Англиски јазици
Англиски или англијански јазици (англиски: Anglic или Anglian) (од лат. Anglicus со истото значење) — ретко употребуван израз за јазиците познати како Englishes, како да речеме т.н. World Englishes (светски англиски јазици) или New Englishes (нови англиски јазици), се смета за помалку англоцентричен општ поим отколку само англиски за варијантите кои водат потекло од староанглискиот јазик. Изразот често се користи кога се имплицира дека варијантите како шкотскиот се засебни јазици, а не дијалекти на англискиот. Англиски јазициОд погоре кажаното доаѓа концептот „Англиски“ или „Англијански“ јазици (Anglic languages, Anglian languages), еден од двата ограноци на англофризиските јазици, кои самите се огранок од западногерманските јазици. Англиски јазици се староанглискиот и неговите потомци. Семејната лоза е:
Друга употребаЗборот Anglic се однесува и на англијанските дијалекти на староанглискиот јазик, имено Нортамбрискиот и Мерсискиот. Anglic е и помеѓународен начин на пишување на англискиот јазик заради пристапност до меѓународната јавност. Измислен е во 1930 од шведскиот филолог Р. Е. Цакрисон. Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia