Пинкови ѕвездички
Пинкови ѕвездички е српско музичко натпреварување во организација на РТВ Пинк за деца до 15 година. Освен од Србија, во натпреварувањето учествуваат натпреварувачи и од останатите земји во регионот како Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Бугарија. Стручното жири во натпреварувањето го сочинуваат: Гоца Тржан, Милан Станковиќ, Наташа Беквалац, Кристина Коцкар и Леонтина Вукомановиќ. Водители на оваа емисија се Маријана Миќиќ и Ана Михајловски.[1][2] Стручно жири
СезониПрва сезонаПрвата сезона на Пинкови ѕвездички се одржала во текот на 2014 и 2015 година. Финалето се одржало на 4 јули 2015 во Шимановци. Завршен пласман на натпреварувачите со просечна оцена од жирито:
Победничка на првата сезона е Марија Сердар.[3] Втора сезонаВтората сезона се одржала во текот на 2015 и 2016 година. Финалето било одржано на 3 јули 2016 во Шимановци. После првите неколку емисии во оваа сезона, Хари Мата Хари го менувале пејачот на групата Lexington Band Бојан Васковиќ и пејачот на Тропико бенд Александар Сале Цветковиќ (Сале Тропико) па потоа Хари повторно се вратил. Потоа Гоца Тржан во неколку емисии ја менувала победничката на Пинкови ѕвездички од првата сезона Марија Сердар, но подоцна Гоца се вратила. Сале бил во жирито и во суперфиналето исто така на местото на Гоца.
Победник на втората сезона е Марко Бошњак.[4] Трета сезонаТретата сезона на Пинковите ѕвездички се одржувала во текот на 2016 и 2017 година. Финалето се одржало на 7 јули 2017 во Шимановци. Во оваа сезона бил променет еден дел од почетниот состав на стручното жири. Милан Станковиќ и Хари Мата Хари ги напуштиле судиските столици и на нивните места како нови членови на жирито дошле Сале Тропико и Сергеј Ќетковиќ. Поради американската турнеја на Тропико бенд, Сале одредено време го менувал Милан Станковиќ, но подоцна тој повторно се вратил. Подоцна Милан кратко ја менувал и Гоца Тржан, па се Гоца вратила. Сале Тропико потоа повторно бил отсутен заради работни обврски а за тоа време го менувале пејачот на групата Пилоти Кики Лесендриќ како и Александра Радовиќ, а потоа и Огњен Амиџиќ. Победник на третата сезона е Роко Блажевиќ. Четврта сезонаПетта сезона (All Stars)Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia