Округот го вклучува јужниот тек на реката Хафел и северните делови на Флеминг (пошумен ридски масив). Постојат три природни паркови во округот: Природен парк Горен Флеминг, Природен парк Нуте-Ниплиц и Природен парк Западен Хафеланд.
Историја
Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Белциг, Бранденбург-Ланд и Потсдам-Ланд.
Грб
Грбот е поделен на четири полиња. Горниот лев дел прикажува црвен орел како симбол на Бранденбург. Трите дабови листови во горниот десен дел ги симболизираат дабовите шуми, но исто така и трите претходни окрузи, кои биле споени за да го создадат денешниов. Во долниот десен дел се два бискупски клучеви, кои ја претставуваат бискупијата Бранденбург. Црно-златните ленти во долниот лев дел се симбол на Саксонија и симболизираат дека областа околу Белциг, Брик, Визенбург и Нимегк припаѓала на Саксонија до 1815.
Градови и општини
Историската зграда на окружната администрација во Белциг