Антрополошка лингвистика

Антрополошката лингвистика — гранка на лингвистиката која го проучува односот на јазикот со културата и односот меѓу човековата биологија, когницијата и јазикот. Ова е слично со лингвистичката антропологија, која пак е гранка на антропологијата која го проучува човекот преку јазикот.

Полиња

Антрополошката лингвистика е поврзана со:

  • описна лингвистика: опишување дијалекти и говори (јазикот се опишува на секое ниво, односно на фонетско, фонолошко, морфолошко, синтаксно, семантичко и прагматично).
  • историска лингвистика: опис на промените кои настанеле во дијалектот или говорот.
  • етнолингвистика: анализирање на односот меѓу културата, мислата и јазикот.
  • социолингвистика: анализирање на социјалните функции на јазикот.

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya