Андре Онана
Андре Онана (роден на 4 април 1996 година, во Нкол Нгок) — камерунски фудбалер, голман на Манчестер Јунајтед и на камерунската репрезентација. БиографијаТој е братучед на Фабрис Ондоа, кој исто така е голман.[5][6] Клупска кариераПочетоци и БарселонаОнана ги направил своите први фудбалски чекори во Камерун, во Академијата на Самјуел Ето, фудбалска школа на истоимениот фудбалер.[7][8] Во 2010 година, тој дошол во Барселона, каде бил вклучен во нивниот младински сектор.[7] Ајакс![]() На 14 јануари 2015 година, Онана се договорил со Ајакс за трансфер во овој холандски клуб, кој го приклучил во нивниот резервен тим, познат под името Јонг Ајакс;[9] тој потпишал договор со Ајакс до 2018 година, а надоместот кој клубот го платил изнесувал 150.000 евра.[10] Своето деби за Јонг Ајакс во Ерсте дивиси, Онана го имал веќе следниот месец.[3] За првиот тим дебитирал на 20 август 2016 година, во натпреварот од првенството против Вилем II.[11] По продажбата на Јаспер Силесен во Барселона во летото 2016 година, тој станал прв голман на клубот.[12] Во сезоната 2018-2019, тој бил протагонист во составот на Ајакс кој ги освоил првенството и националниот куп, и дал свој придонес за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.[10] На почетокот на следната сезона, тој го освоил Суперкупот на Холандија, после победата над ПСВ со 2-0. Во сезоната 2020-2021, тој освоил уште една првенствена титула и уште еден куп, иако играл само до крајот на јануари. На 5 февруари 2021 година, всушност, тој бил суспендиран на една година од УЕФА затоа што бил позитивен на фуросемид, по еден анти-допинг тест извршен на 30 октомври 2020 година. Играчот се правдал дека несвесно ја земал забранетата супстанца земајќи лек што и бил препишан на неговата сопруга од здравствени причини.[13] УЕФА ја признала неговата добра волја, но ја истакнала небрежноста направена со неуспехот да се утврдат можните ризици кои произлегуваат од земањето на лекот.[14] На 10 јуни, КАС ја намалил суспензијата на Онана на девет месеци.[15] По отслужувањето на казната, тој се вратил на терените на 24 ноември 2021 година во натпреварот од Лигата на шампионите против Бешикташ.[16] ИнтерМанчестер ЈунајтедНа 20 јули 2023, Онана потпишал петгодишен договор со Манчестер Јунајтед,[17][18] во трансфер вреден 52,5 милиони евра плус 5 милиони во бонуси.[19] Репрезентативна кариераТој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 6 септември 2016 година, во пријателски натпревар против Габон.[20] Во 2017 година, тој учествувал на Купот на конфедерации 2017 во Русија, каде што Камерун бил елиминиран во групната фаза. Во меѓувреме, откако станал прв голман на Нескротливите лавови, во 2019 година бил повикан во репрезентацијата да учествува на Африканскиот куп на нации 2019 во Египет. Онана ги одиграл трите натпревари во групната фаза како и осминафиналната пресметка во која Камерун загубил со 3-2 од Нигерија и бил елиминиран од турнирот. Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 15 декември 2021.
ТитулиКлупски
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia