Германски јазици
Германски јазици — јазична група, дел од семејството на индоевропски јазици. Германските јазици се зборуваат од над 500 милиони луѓе. Германските јазици се зборуваат во Западна, Северна и Централна Европа, како и во Америка и Океанија. Во групата на западногермански јазици спаѓаат трите најзборувани германски јазици: англиски со околу 360–400 милиони говорници;[1][nb 1] германски, со над 100 милиони говорници;[2] и холандски, со 24 милиони говорници. Други западногермански јазици се африканс, настанат од холандскиот кој го зборуваат Африканерите во Јужна Африка, со над 7.1 милиони говорници;[3] долногерманскиот, кој се смета за засебна група на нестандардизирани дијалекти, со околу 4.35–7.15 милиони говорници и околу 6.7–10 милиони луѓе кои можат да го разберат[4][5][6] (околу 2.2 милиони во Германија (2016)[5] и 2.15 милиони во Холандија (2003));[7][4] јидиш, зборуван од околу 13 милиони Евреи пред Втората светска војна во Европа,[8] а денес со околу 1.5 милиони говорници; шкотски, со 1.5 милиони говорници; лимбуршки со приближно 1.3 милиони говорници долж холандско–белгиско–германската граница; и фризискиот со околу 500,000 говорници во Холандија и Германија. Најголеми северногермански јазици се шведскиот, данскиот и норвешкиот, кои се делумно меѓусебно разбирливи и заедно имаат околу 20 милиони говорници во нордиските земји и дополнително уште пет милиони говорници како втор јазик; во Средниот век овие јазици биле под силно влијание на среднодолногерманскиот јазик, кој спаѓа во групата на западногермански јазици, и според различни проценки околу 30–60% од нивниот вокабулар има долногерманско потекло. Други јазици во оваа група се фарскиот, исландскиот и елфдалскиот, кои се поконзервативни и без значајно влијание од долногерманскиот, имаат посложена граматика и ограничена меѓусебна разбирливост со другите северногермански јазици.[9] Во групата на источногермански јазици спаѓаат готскиот, бургундскиот и вандалскиот јазик, од кои сите се изумрени. Последен изумрел кримско-готскиот јазик, кој бил зборуван до крајот на 18ти век во некои изолирани подрачја на Крим.[10] Германски јазици
Симбол: † - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови. КласификацијаСтатусАнглискиот е службен јазик во Белиз, Канада, Фолклендски Острови, Нов Зеланд, Јужна Африка, Филипини, Порторико, Гуам и поранешните колонии на Британија во Азија, Африка и Океанија. Де факто јазикот е службен во САД, Велика Британија и Австралија. Германскиот е службен во Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн. Иако Германија имала колонии, јазикот не станал доминантен во тие области, како што е примерот во Намибија. Германскиот има одреден степен на официјализирање во Луксембург, Белгија, Италија, Полска и Данска. Третиот најголем германски јазик е холандскиот. Тој е службен во Холандија, Аруба, Белгија, Курасао, Свети Мартин и Суринам. Шведскиот е службен во Шведска и Финска. Останатите германски јазици се официјални само во своите матични држави. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia