот тип на заштита на авторски права и врска до бесплатната онлајн верзија на овој еп.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia