Блог-записиОваа страница е за изданието книги на блог-автори. За друго значење, видете Блог
![]() Блог-записи претставува книжевно издание од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1] Авторите се некои од најпопуларните блогери кои ја користат македонската блог платформа „Блогерај“. Во книгите именувани според некои интересни фрази на авторите, се поместени најатрактивните текстови кои ги објавиле блогерите на интернет.[2] Издадени книгиСите 14 книги се во Б6 формат, а нивната содржина се простира на 60-120 страници.[1]
ПромоцијаПромоцијата на изданието е одржано на 28 март 2008 во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“.[2] Настанот го отворил директорот на библиотеката Филип Петровски, додека свое видување за случувањето дале уредникот на „Блогерај“, Сашо Мацановски-Трендо и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми. Глумицата Јелена Мијатовиќ прочитала избрани постови од сите 14 блогери, за публиката да се запознае со стилот кој го негува секој од нив. Постовите на блогерите се во форма на раскази, лични видувања на разни теми, патописи и прозни дела.[1] Посетеноста на настанот била голема; биле изложени повеќе копии од книгите на блогерите, кои оттука можеле да се купат по цена од 100 денари.[1] КритикаИздавањето на печатените изданија на македонските блогери ја отворила кај медиумските проследувачи дамнешната дилема за доволноста на блогот сам по себе како начин на комуникација наспроти потребата од традиционално книшко издание како валоризација, сметајќи дека последното е апсурдно.[3] „Не е новина да се објавува паралелно и на Интернет и на хартија, веројатно поради поголемата достапност. Потребата да се објават блог-записите во печатена форма е, мислам, само резултат на желбата за поголема достапност на тоа што го пишуваат блогерите. Интернетот, во принцип, нуди поголема достапност, но во Македонија, сепак, 70 отсто од населението не користи интернет од различни причини“ – вели Филип Стојановски од „Метаморфозис“, фондацијата за унапредување на информатичкото општество. Според него, дури и блиски пријатели и роднини на блогерите не можат да видат што пишуваат тие, бидејќи корисниците во основа претпочитаат хартија наместо компјутерски екран.[3] Според Сашо Мацановски – Трендо, главен уредник на блог-платформата „Блогерај“, „Ова не е пораз ниту на блогот, ниту на хартијата. Мене ми се допадна идејата бидејќи сакам вакви богохулни мешања на работите. Убаво ќе биде да се види како функционираат овие текстови на хартија“.[2] Тој исто така додава: „Природата на блоговите е поинаква од онаа на книгите, тука постои можност за вмрежување на коментари, а силата на блоговите е токму во непосредноста на интеракцијата со публиката, со читателите. Вака, во печатена форма, тие се закостени, еднаш за секогаш дадени.“ [2] Дневниот весник Нова Македонија во случајот согледува и предности и недостатоци. Предноста на е-издаваштвото е што текстот може да биде пребаруван, зазема малку простор, може да се чита на слабо светло, па и во тотален марк, брзо се копира, ниска е цената на дистрибуција, економски и еколошки е прифатливо бидејќи се смалува потрошувачката на хартија и мастило, а и не се троши со текот на времето. Главен недостаток е што многу корисници претпочитаат хартија наместо компјутерски екран. Предноста на печатената книга, пак, е што може да се чита на различни места, робусна е и издржлива, не бара извор на струја, има поголема колекционерска вредност (на пример први изданија, потпишани книги).[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia