Антиподски Острови
Архипелагот се состои од еден главен остров, Антиподски Остров (20 км2), Волонсовиот Остров (2 км2) северно, и разни други островчиња и карпести столбови како Приветрениот Остров, Заветрениот Остров и островот Арчвеј. Највисока точка е Галовеј 366 m, кој претставува дел од најактивниот вулкан на архипелагот[2] Еколошки, островите му припаѓаат на екорегионот Антиподска подантарктичка островска тундра. Овие острови се прогласени за Светско наследство од УНЕСКО, заедно со останатите новозеландски Подантарктички Острови. Архипелагот е и природен резерват каде што јавноста нема општ пристап. Флора и фаунаНа островите живеат разни видови птици, меѓу кои и ендемските видови антиподска бекасина, антиподски папагал-скокач и антиподски албатрос. На Антиподите живеат и половина од гривестите пингвини на светот. Флората на островите е подробно евидентирана, и тука спаѓаат некои видови растенија што се сметаат за мегабилки. Поврзано
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia