Бруно Фернандеш
Бруно Мигел Боржеш Фернандеш (8 септември 1994, во Маија) – португалски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и на португалската репрезентација. Признат како еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот на своето време, се истакнува по својата креативност, диктирање на темпото на игра, шут и изведување пенали. Роден во Португалија, Фернандеш ја започнал својата професионална кариера во италијанската Серија Б, со екипата на Новара, но набрзо стигнал до Серија А кога потпишал за Удинезе во 2013 година, за три години подоцна, една сезона да го носи дресот и на Сампдорија. По пет години во Италија, тој се вратил во родната земја каде потпишал со Спортинг Лисабон во 2017 година. Со нив, тој освоил два Лига купа едноподруго во 2018 и 2019, како и Купот на Португалија, додека на лично ниво бил избран во Тимот на годината на Примеира лигата и бил прогласен за Играч на годината во Примеира лигата во две сезони по ред. Во сезоната 2018–2019, тој постигнал рекорд од 33 гола во сите натпреварувања, што го направило играч од средниот ред во Европа со најмногу постигнати голови во една сезона. Во јануари 2020 година, Фернандеш потпишал за Манчестер Јунајтед за 55 милиони евра. За португалската репрезентација дебитирал во 2017 година. Учествувал на две Светски првенства во 2018 и 2022 и на две Европски првенства во 2020 и 2024. БиографијаФернандеш е роден во Маија, Метрополитенската област Порто. Уште во детството многу го засакал фудбалот и бил навивач на Боавишта и Манчестер Јунајтед.[1] Како дете, Фернандеш играл фудбал на улица со својот постар брат Рикардо, кој исто така бил професионален фудбалер.[2] Неговиот татко, кој емигрирал во Швајцарија, сакал Фернандеш да се пресели со него, но тој одбил, поради стандардот на швајцарскиот фудбал во тоа време.[3][4] Кога Фернандеш се преселил во Италија на 18-годишна возраст за да се приклучи на Новара, таму му се придружила саканата од детството Ана Пињо; тие се венчале во 2015 година. Двојката има ќерка по име Матилде (родена на 30 јануари 2017 година) и син по име Гонсало (роден на 6 септември 2020 година).[3] Клупска кариераПочетоци и рана кариераФернандеш ја започнал својата фудбалска кариера во локалниот клуб Инфеста. Растејќи, на Фернандеш му бил понуден младински договор во академијата на Порто, но наместо тоа тој отишол во локалните ривали Боавишта, кои му понудиле превоз за доаѓање на тренинг, бидејќи неговите родители не можеле да го носат во Порто секој ден.[3] Фернандеш го поминал најголемиот дел од својата младинска кариера во Боавишта, почнувајќи како централен дефанзивец, пред да биде претворен во офанзивен играч за врска на 15-годишна возраст, по позајмица во Пастелеира.[3][4] НовараНа 27 август 2012 година, малку пред неговиот 18-ти роденден, тој се преселил во екипата на Новара во Италија за обесштетување од 400.000 евра.[5] Неговото деби во професионалниот фудбал, го направил на 3 ноември 2012 година, во поразот со 1-0 од Читадела во Серија Б. Првично Фернандеш се мачел да се прилагоди на својот нов живот во Италија, страдал од носталгија, а исто така имал и проблеми да го научи италијанскиот јазик. Откако неговата девојка се преселила во Италија, Фернандеш брзо го научил јазикот и почнал да се адаптира на земјата, добивајќи го прекарот „Марадона од Новара“ и „Мини Руи Кошта“.[4] Својот прв гол го постигнал на 22 февруари 2013 година против Специја. Тој постигнал уште 3 гола во текот на неговата прва сезона, завршувајќи со 23 настапи и 4 гола во првенството и плејофот, во кој сепак Новара не успеала да избори промоција во Серија А УдинезеВо летото 2013 година, тој бил продаден со договор за ко-сопственост на Удинезе во Серија А.[6] Со „фриулијците“ тој го направил своето деби во Серија А на 3 ноември 2013 година, во домашниот натпревар против Интер, загубен со 3-0. На 7 декември, го постигнал својот прв гол во Серија А во ремито 3-3 на гостувањето против Наполи. На 30 јануари 2014 година, Удинезе одлучил да ја откупи и втората половина од неговиот договор за сума од 2 милиони евра.[7] Тој постигнал уште 3 гола за време на Серија А 2013-2014, со што неговата статистика достигнала 4 гола на 28 натпревари вкупно во првенството и Купот на Италија. Следната сезона, тој не можел да најде многу простор во почетната постава и ја затворил својата втора сезона на Фриули со 4 гола во вкупно 34 настапи. Сезоната 2015-2016, ја завршил со 33 настапи вкупно во Серија А и Купот на Италија, во кои постигнал 3 гола.[8] Два од трите негови гола во оваа сезона Фернандеш ги постигнал на 3 април 2016, во победата со 3-1 над Наполи - еден од двата конкуренти за титулата заедно со Јувентус - во 31-вото коло на Серија А, кога најпрво реализирал пенал за водство на Удинезе од 1-0, а потоа во судиското продолжение од првото полувреме повторно ги донел црно-белите во водство со прекрасен гол со "ножички" од работ на шеснаесеттникот сместувајќи ја топката во празниот гол на Наполи.[9] СампдоријаНа 16 август 2016 година, тој се преселил во Сампдорија на позајмица (од 1 милион евра) со обврска за откуп од 6 милиони евра, каде што избрал да го носи дресот со број 10.[10][11] На 28 август, тој го направил своето деби за Сампдорија, влегувајќи како замена за време на натпреварот против Аталанта на домашен терен добиен со 2-1.[12] На 26 септември 2016, тој го постигнал својот прв гол за блучеркjатите на гостувањето кај Каљари, во поразот на неговиот тим со 2-1.[13] Вториот гол го постигнал на 2 октомври истата година, во ремито 1-1 на домашен терен против Палермо.[14] Тој се изборил за место во почетниот тим по градското дербито во кое Сампдорија била поуспешна од Џенова со 2-1 и го постигнал својот трет гол за сезоната на гостувањето кај Кротоне во натпреварот што завршил 1-1.[15] На 4 март 2017 година, тој постигнал гол во натпреварот Сампдорија-Пескара 3-1, во 27-то коло од првенството, додека последниот петти гол за сезоната во Серија А го постигнал околу еден месец подоцна, на 9 април, во ремието 2-2 на домашен терен со Фјорентина. Сезоната во Серија А ја завршил со 33 настапи и 5 гола, помагајќи му на клубот да заврши во горниот дел на табелата; покрај тоа забележал два настапи и во Купот на Италија, каде Сампдорија била елиминирана во осминафиналето од Рома. Спортинг ЛисабонНа 27 јуни 2017 година, по враќањето од Европското првенство за играчи до 21 година, Фернандеш му се приклучил на Спортинг Лисабон потпишувајќи петгодишен договор, во трансфер вреден 8,5 милиони евра плус бонуси.[16] На 6 август, Фернандеш го направил своето деби за клубот во победата на домашен терен со 2–0 против Авеш.[17] Тој постигнал четири гола во неговите први пет натпревари во Примеира лига, вклучително и погодокот во победата со 5–0 на гости против Виторија Гимараеш.[18][19] На 12 септември, Фернандеш дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот од групната фаза против Олимпијакос, во кои ги довел гостите во предност од 3–0 во 43-тата минута, за на крајот Спортинг да слави во тој натпревар со 3-2.[20] Тој ја завршил својата прва сезона со лавовите со 16 гола во сите натпреварувања, бил втор стрелец на тимот зад Бас Дост и дал 20 асистенции, статистика која му донела две престижни награди: бил избран во Тимот на годината на Примеира лигата како и за Играч на годината во Примеира лигата.[21] и покрај фактот што Спортинг го завршил првенството на третото место зад главните ривали Порто и Бенфика. На 15 мај 2018 година, Фернандеш и неколку негови соиграчи, вклучително и тренерите, бил повредени по нападот од околу 50 приврзаници на Спортинг на тренинг на клубот, незадоволни од тоа што клубот завршил на третото место во лигата и испуштил пласман во Лигата на шампионите.[22][23] И покрај настаните, тимот се согласил да игра во финалето на Купот на Португалија закажан за следниот викенд,[24] во кое подоцна загубиле од Авеш.[25] Четири дена подоцна, тој потпишал нов петгодишен договор со Спортинг со подобрена плата и ослободителна клаузула од 100 милиони евра,[26] менувајќи ја својата првобитна одлука да го напушти клубот незадоволен од заминувањето на претседателот Бруно де Карваљо.[27] Манчестер ЈунајтедНа 29 јануари 2020 година, Фернандеш потпишал за Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 55 милиони евра плус 25 милиони евра бонуси.[28] Трансферот бил потврден следниот ден, кога Фернандеш потпишал на пет ипол години.[29] Своето деби со црвените ѓаволи го имал на 1 февруари, играјќи ги сите 90 минути во ремито без голови на домашен терен против Вулверхемптон Вондерерс.[30] ТитулиКлупски
РепрезентацијаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia