Карлос Енрике Каземиро (роден на 23 февруари 1992), познат само како Каземиро, е бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и на бразилската репрезентација.
Тој ја започнал кариерата во Саун Пауло, каде што и се формирал како играч, постигнувајќи 11 голови на 112 официјални натпревари. Успешните настапи во бразилското првенство, го преселиле во шпанскиот гигант Реал Мадрид во 2013 година, но исто така, тој поминал една сезона на позајмица во Порто.
Неговата репрезентативна кариера започнала во 2011 година, а како дел од бразилската репрезентација бил во составот на Копа Америка во 2015, 2016 и 2019, како и за Светското првенство 2018.
Наводи
Надворешни врски