Антониа Гиговска
Антониа Гиговска (родена на 21 јануари 2001, во Скопје) — македонска поп-пејачка. Нејзин музички ментор била професорката Ана Костадиновска. Во текот на 2015 и 2016 учествувала во шоуто Пинкови ѕвездички каде го освоила 7-то место. Во 2018 учествувала на романскиот натпревар "Златен Елен" каде го освоила второто место. Нејзината песна "Невреме[1]" како нејзин прв сингл се најде на 'trending' списокот на Youtube. Победила на Макфест 2018 со песната "Никогаш не вели никогаш".[2] Истата година била избрана за придружен вокал на групата Eye Cue која ја претставувала Македонија на Евровизија 2018. Следат бројни хитови, од кои што најголем успех постигнува со песната "Mogli smo u dvoje" која што беше број 1 хит во Србија на радио станиците. Песната "Ванила[3]" дует со Панчо од ДНК, "Крива сум[4]" која што беше номинирана за најдобар спот од Македонија, Таа исто така, била придружен вокал и на Тамара Тодевска на Евровизија 2019, каде Македонија го остварила најдобриот пласман досега на 7 место. Антониа Гиговска ја објави првата епизода од "Акустичните верзии" на нејзините хитови "Mogli smo u dvoje[5]", а ги најави и Никогаш не вели[2] никогаш и Крива [4] сум. ДискографијаАлбумиСпотови
Надворешни врски
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia