Графемика
Графемика или графематика — јазична дисциплина која се занимава со проучување на системите за пишување и нивните основни единици - графемите. ТерминологијаНа почетокот од развојот на оваа јазична дисциплина, Игнас Гелб го создал терминот граматологија, но подоцна името било променето во графологија[1] за да одговара со зборот фонологија, но сепак името се користи за квазинаучни тези. Понатака, некои го предложиле терминот фонемика или фонематика, но тие не се стекнале со поширока употреба и терминот графемика почнал да се користи. ОсобеностиГрафемиката ги проучува одликите на пишаните текстови во одредени јазици и нивните кореспонденти во говорниот јазик. Една поголема задача е описната анализа на имплицитните правописни правила (графотактика) за да се создадат експлицитни правила (правопис) кои можат да се користат за образованието или во сметачката лингвистика. Како што фонемите се основни единици во фонологијата, така графемите се основни единици во графемиката. Различни научни школи ги дефинираат графемите различно. Спротивно на графемиката е графетиката, која се занимава со материјалите и ги вклучува палеографијата, типографијата и графологијата. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia