Ангеле Крстески

Ангеле Миладинов Крстески ( 1924 во Србјани1944 во Клиново) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Роден е во земјоделско семејство. Определен за борба против окупаторот, се вклучил во воспитните групи, а во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ. Во есента 1943 година, тој доброволно заминал како партизан во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во егејскиот дел на Македонија, во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, се нашол отцепен од Бригадата со повеќе свои другари кои наишле на бугарски заседи кај селото Клиново на Црна Река. Таму бил смртно погоден од фашистички куршум, во февруари 1944 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 75.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya