Споредбена лингвистика
Споредбена лингвистика или позната и како компаративна филологија — дел од историската лингвистика и се занимава со споредување на јазици за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани преку позајмување на зборови и преку генетската поврзаност помеѓу јазиците. Генетската поврзаност означува еден стар заеднички јазик од кој произлегле повеќе останати јазици. Споредбената лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, потоа го реконструира заедничкиот јазик за да се добие јасна слика на промените што настанеле при развојот на другите јазици. МетодологијаОсновната техника на споредбената лингвистика е споредувањето на фонолошките, морфолошките, синтаксните и лексичките системи на два или повеќе јазика со употреба на методи како што е споредбениот метод. Во принцип, секоја разлика меѓу два сродни јазика треба да биде објаснета на високо ниво, а систематските промени (на пример на фонолошко или морфолошко ниво), се очекува да бидат правилни односно постојани. Сепак, споредбата може да биде поограничена, на пример само на морфолошките системи. Кај одредени методи можно е да се реконструира и одреден прајазик. Иако прајазиците се хипотетски, реконструкцијата може да има предвидлива моќ. Поврзани дисциплиниПостојат и други полиња на лингвистиката кои вклучуваат споредување на јазици, кои сепак не се дел од спредбената лингвистика:
Литература
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia